Достапни линкови

Радикализација на меѓуетничките односи?


Можни ли се меѓуетнички тензии?
Можни ли се меѓуетнички тензии?

Експертите предупредуваате, на подолг рок, доколку Македонија не ги забрза своите евроатланстки и европски интеграции најчувствителната тема којашто може да се отвори е радикализацијата на меѓуетничките односи. Според нив, чувстителноста на меѓуетнички терен реално постои.

На подолг рок, доколку Македонија не ги забрза своите евроатланстки и европски интеграции најчувствителната тема којашто може да се отвори е радикализацијата на меѓуетничките односи, велат експертите. Оттука не е без причина предупредувањето на известувачот за Македонија во Европскиот парламент Зоран Талер дека одложувањето на датумот за преговори носи ризик од влошување на
На малку подолг рок може да се роди радикална алтернатива кај самите Албанци, внатре во партиите, други партии итн. Значи, Македонија мора да се движи напред во интеграциите, во спротивно ризикува радикализација кај дел од албанскиот фактор и нови проблеми.
меѓуетничките односи па и опасност по стабилноста на целиот регион. Надвор од власта кадешто секогаш ќе биде полесно да се постигне договор за разни отстапки и трпение, на чувствителниот меѓуетнички терен ризикот реално псотои вели професорот Денко Малески.

„На малку подолг рок може да се роди радикална алтернатива кај самите Албанци, внатре во партиите, други партии итн. Значи, Македонија мора да се движи напред во интеграциите, во спротивно ризикува радикализација кај дел од албанскиот фактор и нови проблеми.“

Прашањето на решавањето на прашањето за името за албанскиот фактор се актуелизира со неуспехот во Букурешт и потоа во Брисел поради тоа што од нив зависи членството во меѓународните организации, додава аналитичарот Албер Муслиу.

Според него одредени тензии поради непоминати проекти во министерствата или поплаките за неадекватното учество во влста од страна на колаициониот партнер ДУИ покажуваат дека кај власта не псотои доволна свесност за опасноста од влијанието на прашањето врз мешуетничките односи.

„Тоа се ми наговестува да помислам дека свесноста за можни меѓуетнички тензии поврзани со евроинтегративните процеси или не постојат или се одвлекува вниманието од тие преговори и се настојува да се префрли внинанието на јавноста на други прашања кои може да генерираат меѓуетнички проблеми.“

Освен тоа, велат експертите последниве изјави од високите институции на власта не покажуваат дека се работи на тоа прашањето за името да се доведе до решение.

Наместо тоа, додава Муслиу, власта бара виновници според последните изјави во македонските новинари, мислејќи на изјавата на претседателот Иванов во којашто тој вели дека македонските новинари со своите изјави се главниот адут на Грција во одбрана на тужбата за кршење на времената спогодба пред Меѓународниот суд во Хаг.

„Тоа што грчката влада користи одредени информации објавени во медиумите не значи дека ние треба информациите да ги укинеме.“

изјави Муслиу.
XS
SM
MD
LG