Достапни линкови

Мал одзив на студентските протести во Скопје


Студентските протести во Скопје
Студентските протести во Скопје

Околу педесетина студенти, припадници на движењето „Слободен индекс“ протестираа незадовлни од условите за студирање на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Според организаторите, малиот одзив е поради големиот притисок. Станува збор, според нив, за секојдневни заплашувања.

Припадниците на студентско движење Слободен индекс, незадоволни од условите за студирање на државниот универзитет одржаа протест пред споменикот на Св. Кирил и Методиј кај Правниот, Економскиот, Филолошкиот и Филозофскиот факултет. Тие бараат целосно
Заплашувања од типот на анонимни повици, праќање пораки преку пријатели на активистите и тоа се случува буквално секојдневно.
укинување на партиципацијата во државната квота и нејзино намалување во приватната, нов систем на студенско орагнизирање по принцип на директна демократија, бесплатни студии за социјалните случаи, како и подобри услови за живот во студентските домови и попусти за студентите кои ги користат јавните услуги. На протестот имаше само околу педесетина студенти. Малиот одзив е поради големиот притисок, вели еден од орагнизаторите Оливер Стефановски.
Студентски протести во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:09 0:00

„Заплашувања од типот на анонимни повици, праќање пораки преку пријатели на активистите и тоа се случува буквално секојдневно. Беше вршен притисок во однос на тоа дека ќе бидат санкционирани, дека ќе биде викната полиција и такви работи. Тоа се случува со многу студенти, тоа се случува на многу факултети но сепак за жал се заташкува целата работа.“

Студентите успеаја да влезат само во холот на Филолошкиот и Филозофскиот факултет. Вратите на Правниот и Економскиот останаа затворени за нив.
Заплашувања од типот на анонимни повици, праќање пораки преку пријатели на активистите и тоа се случува буквално секојдневно.

Протести на движењето Слободен индекс

„Уаааа!“
„Правен и економски, срам за државата!“
„Тоталитаризам! Привидна демократија!“, извикуваа студентите.

Тие се жалат и дека не им дозволувале ни да ги постават плакатите за протестот на огласните табли во факултетот, а оние што успеале им ги одлепувале, вели Стефановски.

„Имавме залепено преку 700 плакати на сите факултети, во домовите, и насекаде низ градот. Сите плакати беа одлепени и покриени со други плакати.“

Во Слободен индекс велат дека немаат врска со политичките партии, нивната наводна поврзаност е поради некои што сакаат да има таква слика за нив во јавноста. Најавија повторно протести, како и трибини и дебати за унапредување на студенските стандарди во земјава.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG