Достапни линкови

Нови рамковни вработувања


Зградата на Владата на РМ
Зградата на Владата на РМ

Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор врачи решенија за вработување на 80 нови административци.

Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор денеска врачи решенија за вработување на 80 административци кои биле примени со последниот оглас, од кои 10 поради работното искуство, унапредени се на функција државни советници.
Како што информираше вице-премиерот за спроведување на рамковниот договор, Абдулаќим Адеми, државните советници се
Овој оглас е токму тоа што ние постојано го кажуваме и го најавуваме дека огласите кои ќе се реализираат во иднина однапред ќе бидат усогласени со другите државни институции и државните службеници што ќе се примат на тие огласи ќе знаат каде ќе работат
унапредени според законот за државни службеници, бидејќи тие ги исполнуваат сите услови за да работат на тие функции.

,,Овој оглас е токму тоа што ние постојано го кажуваме и го најавуваме дека огласите кои ќе се реализираат во иднина однапред ќе бидат усогласени со другите државни институции и државните службеници што ќе се примат на тие огласи ќе знаат каде ќе работат и во која институција ќе работат.“

Унапредените административци велат дека набрзо ќе започнат со работа. Арта Раховит кој досега работел во министертвото за транспорт и врски е унапреден во државен советник. Тој вели дека неговата мисија ќе биде следење на спроведувањето на Рамковниот договор.

,,Како прво тоа ќе биде во склоп на Министерството што значи во склоп на систематизацијата на самата институција да се види на кои места ќе бидеме распоредени како државни советници, бидејќи се знае дека секоја институција има по пет-шест советници.“

Останатите 70 државни службеници кои се примени по последниот оглас ќе бидат распределени во Собранието како преведувачи.
Само годинава, како обврска од Рамковниот договор, се примени вкупно 370 државни административци.Вториот оглас се очекува да биде распишан деновиве, со кој ќе бидат примени 250 Турци и Роми, а кон крајот на септември се очекува нов, за кој не се знае колку нови административци кои ќе бидат вработени.Но не сите ново вработени административци работат, дел од нив земаат плата и седат дома. Деновиве еден од нив зборуваше анонимно за Радио Слободна Европа. Нашиот соговорник вели дека две години како зема по 18 илјади денари месечно плата за седење дома.
Црпиме пари од државата без работа. ,,Лежи лебу да те јадам“


,,Црпиме пари од државата без работа. ,,Лежи лебу да те јадам“. Ние воопшто не сме виновни за тоа, гледаме каде што одиме по министерствата, има по 150 луѓе на договор на дело, без решенија работат, партиски војници, иако да бидам искрен и ние не сме непартиски. Обично каде што се министри македонци не враќаат назад, каде што се министри албанци преполно е и едноставно нема каде да не сместат, многу непријатно и ние се чувствуваме како пензионери.“

Професорот Борче Давитсковски вели дека вработувањето во јавната администрација согласно со Рамковниот договор е добра идеа, но има пропусти.

,,Идеата е добра, законските прописи се една работа, но имплементацијата односно операционализацијата на оваа идеа добива сосема друг правец. Мислам дека политиката многу се меша во ова. Ова е пред се стручно прашање.“

Во интервју за Радио Слободна Европа амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Хозе Луис Хереро вели дека рамковните вработувања не треба да предизвикуваат првработеност, туку да се прецизира бројката според потребите на администрацијата.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG