Достапни линкови

Во Дебар дисперзирани студии на Тетовскиот универзитет


Зградата на Тетовскиот Државен Универзитет
Зградата на Тетовскиот Државен Универзитет

Локалната власт во Дебар информираше дека од наесен и во овој град ќе стартуваат дисперзираните факултети на Државниот тетовски универзитет. Во Дебар ќе биде дисперзиран Филолошкиот факултет односно катедра за италијански, англиски, германски и француски јазик.

Локалната власт во Дебар информираше дека од наесен и во овој град ќе стартуваат дисперзираните факултети на Државниот тетовски универзитет. Во договор со Владата, обврска е на локаланата власт да обезбеди објект за што веќе започна адаптацијата на поранешната касарна. Општината се очекува да инвестира во адаптацијата со повеќе од 200 илјади евра.

„Локалната самоуправа во договор со власта, Министерството за образование и Државниот тетовски универзитет, зeде обврска да
Со одлука на Владата ќе се дисперзираат студии на Филолошкиот факултет и тоа факултетот за англиски, италјански, германски и француски јазик.
инвестира свои средства во адаптацијата на објектот, со цел да има долгорочно решавање на проблемот со просториите за дисперзираните факултети во Дебар“, истакнува градоначалникот на Дебар Аргетим Фида.

Тој воедно информираше дека во новата академска година во Дебар ќе се студираат странски јазици.

„Со одлука на Владата ќе се дисперзираат студии на Филолошкиот факултет и тоа факултетот за англиски, италјански, германски и француски јазик.“

Почетокот со работа на факултетите во Дебар се очекува да влијае во намалувањето на миграцијата во најзападниот регион на Македонија, но исто така да има и економски ефекти. За пратеничката во Собранието на Македонија од Дебар Лулјета Марку, отварањето има и политичка димензија.
Со стартот на факултетите јас очекувам повеќе прогрес во општината, намалување на миграцијата и зголемени ефекти.


„Со стартот на факултетите јас очекувам повеќе прогрес во општината, намалување на миграцијата и зголемени ефекти. Верувам дека ќе има доволен број на студенти не само од Дебар туку и од повеќе општини од Македонија. Општина Дебар, покрај Гостивар и Тетово, беше основач на Тетовскиот универзитет во 1994 година, заради што требаше и Дебар да добие факултет.“

Според анализите што се направени од страна на локалната самоуправа, се очекува покрај студенти од Дебар, да има и од општините Маврово - Ростуше, центар Жупа, но и други општини од земјава, како и студенти од пограничните општини во Република Албанија .
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG