Прилепчанецот Михајло Тошески е татко на 16-годишна средношколка која завршила втора година во економското училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ во Прилеп. Таа е одличен ученик, со своето знаење и примерно поведение е пример за другите средношколци. Но, сепак не може да го добие сведителството за завршена година, се додека не плати 500 денари за отштета, а како што вели нејзиниот татко не предизвикала никаква штета во школото.
„Кога појде да го подигне свидетелството и побараа пари, јас ригорозно реков дека пари не давам, бидејќи ланската година исто и зедоа по 500 и нешто денари, и до ден денеска не се вратени. Ние немаме намера да плаќаме за таму книги кои воопшто не ги добија и за компјутери кои воопшто не се во функција.“
Снежана Кузманоска, пак, е мајка на друга ученичка. Таа вели и да сака нема пари да даде за отштета, зашто тие живеат само од социјална помош.
„Втора година и таа сега завршува, лани плати, годинава нема платено, појде по свидетелството не и го даваат, ако не и го дадат свидетелството, јас немам пари, ние сме со социјална помош, за 500 денари јас не можам да платам, ако не ја запишат ќе видиме.“
Но, не само во економското училиште, како што обвини општинската организација на СДСМ и во останатите 4 средни училишта, на име отштета се собираат пари од учениците кои при тоа се условени со земање на свидетелствата. Сумата што се бара да ја платат учениците се движи од 100 па се до 700 денари, во сите училишта различно, тврдат од СДСМ.
„Некои ученици парите ги даваат на рака на класните раководители, а некои плаќаат на жиро сметка. Прашуваме што се случува со тие пари и каде завршуваат? Само ланската година во прилепската гимназија од учениците на име отштета беа собрани околу 200.000 денари“, реагира Слободан Ристески, претседателот на комисијата за образование во прилепската организација на СДСМ.
Тој истакна дека дури првите луѓе во општинскиот Совет лани јавно на седница на Советот дале ветување дека парите на средношколците ќе им бидат вратени. Но, очигледно тоа не се случило.
„Завршивме ние лани, ама плативме неколку деца за отштета за да ни ги дадат дипломите од матурата, по 500 денари, дел плативме, дел не, и ни рекоа дека ќе ни ги вратат парите, ама до сега не се вратени“, реагира и Ангела Мотеска која лани матурирала во гимназијата „Мирче Ацев“.
Оваа практика на прилепските училишта кои не им ги даваа свидетелствата на учениците додека не платат отштета за компјутерите, беше критикувана од министерот Никола Тодоров. Тој тогаш беше дециден, учениците да ги добијат свидетелствата, а училиштата да си ја надоместат штетата. Но, и покрај овие препораки годинава приказната се повторува. Советникот за образование во локалната самоуправа, Марјан Матракоски и покрај сите овие реакции, не знае што се случува во средните училишта.
„Значи свидетелството не смее да се задржи, мора да му се даде на ученикот, а за штетата значи си се спроведува постапка согласно со Правилникот“, изјави Матракоски.
Од Министерството за образование, пак, информираат дека учениците треба веднаш да ги добијат свидетелствата, а штетата не може да се наплаќа од сите ученици на крајот на годината, туку тогаш кога е направено и тоа од ученик кој што предизвикал штета. На овие одлуки од Министерството, повторно ќе им укаже и директорот на Државниот просветен инспекторат, Џорџе Арсов на средбата со директорите на средните училишта од регионот.
Кога појде да го подигне свидетелството и побараа пари, јас ригорозно реков дека пари не давам, бидејќи ланската година исто и зедоа по 500 и нешто денари, и до ден денеска не се вратени. Ние немаме намера да плаќаме за таму книги кои воопшто не ги добија и за компјутери кои воопшто не се во функција.Само ланската година во прилепската гимназија од учениците на име отштета беа собрани околу 200.000 денари.