Достапни линкови

Образование во Македонија


Студентски протести
Студентски протести

Знаењето е моќ е владината кампања со која се повикува на упис на факултет. Каков е квалитетот на високото образование во Македонија? Како родителите ,,крпат" за да ги школуваат децата? Колку воведувањето дисперзирани студии придонесува за намалување на квалитетот?

Знаењето е моќ. Со ваква кампања владата ги повикува матурантитe да се запишат на факултет. Само минатата година бруцоши станаа повеќе од 19 илјади или 85 проценти од вкупниот број на средношколци –како што велат од министерството за образование. Оваа година државен матурски испит полагаат околу 17 илјади ученици. Поголемиот дел од нив сакаат да се запишат на факултет. Трката по
На факултет во Македонија се доаѓа со една претстава дека може така да се студира. Стандардите се многу спуштени. Наместо приватните факултети да овозможат поголема конкуренција, во Македонија доаѓа до обратна насока. Конкуренцијата ги спушти стандардите далеку под нивото присутно во западна Европа
студентски индекс на сите универзитети ќе започне во исти ден. Првиот уписен рок е на 17 ти и 18 август а вториот е во септември. Матурантите велат дека се подготвени и знаат што ги очекува во високо образование.

,,Планирам да се запишам на економски факултет, поточно на смерот електронски бизнис. Сметам дека тој смер ќе биде најдоходовен понатаму во животот."
,,Македонска книжевност, но не наставната туку истражувачката насока."

Но професорите не ги делат истите ставови со учениците. Професорот Илија Ацески вели дека последниве генерации многу несериозно ги сфаќаат студиите. Според Ацески бруцошите во последниве 5 години , го гледаат високото образование како многу полесно од средното.

Министерот за образование Перо Стојановски
,,На факултет во Македонија се доаѓа со една претстава дека може така да се студира. Стандардите се многу спуштени. Наместо приватните факултети да овозможат поголема конкуренција, во Македонија доаѓа до обратна насока. Конкуренцијата ги спушти стандардите далеку под нивото присутно во западна Европа."

Но Ацески лоцира уште еден проблем. Тој вели дека и квалитетот на наставата е многу намален. Као проблем го наведува тоа што студентите немаат доволно литература за учење, еден професор им предава на 200 студенти, нема доволно асистенсти и демонстратори. Сето тоа се одразува на квалитетот на знаењето што го добиваат студентите вели професорот Ацески. Незадовоство од високото образование покажаа и студентите пред неколку недели со протест пред ректоратот.

,,Не сме задоволни од нашиот универзитет, не сме задоволни од нашиот високо образовен систем и што е најважно не сме задоволни од тоа како студентите се третирани во ова општество, во оваа држава."
,,Малку е парадоксално да имаме партиципатии коишто варираат од 700 до 1200 евра, да речеме, кај мене на медицина. Имаме студентски домови тука во којшто студентите не одат буквално ниту во тоалет. Прашањето на здравството, студентската амбуланта, електронското пријавување индекси, ние во технолошко општество, сеуште лижеме таксени марки и плаќаме за пријавување испити, тука е прашањето и за плаќање на книги, задолжително, и условување со потписи."

велат студентите што протестираа

Студентите не добија подршка од своите колеги од студентскиот парламент. Лидерот на студентите Самоил Малчевски смета дека нема потреба од протести.

,,На протести се излегува само доколку има отсуство на дијалог. Сега за сега ние ефектно разговараме со институциите и нема потреба
Се она што се случува во високото образование оди во насока на подобрување на квалитетот на високото образование. Јас повторно ќе кажам, станува збор за генерализиран став, ние и понатаму како држава во делот на високото образование сме регионален лидер во делот на реализацијата на проектите исто така сме една од водечките земји во Европа во однос на мобилноста на студентите
да се организираат никакви протести."

Од надлежните институции добија ветувања дека проблемите ќе бидат разгледани. Според министерот за образовние , квалитетот на високото образование во последните три години оди во нагорна линија. Според набљудувањето од болоњската комисија работата на кредит трансфес систремот е оценето со оценка 5. Но дел од студентите а и од професорите велат дека високото образование е неквалитетно. Од министертвото за образование пак велат дека ставовите околу неквалитетната настава се претежно индивидуални.

,,Се она што се случува во високото образование оди во насока на подобрување на квалитетот на високото образование. Јас повторно ќе кажам, станува збор за генерализиран став, ние и понатаму како држава во делот на високото образование сме регионален лидер во делот на реализацијата на проектите исто така сме една од водечките земји во Европа во однос на мобилноста на студентите,"

вели министерот Перо Стојановски.

