Достапни линкови

(Не)образовани генерации


Не сакам да читам. Не сакам да играм игри со зборови, како што се крстозбори, анаграми, ребуси. Пред да почнам да зборувам, не ги слушам зборовите во својата глава. Во разговорите не споменувам работи што сум ги прочитал. Вака одговориле речиси 90 отсто од 7.800 матуранти во земјава што биле дел од проектот за професионално насочување на матуранти, организиран од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и на бизнис-академија „Смилевски“ (БАС).

Студентски протести во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:09 0:00
Наставниците и професорите оценуваат само пред тромесечје, полугодие или пред крајот на учебната година, препишуваат или воопшто не пишуваат дневна подготовка за наставниот час, не водат правилно педагошка евиденција, не работат на сопствена наобразба, не организираат вонучилишни активности, не соработуваат со родителите на учениците. Сето ова го констатирале државните просветни
Повеќето професори ни читаат или пишуваат на табла па ние препишуваме. Има некои професори што попуштаат во оценки, не се реални, многу ретко некои професори ни ја прават интересна наставата.
инспектори, кои два месеци спроведуваат пилот-проект во 50-тина училишта преку кој се вреднува работата на наставниците во земјава. И тука започнува волшебиот круг, кој е виновен за ваквата состојба во средното образованието, наставниците , учениците, наставната програма или образовниот систем топката постојано се префрла од едни на други. Средношколците велат дека дел од наставниците се обидуваат да спроведат интерактивна настава со цел да им го задржат внимнието и интересот на часот, но дел од нив само чекаат да им поминат 45- те минути.

,,Повеќето професори ни читаат или пишуваат на табла па ние препишуваме. Има некои професори што попуштаат во оценки, не се реални, многу ретко некои професори ни ја прават интересна наставата."

,,Па комбинирано. Има и забавни повеќе има досадни. Едните да речеме ќе ја предадат лекцијата само како во книгата, не објаснуваат премногу, а другите ни објаснуваат на некои поинтересен и поразбирлив начин за нас."

,,Па не е интересно бидејќи професорите не се трудат."
Студентите кои завршиле средно образование пред неколку години велат дека имаат проблем со студиите токму поради недоволното стекната образовна подлога во средното училиште.Студентката на правен факултет , Андреа Краевска вели дека за висока оценка во средното образование е потребно малку знаење.

,,Едната петка што ќе ја добиеш во првото тромесечие ја ,,фураш" до крај, Тоа искрено сега додека сум на факултет ми се одразува со тоа што немав некоја добра подлога за подобро да се адаптирам, морав се одново да учам"

Таа додава дека по завршувањето на средното образование учениците се изгубени во системот, излегуваат од училишните клупи со малку знаење а влегуваа во високо образовни институции каде очекувањата за нивното знање на универзитетските професори се големи.

,,И тоа најизгубени. И кога ќе дојде подоцна значи период каде што ќе треба ние да се образуваме, ќе треба сами тоа да си го правиме и колку тие од факултет се ,,вадат" на средното образование, значи тие сметаат дека ние треба да доаѓаме со некое почетно знаење, а ние доаѓаме ,,бланко" без ништо да знаеме, неможеме ништо да ,,гугнеме" на првиот час на факултет."

Според истражувањето на Македонскиот Институт за Медиуми две третини од испитаните матуранти имаат афинитети за менаџерски и административни позиции.Тестираните матуранти покажуваат дека имаат најмногу афиниети за професии кои се структуирани , кои имаат јасни правила и процедури и немаат голема неизвеснот.
Навистина звучи како клише и некој повик што никој повеќе не го слуша, но вистината е таа, едноставно во нашата култура не се обрнува големо внимани во развојот на вербалниот израз. Семејствата не ја создаваат таа навика, а училиштата некако се немоќни да се изборат со револуцијата на информациите што доаѓа од секакви други медиуми, само не од училиштата. Учениците побрзо избираат да читаат скратени верзии на книгите на интернет, отколку да ја доживеат книжевноста што се вели од прва рака.

,,Искрено не ми е некоја голема желба тој факултет. Јас спорутвам, но тука не просперираат многу спортистите и поради тоа планирам на тој факултет да одам, бидејќи мислам дека е еден од побараните, може побрзо да се најде реабота."

Резулатите од истражувањето покажуваат дека најмалку развиена вештина кај средношколците во завршната година е лингвистичката односно тие не се доволно способни да го користат јазикот за усно и писмено искажување. Професорката по македонски јазик во едно училиште, Татјана Ефтимовска вели дека стара вистина е дека читањето книги го развива мислењето и изразувањето и кога отсуствува се осакатува мислата и говорот, а учениците не сакаат да читаат книги.

,,Навистина звучи како клише и некој повик што никој повеќе не го слуша, но вистината е таа, едноставно во нашата култура не се обрнува големо внимани во развојот на вербалниот израз. Семејствата не ја создаваат таа навика, а училиштата некако се немоќни да се изборат со револуцијата на информациите што доаѓа од секакви други медиуми, само не од училиштата. Учениците побрзо избираат да читаат скратени верзии на книгите на интернет, отколку да ја доживеат книжевноста што се вели од прва рака."

Студентката Краевска се согласува дека дел од вината ја сносат и учениците.

,,За да се организира еден час, ама зборам да се организира за да се задржи вниманието на 40 ученици коишто се во пубертет и на кои буквално треба да изиграваш ,,мајмун" за да им го задржиш вниманието. Од друга страна како што доаѓаат нови времиња, така доаѓаат се потемпераментни ученици коишто не толку гледаат на тоа колку ќе стекнат образование. Гледаат едноставно да го протуркаат средното, буквално да го протуркаат."

Ефтимоска додава дека дел од докажани наставни методи со кои се развивааат лингистичките методи се помалку се користат:

,,На пример денеска во гимназиите ретко се настојува да се учи поезија наизуст. Рецитирањето стихови главно се доживува со потсмев, а токму тоа ја развива вештината на убаво говорење. Веројатно иднината ќе ја наследат некои јазично хендикепирани генерации, за кои реченица подолга од три-четири зборови ќе биде научна фантастика. Можеби тоа нема да се случи брзо, но одиме кон тоа."

Универзитетскиот професор Билјана Ванковска вели дека секоја нова генерација која започнува со студии е полоша од претходната, но додава дека многу е нефер да се каже дека децата се виновни за тоа:

,,Така што мојата дијагноза е дека најверојатно дека основното и средното образование драматично им опаѓа квалитетот и затоа добиваме млади студенти кои прво и основно немаат добра образовна подлога, второ има многу слаба мотивација и ми се чини дека тоа го покажува повеќе односот на нивните родители или самите тие, дека е подобро да студираат било што отколку да останат без работа."

Ванковска вели дека вкупниот систем на вредности кој е во значително опаѓање влијае кај децата:

,,Тие немаат чувство дека преку образованието, можат да си го изборат патот кон една успешна кариера, да станат успешни луѓе, остварени, исполнети и веројатно сметаат дека образованието е еден формален процес, битно е да добиете некаков вид на сведителство и диплома, а потоа почнуваат да работат тие наши стандардни работи како врски, познанства, клучеви на вработување... Едноставно децата не веруваат дека со сопствен напор, со сопствено образование и изградба на својата личност и капацитет, можат понатаму во животот да просперираат."
Имаме наставни планови и програми кои што треба да ги реализираме како училиште, добивате ученици коишто практично не се подготвени да ги следат тие наставни планови и програми и сега професорите се исправени пред еден проблем кој што го решаваме на начин што едноставно мора да ги повториме, да ги вратиме тие работи коишто би требало да се изучени во основно образование, за да може некако да се изреализира наставната програма.

Директорот на средното училиште „Михајло Пупин“ Евтим Пејовски вели дека причина за опаѓање на квалитетот на средното образование започнува уште во основното.

,,Имаме наставни планови и програми кои што треба да ги реализираме како училиште, добивате ученици коишто практично не се подготвени да ги следат тие наставни планови и програми и сега професорите се исправени пред еден проблем кој што го решаваме на начин што едноставно мора да ги повториме, да ги вратиме тие работи коишто би требало да се изучени во основно образование, за да може некако да се изреализира наставната програма."

Раководителот за основно и за средно образование во Министерството за образование, Љупчо Спасов вели дека средното образование во Македонија можеби не е најкавлитетно но се прават реформи за да се подобри квалитетот. За слабата оценка на наставниците добиена од пилот проектот на Државниот просветен инспекторат, Спасов вели дека тоа се пропусти на раководните структури на менаџментот на училиштата:

,,Обврска на секој наставник е да ги реализира наставните планови, односно да ја реализира наставната програма, согласно наставниот фонд на часови, а ако тоа не се случува, тоа значи дека имаме слаби раководни структури во училиштето, а ако имаме слаби раководни структури неможеме да очекуваме дека ќе имаме добра реализација на наставна програма соодветно на наставниот план во училиштата."

Директорот Пејовски вели дека со меѓусебното обвинување на институциите не се решава проблемот, потребен е систематски приод затоа што конечниот производ е неквалитет:

,,За подигнување на квалитетот на воспитно-образовниот процес неопходна е материјална поткрепа за квалитетно организирање на истите. Се прават активности, но за жал не постои системско решение на опремување на стручните училишта, што би довело до поквалитетно обавување на практичната обука, односно продуцирање на кадар кој што би бил збогатен со знаења, умеења и вештини."

Просветните работници сметаат дека е неопходно повеќе пари за да можат предвидените реформи да се спроведат што е можно подобро и пред да се оди кон некоја реформа, да се направат подетални испитувања како тоа ќе влијае врз целиот образовен систем.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG