Студијата што неодамна ја промовираше детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) , а се однесува на мултикултурализам и меѓуетнички односи во образованието во земјата, покажува дека и понатаму постои раздвојување во училиштата на етничка основа. Студијата покажува дека интеракцијата меѓу двете најголеми етнички групи во училиштата е ограничена и дека секоја група цврсто се држи до своите стеротипи за другата група. Исто така се нагласува и дека комуникацијата меѓу учениците и наставниците од различни етнички групи е ограничена и дека учениците не користат можности да се дружат за време на наставата и во активностите надвор од редовната настава. Кога ќе се случи конфликт училиштата не успеваат да најдат конструктивно решение за судирот. Училиштата со години наназад се плодна почва за разгорување на меѓуетнички тензии. Барања за одвоени смени, тепачки, па се до последниот бојкот на изучувањето на македонскиот јазик во прво оделение во албанските паралелки. И покрај заложбите на разни владини и невладини институции, да се подигне свеста за соработка во училиштата кои ги посетуваат деца од различни етнички заедници , сепак соработката се сведува само на тоа што тие посетуваат исто училиште. Ние го посетивме основното училиште во Шуто Оризари. Во одделението чии гости бевме, не пречекаа ученици - Македонци , Албанци и Роми. На прв поглед сите изгледаат исто, мали поспани и љубопитни дечиња. Прашуваат кои сме, што бараме тука, ќе им ги пратиме ли фотографиите што ги направивме со нив. Ни раскажаа дека заедно играат фудбал, си одат на гости, си помагаат со задачите. Кога играат фудбал сите сакаат да бидат Пандев, а најдобар пејач им е Тоше Проевски.
,,Се дружиме со Македонци, Албанци, играме заедно кошарка фудбал. Омилен фудбалер ми е Горан Пандев, а пејач Тоше Проевски. Со другарите си одиме по родендени."
Се прашувате ли и вие колку време ќе помине пред да почнат и тие да се делат на „ваши„ и „наши“. Студијата на УНИЦЕФ, која содржи резултати од теренските истражувања за ставовите на учениците, наставниците и родителите, укажува дека учениците се оптоварени главно со позитивни предрасуди за сопствената етничка група, а негативни предрасуди за другите етнички заедници, за кои постои голема веројатност дека се поддржани од наставниците и родителите.
Меѓуетничките проблем се раѓаат во училиштата
Политикологот Хисен Рамадани смета дека токму училиштата се место каде се раѓаат проблемите на меѓуетничка основа.
,,Мислам дека најголем проблем е што во нашите училишта не се предава материјалот што е предвиден со програмата, туку наставниците слободно си зборуваат националистички содржини коишто ги всадуваат кај децата. Имам впечаток дека ние во училиштата дефакто ги труеме децата."
А како продукт на тоа „труење„ се јавуваат инциденти и учениците наместо да се зближуваат, се повеќе се одалечуваат, вели Рамадани.
Меѓуетничките тензии во образованието и тепачките на меѓуетничка основа меѓу учениците се само рефлексија на политичките случувања, велат луѓето од граѓанскиот сектор што се занимаваат со меѓуетнички односи и образование.
Претседател на невладината организација „Реалитети“, Ваљон Беља вели дека чашата ја прели одлуката, Албанците да учат македонски јазик од прво одделение.
,,Екстремизмот на едната страна го храни екстремизмот на другата страна. Тоа влијае и кај децата, тие гледаат дека на едната страна и се прави неправда и немаат трпение да се дојде до решение, па се јавуваат инциденти."
Вината за ваквите случувања, Беља ја лоцира кај политичките елити, бидејќи како што вели тој сеуште нема политички лидери кои имаат визија за општеството. Според резултатите од последната анкета на Центарот за меѓуетничка толеранција и бегалци, 78 проценти од анкетираните одговориле дека меѓуетничките односи во земјава се многу лоши. Генералниот секретар на Центарот, Владо Димовски вели дека овие резултати се најлоши од 2001 година. И Димовски посочува дека меѓуетничките тензии во образованието не доаѓаат од децата. Една причина за тензиите е политичката ситуација, вели Димовски.
,,Тука е пред се домашното воспитување, насоките кои ги добиваат од дома децата, и насоките кои ги добиваат од професорите, наставниците итн. Ништо што се случува во училиштата не е случајно."
Политичките партии извор на меѓуетнички тензии?
Професорката Мирјана Малевска вели дека во една мултиетничка држава каква што е Македонија, мора многу да се води грижа за рамнотежа на силите во општеството, од што понатаму зависи стабилноста на државата.
,,Најопасно нешто е да се игра на влошување на меѓуетничките односи. Не знам дали тоа се прави намерно. Можеби треба да се гледа како производ на партијата на власт која се гледа како национална партија."
И Беља и Димовски сметаат дека мегуетничките тензии во образованието не можат да се решат со одвоени паралеки. Беља вели дека паднало во вода сето време, пари и сиот труд кој досега го вложиле да има поголема соработка меѓу учениците од различни етнички заедници.
,,Ги носевме децата на семинари, работевме со нив за да има кохабитација кај нив, да почне соживотот како што треба. Но, сега за жал мислам дека штетата е веќе направена и сето тоа се уништи."
Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција, пак вели дека подвојувањето не е добро, затоа што од децата кои уште од сега учат разделени, неможе да се очекува утре да соработуваат заедно.
,,Така што, сметам дека само заедничката комуникација, заедничкото излегување, учење, разговори особено на младите ќе донесат голем успех за подобрување на меѓуетничките односи."
Тодоров: Секој инцидент меѓу два етникума добива меѓуетнички предзнак
Министерот за образование и наука, Никола Тодоров жали што во полето на образованието, се се гледа низ призмата на меѓуетничките односи.
,,Не секогаш, и не секоја тепачка има меѓуетнички предзнак иако се случува меѓу два етникума. Тоа што се случува меѓу два етникума не значи дека не се случува и меѓу припадници на иста етничка заедница. Е сега, кога ќе настане проблем меѓу два етникума во Република Македонија тоа се потенцира и во прашање се ставаат меѓуетничките односи. А, тогаш кога ќе настане инцидент меѓу една етничка група тој тогаш е скоро занемарен."
Еден од проектите на министерството за зближување и запознавање на ученици од различни етнички заедници беше и проектот-првооделенците од другите заедници да го изучуваат македонскиот јазик.
За разлика од овој владин проект невладината „Нансен дијалог центар“ од 2005-та започна со проектот -прво интегрирано двојазично основно училиште . Училиштето „Фридтјоф Нансен“ кое се наоѓа во село Прељубиште, општина Јегуновце е единствено од таков вид во Македонија. Ветон Зиколи , проект менаџер од „Нансен“ вели дека искуствата им се многу позитивни. Во ова училиште децата редовните предмети си ги учат на мајчиниот јазик, но секој ден имаат по еден час на кој учат сите заедно го учат јазикот на другата заедница.
,,Каде што, учениците од помлада возраст би се запознале со нивните другарчиња од различна етничка заедница."
Зиколи вели дека работите во образованието би течеле подобро, ако се тргне политиката настрана. Тие при изработка на преоктот користеле искуства од Северна Ирска, Белгија, Швајцарија и Норвешка.