Достапни линкови

Никола Тодоров, министер за образование


Никола Тодоров, министер за образование
Никола Тодоров, министер за образование

Не би рекол дека има тензии во односите со ДУИ иако некогаш имаме различни ставови околу имплементацијата на одлуките, меѓутоа позитивно е што постои континуиран и позитивен дијалог, дијалог во правец на надминување на проблемите и тоа е многу здраво во едно демократско општество.

Дали главната причина за бојкотот за изучувањето на македонскиот јазик од албанските деца е возраста од која што треба да започне изучувањето или се наведваат и други причини?

Оставирив неколку средби. Остварив средби со градоначалниците на општините и со некои од директорите на училиштата, остварив средба и со подносителите на иницијативата пред Уставниот суд за да ги слушнам аргументите. Беа изнесени неколку аргументи. Првиот, беше овој, значи дека станува збор за преоптовареност поради возраста, вториот беше дека одлуката нема правна основа и третиот беше дека професорите немале доволно квалификации. На сите тие аргументи и јас имам свои аргументи кои што ги изнесов, правно одлуката е правно заснована јас го имам донесено решението за промена на наставниот план уште пред почетокот на учебната година и го имам донесено на предлог на Бирото за развој на образованието, како што впрочем е предвидено со законот. Така што од правен аспект нема никаков проблем. Од аспект на тоа дали професорите имале квалификации, дали се спремни, способни, значи дали ќе можат да изведат ваков тип на настава, имам позитивен аргумент и на ова прашање, затоа што професорите во текот на студирањето, задолжително го учат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, полагаат испити за тоа и исто така задолжително треба да го знаат македонскиот јазик и при вработувањето. Е сега, ако имаме во предвид дека описменувањето на македонскиот јазик започнува во четврто одделение, тука значи немаме законска измена, кога настапува предметен наставик ќе видиме дека тоа е многу базично изучување. Преку игра, преку основи предмети, нешто што ќе им овозможи на учениците фонетички да се запознаат со јазикот, да научат некои зборови итн.
Nikola Todorov
please wait
Embed

No media source currently available

0:00 0:10:38 0:00

Најмногу забелешки има околу начинот на спроведеување на владината одлука со оглед на тоа дали претходно постоеше некаков дијалог во врска со ова прашање, со оглед на тоа дека е чувствително и зошто одлуката стартуваше од второ полугодие?



Да, дијалог за ова постоеше. За ова се расправаше и на владина седница, таму разговаравме за начинот и за модалитетите како да се изведе. Така беше одлучено и беше донесен заклучок на Влада, да започнеме со воведување на изучувањето на македонскиот јазик од прво одделение, а оваа година тоа започна.

Албанскиот фактор во Владата очекува повлекување на одлуката. Дали имаа тензии во односите со ДУИ?

Не би рекол дека има тензии во односите со ДУИ иако некогаш имаме различни ставови околу имплементацијата на одлуките, меѓутоа позитивно е што постои континуиран и позитивен дијалог, дијалог во правец на надминување на проблемите и тоа е многу здраво во едно демократско општество. Се надевам дека во натамошниот период ќе најдеме начин како преку дијалог да ги надминеме овие проблеми.

Како оценувате дека сегашните тензии околу учењето на македонскиот јазик ќе се одрази врз меѓуетничките односи во образованието и како во иднина планирате да превенирате случувања како оние во Тетово, каде е бојкотот се одрази во односите со македонските деца?

Единствено што несакам да постигнам како министер, е да придонесам за влошување на меѓуетничките односи во Македонија, особено не се една ваква одлука која што во себе има изучување на јазик што е едена од клучните скалила за надминување на бариерата, јазичната бариера е една од најглавните во комуникацијата и мислам дека ова е еден начин за полесна и подобра интеграција на општеството.

Како планирате да ги превенирате случувањата од типот на Тетово?

Не секогаш може да се превенираат несакани случувања и сигурен сум дека нема ниту една земја во свет која што може 100 отсо да превенира вакви случувања, особено не со основни или средни училишта каде што учат адолесценти и ученици во пубертет. Кога многу лесно од некоја искра може да настане некоја несакана последица, тука главна улога треба да имаат директорите на училиштата, професорите, треба да се зајакне воспитната улога на училиштата. На два проекта тука би сакал да се осврнам, на кој што работам, првиот е формирање на Академија за обука на наставници, тука размислуваме да бидат вклучени и директорите и прсветните инспектори, но и Советниците за образование на ниво на локалната самоуправа, бидејќи знаете дека сега образованието е целосно децентрализирано и уште една работа е зајакнување на воспитната улога, тука разгледуваме неколку модели, мислам дека има еден добар модел на Ирска, на кој што поактивно работиме и на тој начин сметаме дека ќе може да ги премостиме овие проблеми.

Една организација деновиве ги оцени меѓуетничките односи во земјава, како влошени. Ја делите ли вие оваа оценка преку случувањата во образованието?

Незнам кои параметри ги користела во моментот на истражување, не сум го видел истражувањето, не би сакал тоа да го видам. На почетокот на нашиот разговор напоменав дека многу ми е жал тоа што во обраованието како поле имаме такви тенденции да се стават на ,,кантар" меѓуетничките односи и се да се гледа низ призма на меѓуетничките односи. Не секогаш и несекоја тепачка, инцидент во образованието има меѓуетнички предзнак и ако некогаш се случува помеѓу два етникуми, сепак станува збор за ученици, за адолесценти кои што многу полесно избувнуваат и на тој начин настануваат проблеми. Тоа што некогаш настануваат проблеми помеѓу различни етникуми, тоа незначи дека настануваат проблеми и во рамки на една иста етничка заедница, е сега секогаш кога ќе настане проблем помеѓу два етникума во Република Македонија тоа се потенцира и се ставаат под знак прашање меѓуетничките односи, а тогаш кога ќе настане некој инцидент помеѓу една етничка група тој скоро и да е занемарен.

Какви се односите помеѓу Министерството за образование и ОБСЕ по изјавите на Владата дека оваа институција го губи кредибилитетот?

Јас имав состанок со амбасадорот Хереро, имавме еден подолг разговор од 30-тина минути, отворен разговор во нормална атмосфера и не гледам дека има некоја затегнатост во односите, особено не во односите меѓу Министерството за образование и амбасадорот Хереро.

Дали препораката на ОБСЕ ја реализиравте не целосно со оглед на тоа што не започна и факултативното изучување на албанскиот јазик?

Напротив. Препораката на ОБСЕ е следна. Македонскиот јазик да се изучува од прво одделение на задолжителна основа, а јазиците на заедниците да се изучуваат на незадолжителна основа. Јас ви потврдувам дека препораката ако така се земе е целосно испочитувана, затоа што со оваа одлука е воведен македонскиот јазик да се изучува од прво одделение, а веќе постои можност на факултативна основа да се изчуваат јазиците на заедниците, почнувајќи од петто, односно шестто одделение во зависност дали станува збор за осмолетка или деветолетка. Ова е веќе дадено како можност, а колку се користи тоа веројатно е прашање и тема, која што треба во наредниот период подробно да се осврнеме и можеби тука ќе треба малку повеќе напор, можеби да се промовира оваа можност, особено во местата каде што македонското население е малцинство и треба да се охрабрат учениците.

Дали Министерстовото останува на ставот дека македонскиот јазик треба да се изучува од албанските деца во прво одделение?

Лично сметам дека оваа одлука е полезна и не се однесува само на албанската популација, оваа одлука се однесува на сите етнички заедници во Македонија и можеме да констатираме дека од страна на сите останати етнички заедници оваа одлука е соодветно имплементирана и е прифатена како полезна. Останува тоа да се направи од страна на албанската популација, која што во некои делови веќе почна од земјата да има различен став околу ова прашање и тоа е добра тенденција. Ние ќе се обидеме во наредниот период, преку разговор, преку трибини, со помош на советниците од Бирото за развој на образованието, преку посебни обуки кои што сакаме да ги направиме за наставниците, да помогнеме оваа одлука соодветно да се имплементира.

Имаше укажувања од некои училишта, особено од селските средини дека приоритет се инфраструктурните прашања во некои училишта особено во селските средини? До каде е подобрувањето на инфраструктурата?

Многу училишта се направени во последниот период, особено во овие две или три години, се преку 50-60 училишта се реконструирани, има и околу десетина училишта кои што се изградени, проблемот е што поголемиот дел од училиштата се градени пред 30, 40, 50 години. За понови училишта се сметаат оние кои што се градени кон крајот на 80-тите години, така што ова е процес на инвестирање во условите на образованието кој мора да биде континуиран и се надевам дека, еве оваа година е посткризна година и сигурно уште ќе се чувствуваат последиците, меѓутоа сметам дека во 2011, 2012 година ќе можеме многу посериозно да се зафатиме со овој процес и квалитативно да ги подобриме условите во училиштата низ Република Македонија.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG