Девет години по потпишувањето на Рамковниот договор, мултикултурализмот во земјава се ниша во самиот корен. И покрај сите желби учениците од двете најголеми заедници во земјава да не се гледаат со недоверба и нетрпеливост, почнувајќи од училишните клупи, напорите да се воведе интегрирано образование се уште се чинат далеку од возможни. Уставниот суд ги оцени како незаконски обидите да се воведе македонскиот јазик за првачињата Албанци, а од сопствениот проект наскоро се откажа и ОБСЕ, откако резултатите на терен покажаа ништо повеќе од силен отпор кај двете страни да се изучува јазикот на другиот.
Владо Димовски од Центарот замеѓуетничка толеранција вели дека и при ваквите чекори, клучна улога би требало да одигра политичкиот договор меѓу политичките субјекти и дека без законски решенија нема да може да се тргне кон реализациоја на ваквата цел.
„Периодот до почетокот на учебната година 2010-2011 година не е ниту многу долг, ниту многу краток период за да се донесе законско решение, но колку тоа ќе се спроведе доколку не се договорат политичките субјекти не сум многу голем оптимист во тој поглед.“
Образовниот систем ги има сите услови да се хомогенизира, вели Димовски, но на тоа треба да се работи внимателно, трпеливо и постепено. За аналитичарот Хисен Рамадани следењето исклучиво на јазичкото прашање е погрешен пристап, зашто не станува збор само за ова прашање кога станува збор за хомогенизирање на образовниот систем. Според него, услови за приближување на учениците во образовниот сиситем, треба најпрвин да се создадат низ образовните програми и начинот на нивна реализација.
„Не водат кон доближување, туку едната страна, при да кажеме, историските мaтерии, едната страна премногу ги нагласува негативните страни на едната, а другата негативните страни на другата страна и веднаш се создава кај децата отпор.“
Рамадани смета дека и пречките за хомогенизирање низ образовниот систем се создаваат уште во се уште силно постоечкиот отпор кај двете најголеми заедници за заеднички живот, но и кај инситиуциите кои што засега се глуви за реалните потреби на граѓаните на терен. Од ОБСЕ рекоа дека за нив, интегрираното образование останува главен предизвик. Во таа насока тие веќе завршија со реализација на неколкумесечниот проект за мултикултурализам во образованието со намера да ги едуцираат учениците за важноста на заедничкиот живот како подготовка за наредните чекори на воведување на интегрирано образование.
Владо Димовски од Центарот за
Периодот до почетокот на учебната година 2010-2011 година не е ниту многу долг, ниту многу краток период за да се донесе законско решение, но колку тоа ќе се спроведе доколку не се договорат политичките субјекти не сум многу голем оптимист во
тој поглед.
„Периодот до почетокот на учебната година 2010-2011 година не е ниту многу долг, ниту многу краток период за да се донесе законско решение, но колку тоа ќе се спроведе доколку не се договорат политичките субјекти не сум многу голем оптимист во тој поглед.“
Образовниот систем ги има сите услови да се хомогенизира, вели Димовски, но на тоа треба да се работи внимателно, трпеливо и постепено. За аналитичарот Хисен Рамадани следењето исклучиво на јазичкото прашање е погрешен пристап, зашто не станува збор само за ова прашање кога станува збор за хомогенизирање на образовниот систем. Според него, услови за приближување на учениците во образовниот сиситем, треба најпрвин да се создадат низ образовните програми и начинот на нивна реализација.
Не водат кон доближување, едната страна премногу ги нагласува негативните страни на едната, а другата негативните страни на другата страна и веднаш се создава кај децата отпор.