Достапни линкови

Македонските студенти со можност за студирање во странство


Студенти на неодамнешните студентски избори
Студенти на неодамнешните студентски избори

Преку програмата за студентска мобилност, студентите од битолскиот Универзитет имаат можност да заминат на доедукација во странство, а трошоците да бидат покриени преку разни фондови, проекти и стипендии. Проекти за мобилност на студенти се нудат преку Еразмос, Темпус, Фулбрајт програмите и други.

Она што пред неколку години претставуваше сон за студентите на битолскиот универзитет, сега станува реалност. До пред некоја година на факултетите во странство можеа да се запишат само студените чии родители имаа подлабок џеб. Сега преку програмите за студентска мобилност се овозможува запишаните на битолскиот универзитет да заминат на доедукација во странство, а трошоците да се покријат преку разни фондови, прокети и стипендии. Кредит трансфер системот овозможува семестрите слушани во Македонија да бидат признати и обратно.
Ова ни е можност да се запознаеме со европскиот образовен систем, но во странство да ги пренесиме и нашите искуства
од македонските факултети, квантумот на знаење кој го имаме, да разменуваме
искуства.


„Изборот е голем. Ова ни е можност да се запознаеме со европскиот образовен систем, но во странство да ги пренесиме и нашите искуства од македонските факултети, квантумот на знаење кој го имаме, да разменуваме искуства“, вели Дарко Милошевски, студент на битолскиот универзитет.

Проекти за мобилност на студенти се нудат преку Еразмос, Темпус, Фулбрајт програмите итн. Дел предвидуваат студирање на европските, а дел на американските универзитети.

Студенти слушаат предавање


„Дојдени сме да најдеме студенти кои се заинтересирани за еден бенефит да студираат на познати светски универзитети. Условите се едноставни, прво е нивната желба да се студира. Се бара познавање на англиски јазик, но не којзнае какво ниво, туку да можат да разбираат. Ние не бараме исклучиво студенти кои студираат само природно-математички науки или информатички, туку студенти од правни, педагошки науки. Со ова се опфајќаат сите студиски програми“, вели Џон Срфрс, претставник на програмите за студирање во САД.

Програмите овозможуваат и професионално усовршување на дипломирани кадри, односно магистерски студии, докторат и други истражувања. Од битолскиот универзитет Климент Охридски соопштуваат дека интересот за студирање во странство е голем, посебно со визната либерализација. При навалица, изборот се прави според просекот. Најголем е интересот за земји каде јазичната бариера е мала, па така студентите се најзагреани за продолжување на студиите во Словенија.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG