Господине Тодоров, меѓународната заедница со оценка дека во образовниот систем се уште не се пребродени меѓуетничките односи. Се согласувате ли со овие забелешки?
Ја разбирам нивната поента и се согласуваме. Заради тоа заедно со ОБСЕ во владата работиме на стратегијата за интегрирано образование кое што е во завршна фаза на усогласување и се надевам дека во наредниот период ќе биде усвоена како владината стратегија за интегрирано образование, што ќе биде еден чекор плус за подобрување на оваа состојбата за интегрирано образование.
Имаме подолг период проблем околу изучувањето на албанскиот и македонскиот јазик во образовниот систем. Зошто се дигна толкава врева?
Одлуката за воведувањето на македонскиот јазик мислам дека беше благородна одлука со која требаше нешто да се овозможи нешто да се даде, а не некому да му се одземе или да се ускрати некое право. За жал беше дочекана или можеби повеќе искористена во некои политички цели. На крај заврши со одлуката на Уставниот суд. Таа одлука ние ќе ја респектираме, меѓутоа не се откажуваме од идејата и ќе бараме начин како тоа да го имплементираме во образаовниот систем и оваа верзија во која што сега ја дискутираме со ОБСЕ ги прилагодуваме сите работи на моменталната политичка состојба во Македонија и мислам дека ќе најдеме решение за овој проблем.
Кога дефинитивно ќе се знае од која ќе се почне со изучувањето на албанскиот и македонскиот јазик?
Се уште нема дефинитивна одлуката за тоа. Јас како министер имав донесено одлука за воведување на македонскиот јазик до прво оделение. Знаете дека тоа заврши со одлука на Уставниот суд со кое беше укинато моето решение. Тоа значи дека оваа одлука треба да се донесе на некое друго ниво и веројатно оваа одлука треба да ја донесе Собранието на Македонија.
Влеговте во битка со приватните и државните универзитети, ве критикуваат дека фаворизирате колеџи на сметка на други, каде што го доусовршувате вашето образование?
Јас сум и претходно запишан на тие постдипломски студии и имајќи предвид дека сегашната функција не ми дозволува да се посветам на две работи паралелно, тоа ми е целосно запоставено и искрено да ви кажам незнам дали и сеуште се водам како постдипломец на тој универзитет.
Дали владата со партиципацијата и укинувањето на дисперзираните студии сака да ја намали конкуренцијата и да ги потисне условно кажано да ги потисне приватните универзитети?
Јас како министер не смееам да правам разлика помеѓу јавни и приватни универзитети. Во тој дел мислам дека треба да имаме исти аршин кон сите. Меѓутоа со намалувањето на партиципацијата очекувам да добиеме уште поголемо ниво на матуранти кои што одлучиле да да го продолжат своето образование на универзитетите. Целта наша е целосно да ја промениме структурата на образование во Македонија. Стојам целосно зад оваа изјава - Македонија има исклучително неповолна образовна структура. Согласно пописот ние имаме 51 процент од населението во Македонија со основно или незавршено основно образование и обратно само 7 или 8 проценти од граѓаните во Македонија, тука ги вклучувам и пензионерите, се со високо образование. Оваа образовна структура директно влијае на структурата на невработеност, а тоа пак директно влијае и на нашата економска ситуација во земјата.