Отворање на ново училиште во Врапчиште
Студиите на државните факултети чинат од 200 евра во државна квота до 1000 со кофинансирање. Во приватните универзитети една академска година чини од 2000 евра па нагоре. Идните студенти очекуваат овие трошоци да им ги платат родителите. Некои и ќе барат работа летово за да помогнат во подобрување на семејниот буџет.

,,Родителите ќе ме поддржуваат."
,,Во крајна линија не би штедел и тоа би го доживеал како животна инвестиција."
,,Скапо е, ама родителите мора да ги најдат парите."

Родителите на студентите велат дека тешко е да се плаќа партиципација на две деца истовремено. Но, сепак во децата мора да се ивестира велат тие.

,,До сега тешко издржував со едното дете, и страв ме фаќа за двете деца. Се зависи од партиципацијата за второто дете."
Енормно го зголемивме запишувањето на студенти на техничките науки. Ги мотивиравме високо образовните установи да акредитираат нови студиски програми, за дизајн на кожа, дизајн и ентериер на мебел. Она што се соочуваме како проблем е немањето доволно информатичари, па тој дел го зголемивме

,,Тешко е, но како и секој родител, така и јас, можеби нешто сум си скратила што можеби сум можела како нормален свет да си го пружам, сум го скратила, не се жалам, но ете излегло на прав пат."

На родителите како што велат им останува само стравот, што после студиите. Прашањето: Дали нивните деца ќе најдат работа за која се обучувале?- чекаат времето да им го одговори.

,,Уште сега и самите деца се разочарани и не гледаат никаква иднина. Гледаат шанса надвор некаде."
,,По завршување следи вработување, колку тоа ќе се оствари и колку ќе биде успешно тешко е да се предвиди. Сите што работиме знаеме дека е тешко да си ја задржиш работата, а не за млад кадар."
,,Тешко е, ако не си партиски војник, не можеш да се вработиш."

Професорите велат дека сеуште не е направено истражување со кое ќе се знае колку од дипломиците се вработуваат или напредуваат во струката што ја одбрале. Според професорот Ацески само по десетина студенти успевааат да најдат работа.

,,Тој број е многу мал. Од проста причина што економијата не може да ги прими со таков интензитет и не може да направи разлика меѓу оние кои се квалитетни. Затоа што ние немаме таков систем за вреднување."

Министерот за образование Стојановски вели дека почнале да водат политика во делот на уписите. Во изминативе две години министертвото ги преработува конкурсите со цел да одговорат на потребите на пазарот на трудот.

,,Енормно го зголемивме запишувањето на студенти на техничките науки. Ги мотивиравме високо образовните установи да акредитираат нови студиски програми, за дизајн на кожа, дизајн и ентериер на мебел. Она што се соочуваме како проблем е немањето доволно информатичари, па тој дел го зголемивме."

Од минатата година владата започнапроект со отварање на дисперзирани студии. Нови дисперзирани студии од идната учебна година се отвараа на скопскиот архитектонски факултет кои ќе бидат лоцирани во Гостивар и Охрид. На Природно- математичкиоит факултет ќе бидта сместени во Крива паланка.Студентите за прв пат ќе можат да студираат Економскиот факултет во Струга. Градежниот факултет отвара диспезирани студии во Куманово и Битола. Но и со отварањето на дисперзираните судии се појави проблем.

,,Не беа исплатени пари, само дел од парите беа исплатени. Затоа беше отежната работата, но сега тоа ќе се реши. Тоа е една работа, а втора просторните услови, но сега и тоа е во фаза на решавање,"

вели ректорот на битолскиот универзитет „ Св.Климент Охридски “ , Златко Жоглев.

Отварањето на многу дисперзирани студии поранешниот министер за образование професорот Ненад Новковски ги оценува како бесполезни.

,,Со регионализацијата се намалуваат трошоците, но може да се намали квалитетот, а тоа не е потребно, трошоците пак не може да се намалат зашто со дисперзирање професорите треба да патуваат. Студентите не треба да патуваат, туку професорите, и тоа пак ќе го даде истиот трошок, а ќе го намали квалитетот. Нема никаква потреба за тоа."

Според податоците на агенцијата за вработување речиси осум проценти од невработените се со високо образование – дипломци, магистри и доктори на науки.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG