Достапни линкови

Не му го признаваат докторатот од Бугарија


Министерството за образование не го признава докторатот на Орданчо Пецов од бугарски универзитет.
Министерството за образование не го признава докторатот на Орданчо Пецов од бугарски универзитет.

Орданчо Пецов четири години работи како асистент на Правниот факултет во Кичево, но Министерството за образование не му го признава докторатот од Бугарија за да може да стане професор.

Шест месеци трае голготата на Орданчо Пецов, чиј докторат во Бугарија не му го признава Министерството за образование, под изговор, како што вели тој, дека не ги доставил потребните документи. Пецов веќе четири години работи како асистент по казнено право и казнено процесно право на факултетот во Кичево со дисперзирани студии во Битола и Струга. Тој вели дека е многу јасна причината зошто неговото барање е одбиено. Двајцата професори кои треба да заминат во пензија по предметите на кои тој е асистент не сакаат да се откажат од нивните месечни примања, а планираат и друг кандидат да ги замени.
Моменталните лица кои се за веднаш да заминат во пензија, се длабоко заинтересирани дипломата да не ми биде признаена, со цел да ги добиваат оние 45 илјади евра на годишно ниво, а како крајно решение планираат друг кандидат од Битола кој не е стручен по предметот казнено право, туку неговиот предмет се вика вовед во правото.
Орданчо Пецов.

„Моменталните лица кои се за веднаш да заминат во пензија, се длабоко заинтересирани дипломата да не ми биде признаена, со цел да ги добиваат оние 45 илјади евра на годишно ниво, а како крајно решение планираат друг кандидат од Битола кој не е стручен по предметот казнено право, туку неговиот предмет се вика вовед во правото.“

Од Министерството за образование, пак, велат дека кандидатот не ги доставил потребните документи, односно два објавени рецензирани научноистражувачки труда како прв автор во меѓународни научни списанија, како и доказ дека студиите траеле најмалку три години. Пецов вели дека неговата диплома е заверена од сите надлежни институции во Бугарија.

„Сето тоа за таканаречените државни службеници во Министерството за образование во Македонија не е доволно и постојано нешто изнаоѓаат.“

Комисијата која била поставена од Министерството за образование му побарала и дополнителни потврди, кога е пријавен и одобрен докторатот и програма за пријавување оценка и одбрана.

„На кое што потоа при поединечниот контакт со секој од членовите на оваа комисија и самите не го знаеја значењето на тој термин - програма за пријавување, оценка и одбрана, тоа е нешто невидено“, вели Пецов.

Тој вели дека Македонија и Бугарија имаат склучено спогодба за признавање на дипломите издадени во двете држави. Според него, иако Македонија е потписник, не ја почитува спогодбата со тоа што игнорира одредбите кои велат дека во рок од три месеци дипломата треба да биде признаена, при што го крши не само меѓународното, туку и внатрешното право за високо образование.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG