Ива Додевска е студентка на интердисциплинирани студии за новинарство на Правниот факултет во Скопје. Се запишала лани како редовен студент со партиципација од 200 евра. На радоста и немало крај, раскажува таа. Но, финансиските проекции за тоа колку всушност ќе ја чини студирањето, набрзо покажале дека се многу поразлични од планираните. Така на пример покрај годишната партиципација, постојат многу други дополнителни трошоци за студентите, на пример 1500 денари за електронски индекс, 400 за обнова на книжен фонд, 200 за штета на сметка, 300 за прирачник, 750 денари за информативно-културно-спортски активности, 1000 за казнена сесија, 1000 за пријави и таксена марка и многу други.
„Мал милион трошоци што не ни знаеме каде одат, на пример за штета на сметка, за книжен фонд, за обезбедување исто така се плаќаше едно време, за информативни, културни и спортски активности а ништо од тие три работи не сме виделе. Секој испит, секоја пријава, административните такси ги направија по банка да се плаќаат, а банките дополнително си наплаќаат провизија. И најмалото ливченце чино по 30, 50 денари, значи трошоци се еден куп кога ќе се соберат.“
Но тоа не е се, се жали Ива. Покрај овие трошоци, студирањето по кредит-трансфер системот, му зададе дополнителен удар на студентскиот буџет. Па така на пример, студентите на Правен факултет веќе немаат по три сесии за да го положат испитот пред да мораат да го презапишат, како што е на другите факултети; овде ако еднаш се паднат колоквиумите, тогаш се дава термин за поправен колоквиум (најчесто во текот на истата недела) и ако втор пат се падне, студентот, без воопшто да оди на испит, автоматски го презапишува предметот по цена од 8 евра по кредит. Ако, пак, успее да ги положи колоквиумите и потоа падне на испитот, има една шанса да го преполага испитот, по што, доколку го падне, исто така мора да го презапише предметот. Еве ја математиката, ако илјада студенти во само еден семестар запишат по еден предмет кој тежи 8 евра по 5 кредити, на сметката на факултетот се слеваат 40.000 евра повеќе за само еден семестар.
„И тоа беше целиот проблем, многу од студентите ги презапишуваат предметите зошто колоквиумите ни се од по 15 прашања кои понекогаш се без врска, понекогаш се проблематични, некогаш е згрешен клучот, некогаш компјутерите не работат, буквално чиста процедуралност, а сепак ни се услов за испит“, вели Додевска.
Слично искуства има и студентката Радмила Ванкоска од Филозофскиот факултет во Скопје. И на тој факултет е голем бројот на административни такси за студентите. Ако не се плати навреме партиципацијата од 100 евра по семестар, се наплаќаат казни кои чинат половина од сумата, вели Ванкоска.
„Се наплаќаат казни, многу бизарни казни за еден ден задоцнување за плаќање партиципација, а студентските прашања се полни со студенти и не се постигнува за пет дена сите да завршиме работа.“
За овие проблеми слушнал и Студентскиот парламент при Универзитетот Свети Кирил и Методиј. Неговиот претседател Иван Живковски уверува дека прават се што е во нивна можност да ги заштитат студентите од дополнителните трошоци при студирање.
„Имаше стигнато поплаки за некој дел за факултетите во кој на своја рака наплаќаат некои додатни работи, изнаоѓаат форма за додатно да соберат приход, меѓутоа тие приходи не беа во согласност со конкурсот за упис на студенти за академската 2011/2012-та. Веднаш по наше реагирање тие приходи беа сопрени.“
Живковски вели дека на нивна иницијатива била донесена одлука за добивање бесплатни индекси за сите студенти од оваа учебна година. Вели дека нивните идеи и предлози наидуваат на разбирање од министерството за образование и ректоратот.
„Не секогаш сме успевале, меѓутоа генерално со ректоратот на универзитетот имаме можам да оценам солидна соработка, во многу наврати ни имаат излезено во пресрет.“
За разлика од приказните на студентите, деканите на одделни факултети сметаат дека трошоците и не се така големи. Деканот на Правниот факултет Борче Давитковски вели дека факултетот го почитува унифицираниот тарифник кој е усвоен од Сенатот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј.
„Имаме единствен ценовник по кој мораме да постапуваме, бидејќи инспекција кај нас постојано доаѓа. Мислам дека тоа е багателно, ние сме должни, дури и индексите бесплатно им ги даваме“, вели деканот Давитковски.
