Достапни линкови

Меѓуетнички проблеми во образованието


Жители од селото Секирци
Жители од селото Секирци

Жителите од село Секирци се закануваат со бојкот на наставата поради промена на името на училиштето од ,,Петре Глигуроски" во ,,Исмаил Ќемали".

Жителите на долненското село Секирци на протест се заканија дека нема да ги пуштат на настава нивните деца доколку во селското подрачно училиште не дојде министерот Никола Тодоров или друг претставник од ресорното министерство, за да им објасни зошто без нивно знаење и согласност името на школото е сменото. Наместо ,,Петре Глигуроски" како што со децении бил називот на училиштето во кое учат 40-ина ученици од прво до 4-то одделение, на крајот на првото полугодие името на училиштето било сменето во ,,Исмаил
Кога децата ги донесоа сведителствата дома беа удрени со печат од новото име. Тоа име не е прифатливо за нас од повеќе причини
Ќемали". Родителите и сите жители на селото се крајно револтирани зашто без нивна консултација и знаење на родителскиот совет се случила ваква промена и затоа што и по 8 месеци како што велат, Општина Долнени и Министерството остануваат глуви на нивните барања и петиции.

,,Проблемот за името е настанат по завршување на првото полугодие, затоа што до тој момент не се знаеше името дали е сменето или не е, кога децата ги донесоа сведителствата дома беа удрени со печат од новото име. Тоа име не е прифатливо за нас од повеќе причини."

Вели Ѓоре Ѓуроски, еден од жителите на Секирци. Мештаните велат дека не можат да најдат никаква поврзаност со новото име на училиштето Исмаил Ќемали, зашто во селото живеат само жители од македонска националност.

,,Нашето барање од страна на месното население и родителскиот совет не се согласува со тоа, затоа што, ние прво ниту национално, ниту историски, ниту од образовен аспект не не поврзува ова име што е дадено од Министерството и како такво го негираме. Не иницираме
Нашето барање од страна на месното население и родителскиот совет не се согласува со тоа, затоа што, ние прво ниту национално, ниту историски, ниту од образовен аспект не не поврзува ова име што е дадено од Министерството и како такво го негираме
политички ставови, не иницираме некои други проблеми, едноставно наш став е ова име не го сакаме и нема да го прифатиме."

Никој не ни кажува зошто?

Вели Тони Милески. Мештаните се револтирани зашто никој не сака со месеци да ги чуе нивните реакции и незадоволства. Сега тие се категорични, додека не се реши проблемот, ќе ја бојкотираат наставата во училиштето.

,,Да не водиме некој утрешни порадикализирани идеи, сакаме конкретно да дојдат претставници или од подрачната единица на Министерството или конкретно нека дојде заменик министер."

,,Од овие барања не отстапуваме, доколку во спротивно не се дојде до промена на името, бараме нашето училиште да појде под подрачна единица Ѓорче Петров во Ропотово, затоа што нашите деца од 5 до 8-мо одделение учат во Ропотово."

децидни се во ставот жителите на Секирци.Градоначалникот на Општина Долнени, Абдула Бајрамоски и покрај инсистирањето, не успеавме да го контактираме, а од Локалната самоуправа објаснуваат дека промената на називот на школото е резултат на регионализацијата на училиштата, но дека за тоа одлучува не Општината, туку Министерството во согласност со родителскиот совет.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG