Достапни линкови

Универзитетот реагира на намалувањето на буџетот


Од последните протести на студентите кои бараа подобри услови за студирање
Од последните протести на студентите кои бараа подобри услови за студирање

Во ректоратот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се надеваат на корекции по одлуката на Министерството за образование за намалување на партиципацијата за студирање, со што, како што велат, се нарушува финансиската автономија на универзитетот и квалитетот на наставата.

Ректоратот продолжува да чека корекции по одлуката со која е намален буџетот на факултетите поради намалувањето на партиципацијата за студирање. Со ова намалување ќе се направи нарушување во финанската автономија и во квалитетот наставата, повторува ректорот Велимир Стојковски кој решението го гледа во Советот за финансирање и неговото формирање со што треба да се
Се оди на една варијанта од страна на министерството да се дозволи, одреден број на вработувања на Универзитетот, со тоа што дел од средствата што одеа за вработување на кадар што не беше покриено со буџетот, ќе биде покриен од страна на државата.
дефинираат финансиските услови за функционирање на секоја виско образовна институција. Откако неколку пати било разговарано на истата тема, сепак имало и позитивни сигнали од министерот, изјави Велимир Стојковски во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува во недела:

Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј"
„Се оди на една варијанта и се оди во таа насока од страна на министерството да се дозволи, одреден број на вработувања на Универзитетот, со тоа што дел од средствата што одеа за вработување на кадар што не беше покриено со буџетот, а кои што бевме задолжени да го примиме согласно Болоњските принципи на студирање ќе биде покриен од страна на државата. Така што се надевам дека намалувањето на квалитетот или несаканите последици ќе си сведеме на минимум, доколку се исполни ова ветување за надополнување на вработувања кои ќе бидат под буџетот.“

Сега универзитетите ќе се снаоѓаат онака како што знаат. На некои факултети се планира да има зголемување на бројот на студенти по група, а на другите факултети Универзитетот ќе наоѓа начини да се обиде да не трпи квалитетот на наставата. Студентите, пак, сакаат целосно бесплатно студирање за сите, додека некои професори најавија обжалување на одлуката пред Уствен суд. Одлуката на министерството да се скрати партиципацијата е легитмна зошто партиципацијата ја утврдува државата:

„Меѓутоа би требало соодветно да добиваат по нивоа и вработените во високото образование, исто така и сите материјални трошоци, струја, вода, парно, материјали за настава итн, да бидат обезбедени од државата. Оттука, другиот дел недостасува, а тоа е државата требаше да ги даде, не тие средства, туку и повеќе средства требаше да додели за факултетите согласно потребите“, коментира Ненад Новковски, поранешен министер за образование.

Во Министерството за образование повторуваат дека не планираат парите што факултетите ги изгубија од партиципацијата да им бидат надоместни. Има големи издатоци кои што се по основ на авторски договори, за купување на опрема, на стоки и услуги, ставката е многу мала, така што таа ставка воопшто нема да биде загрозена, изјави неодамна министерот за обрзазование Никола Тодоров. Досегашните цени за студирање во државната квота изнесуваа од 200 до 1200 евра, а со намалувањето самофинансирањето ќе изнесува од 200 до 400 евра.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG