Од годинава студентите на битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“ ќе може преку студентска размена да учат на факултетите во земјите од Европската Унија. Европската комисија на овој универзитет му додели лиценца за вклучување во Еразмус-програмата која предвидува мобилност на студентите. Се очекува нејзината примена да започне во февруари, годинава, а ќе биде овозможена преку европскиот кредит трансфер систем кој дозволува на странски факултети да бидат признати кредитите што студентите ги добиваат слушајќи предмети во сопствената земја.
,,Персоналот тука контактира со универзитетот каде треба да се направи размената, се бираат студиските програми, предметите. Еден од условите е познавање на јазик. Се разбира студенти со повисок просек би имале предност кога би била конкуренцијата поголема. Но, тоа не е неоходен услов за да се оствари таквата размена. Обично ваквата мобилност се однесува на студенти од трета или четврта година."
вели Никола Крстановски од битолскиот универзитет. Предност кај оваа програма е што студентите може да учат на евроспките факултети без да плаќаат школарина.
,,Финансирањето оди преку Националната агенција за мобилност која ги обезбедува финансиските средства. Во рамките на Еразмус-програмата домаќинот универзитет не наплаќа школарина, а оваа програма обезбедува стипендија, која не го порива во целост, меѓутоа го помага престојот на студентот во странската земја."
појаснува Крстановски. Студентите имаат можност еден или два семестра да поминат на друг универзитет, како и по студирањето да заминат на стажирање во фирма од својата област во земјите од Унијата. Сепак, дали дипломата студентот ќе може да ја подигне на странскиот универзитет и дали ќе му бидат признати испитите положени тука ќе зависи од дговорот што ќе го потпишат универзитетите. Мобилноста освен за студентите, ќе важи и за професорскиот, административниот и истражувачкиот кадар на универзитетот. Целта е размена на искуства и усовршување на знаењата. Ваквите програми се составен дел од стратегијата за доживотно учење на Европската Унија во кои таа годинава ќе вложи 1,5 милиони евра.
Персоналот тука контактира со универзитетот каде треба да се направи размената, се бираат студиските програми, предметите. Еден од условите е познавање на јазик. Се разбира студенти со повисок просек би имале предност кога би била конкуренцијата поголема. Но, тоа не е неоходен услов за да се оствари таквата размена