Достапни линкови

Меѓуетнички тензии во образованието


Меѓуетничките тензии во образованието и тепачките на меѓуетничка основа меѓу учениците се само рефлексија на политичките случувања, велат луѓето од граѓанскиот сектор што се занимаваат со меѓуетнички односи и образование.

Учениците-Македонци веќе трет ден ја бојкотираат наставата во тетовската гимназија. Причина за бојкотот, како што велат, е револтот поради тепањето на учениците-Македонци од страна на Албанците. Тие најавуваат дека бојкотот ќе продолжи се додека не се
Екстремизмот на едната страна, го храни екстремизмот на другата страна, така што тоа влијае и кај децата. Гледаат дека на едната страна и се прави неправда и тие како мали деца немаат трпение за да се дојде до решение, така што веднаш се појавуваат инциденти.
обезбедат нормални услови за учење.

Свежи се и сеќавањата од меѓуетничките тепачки во гимназијата во Струга, а средношколците - Македонци и Албанци во Куманново, одамна учат во различни училишни згради. Ваљон Беља е претседател на невладината организација Реалитети. Тој вели дека чашата ја прели одлуката, Албанците да учат македонски јазик од прво одделение. Ексклузивното право на донесување одлуки на Македонците, што потоа им се наметнуваат на Албанците создаваат револт, вели тој.

„Екстремизмот на едната страна, го храни екстремизмот на другата страна, така што тоа влијае и кај децата. Гледаат дека на едната страна и се прави неправда и тие како мали деца немаат трпение за да се дојде до решение, така што веднаш се појавуваат инциденти.“

Вината за ваквите случувања, Беља ја лоцира кај политичките елити.

„Ќе се продлабочи оваа криза за жал, бидејќи сеуште не можеме да најдеме политички лидери кои можат да имаат визија за нашето општество.“
Ќе се продлабочи оваа криза за жал, бидејќи сеуште не можеме да најдеме политички лидери кои можат да имаат визија за нашето општество.

Според резултатите од последната анкета на Центарот за меѓуетничка толеранција и бегалци, 78 проценти од анкетираните одговориле дека меѓуетничките односи во земјава се многу лоши. Тројца од четири испитаници, пак, сметаат дека е во пораст меѓунационалната нетрпеливост. Владо Димовски е генерален секретар на Центарот. Тој вели дека овие резултати се најлоши од 2001 година.

Димовски посочува дека меѓуетничките тензии во образованието не доаѓаат од децата. Една причина за тензиите е политичката ситуација, вели Димовски.

„Тука е пред се домашното воспитување, насоките од дома кои ги добиваат децата и насоките кои ги добиваат од професорите. Ништо не е случајно, она што се случува во училиштата.“
Ништо не е случајно, она што се случува во училиштата


Како причини за зголемување на меѓуетничката нетрпеливост Димовски го наведува спласнувањето на ентузијазмот, особено кај интелектуалните елити кои се обидувале да ги подобрат меѓуетничките односи по 2001 година.

„Лекот можеме да го најдеме доколку отворено поразговараме за тоа, кои се причините, од каде доаѓаат корените на тие причини и со одредени насоки за во иднина како да се подобри сето тоа.“

Димовски и Беља се согласуваат дека учењето во различни смени или пак во одделни училишта не е решение на проблемот.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG