Бесплатните учебници не ги чекаат учениците, иако почна новата учебна година. За 236 предмети во средно тие не се испорачани, а за други 220 предмети исто така ќе нема учебници, но тие се изработени и треба да се печатат. Се чини дека нивното снабдување ќе биде понеорганизирано поради тоа што имаше многу забелешки за квалитетот. Иако министерството најави дека ревизијата ќе заврши во рок од 30 дена, многумнина сметаат дека ова е невозможно, зашто не може да се претпостави колку време ќе им треба на новите ревизорски тимови, зашто тоа зависи од тоа какви грешки ќе бидат пронајдени. Според многумина родители и ученици ревизијата на Министерството за образование е задоцнета:
„Во пет до дванаесет се решава тоа во државава. Секоја година исто, минатата година препишуваа децата од петто одделение, така што не се случува ова прв пат и не изненадува.“
„Лани на прва година не им ги дадоа книгите, мораше да се купат, а сега ќе видиме како ќе биде.“
Ревизијата следи по случајното откривање на грешки на учебникот по Општество, што предизвика реакции за постапката на правење учебници во земјата. Освен што учебниците не се испорачани не се решени ниту проблемите кои се однесуваа на кадарот.
„Започнува сличен процес како што се случуваше минатиот август кога наставници добиваа отказни решенија само затоа што не биле партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ. Сега се случува истиот процес“, вели Славица Грковска од СДСМ.
Подолго време е присутен и проблемот со компјутерите. Инфрастрктурата е недоволна, а санитарните јазли претставуваат закана за здравјето во некои од училиштата со акцент на селските средини. Но, од министерството велат дека во изминатиот четири годишен период во образовната инфраструктура е инвестирана една милијарда и 500 милиони денари за разлика од претходните четири години кога биле инвестирани 500 милиони. Инаку, министерот за образование Никола Тодоров вчера изјави дека досега се отпечатени околу 80 учебници за средно образование и оти се очекува најдоцна до крајот на септември да бидат готови сите 300 планирани учебници.
Но, има и други непознаници. Овој септември својата врата не ја отвори и училиште во Прилепско. Заради промена на името, 40-тина ученици ја бојкотираат наставата, а претставник од министерството немаше ниту денеска:
„Доколку не се дојде до промена на името, бараме нашето училиште да биде под подрачната единица Ѓорче Петров во Ропотово, затоа што нашите деца од 5 до 8 одделение учат во Ропотово.“
Наместо Петре Глигуроски како што со децении бил називот на училиштето во кое учат 40-ина ученици од прво до 4-то одделение, на крајот на првото полугодие името на училиштето било сменето во Исмаил Ќемали. Мештаните се незадоволни зашто никој не сака со месеци да ги слушне нивните реакции.
Во 12:05 се решава тоа во државава. Секоја година исто, минатата година препишуваа децата од петто одделение, така што не се случува ова прв пат и не изненадува.
„Во пет до дванаесет се решава тоа во државава. Секоја година исто, минатата година препишуваа децата од петто одделение, така што не се случува ова прв пат и не изненадува.“
„Лани на прва година не им ги дадоа книгите, мораше да се купат, а сега ќе видиме како ќе биде.“
Ревизијата следи по случајното откривање на грешки на учебникот по Општество, што предизвика реакции за постапката на правење учебници во земјата. Освен што учебниците не се испорачани не се решени ниту проблемите кои се однесуваа на кадарот.
Започнува сличен процес како што се случуваше минатиот август кога наставници добиваа отказни решенија само затоа што не биле партиски членови на ВМРО ДПМНЕ. Сега се случува истиот
процес.