Иако и универзитетот Гоце Делчев е под државна капа и во него влегуваат 13 факултети, таму важат поинакви правила за студентите. Деканот на Земјоделскиот факултет при овој Универзитет, Илија Каров, уверува дека студирањето таму е многу поевтино од другите државни факултети.
„Точно е дека студентите плаќаат по 100 евра на семестар, тоа е за редовните студенти, меѓутоа сите оние студенти што студираат на дисперзираните студии во Свети Николе, Кавадарци, Струмица, плаќаат 50 евра за семестар.“
Каров вели дека иако ја применуваат Болоњската декларација и работат по Европскиот кредит трансфер систем, полагањето на испити не се одвива како на другите факултети. Наместо да се презапишува предметот и за него да се плаќаат неколку евра по кредит, студентот кој трипати не положил, полага пред испитна комисија и за тоа плаќа 150 денари.
„Полагањето пред комисија мислам дека беше 150 или 200 денари, меѓутоа не по кредити.“
Но, што од сумата која што студентите ја плаќаат добиваат како услуга? Студентите велат дека се случува во предавалните да нема доволно столчиња за сите кои сакаат да ја следат наставата, се случува понекогаш да не работи парното греење, а многу честа појава е да нема материјали за практична работа и опрема која што е потребна за изведување на практичната настава на Медицински, Природно-математички, Машински, Технолошки итн.
„Реновираат нешто, варосуваат ѕидови, само тоа се голи поправки“, вели студентката Радмила.
Деканот на Земјоделскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев, Каров, вели дека катедрата за заштита на растенијата и животната средина е една од најдобро опремените на Балканот.
„Ние сме акредитирана лабораторија. Студентите можат да ги видат најновите достигнувања во науката и на нашите професори што прават и истражуваат, како и да ја видат најновата опрема, почнувајќи од најсовремени светлосни микроскопи, електронски микроскоп и со сите други потребни инструменти што се неопходни за современи истражувања.“
Универзитетскиот професор Илија Ацески вели дека студентите не добиваат доволно знаење и квалитетна настава за цената на своето студирање. Можете да платите 200 денари и да не добиете ништо за тоа што сте го платиле, но понекогаш и неколку илјади евра нема да бидат многу, ако за нив добиете квалитетна и добра услуга, вели Ацески.
„И сега се создава една ситуација на двојни, тројни колосеци, од една страна имате добар дел на факултети кои се финансираат од плаќања од студентот и добивање од државата и средства кои главно се добиваат од магистерските и докторските студии, така да еден дел од факултетите што сега се атрактивни , тие добиваат екстра профит, а од друга страна некои што не се тоа беа останати на преживување.“
Покрај тоа што Радмила е студентка, таа е и член на невладината Слободен индекс. Вели дека досегашните напори да направат промени во насока на намалување на студентските трошоци завршуваат без конкретни резултати и разбирање од страна на надлежните.
„Надлежните тврдат дека е невозможно високото образование да е бесплатно. Тоа е малку смешно бидејќи и самите тие завршиле факултет во време кога високото образование било бесплатно. А ние плаќаме, нашите родители плаќаат, плаќаме даноци, имаме секојдневни трошоци кон државата, буџетот се полни и полни и полни, а тие пари се распределени не фер, бидејќи повеќе пари се испраќаат за војниците во Авганистан, отколку за образованието на студентите тука, ние сме иднината на државата.“
Дали професорите можат да ги заштитат сегашните и идни студенти? Ацески вели дека тоа не може да се случи додека владее разединетост кај професорската фела. Има професори кои заработуваат многу повеќе од месечните плати, вели професорот, а голем бизнис стана и менторството на магистерски и докторски студии. Има професори кои се ментори и на повеќе од 50-тина кандидати за магистри или доктори, што е временски невозможно да се спроведе, вели Ацески. Од секое менторство професорот добива екстра приход и влегуваме во затворен круг, кој го ослабува квалитетот на образованието, посочува Ацески.
„Имате да речеме во однос на дипломските, магистерските работи професори кои имаат по 10 -15 некаде зборуваат и за 20 докторати и да десетици магистратури, претпоставете ја сега таа ситуација колку сега еден професор може нив да ги сервисира.“
Според неофицијални извори највисоката плата која ја зема универзитетски професор на државниот универзитет Св. Кирил и Методиј е 177 илјади денари, односно околу 2.800 евра. Токму овој податок, за поранешниот министер за образование Никола Тодоров бил една од причините поради кои било одлучено да се намали школарината што ја плаќаат студентите.
„Одговорните на факултетите остваруваат милионски суми од студентите, а досега не е направена ниту една зграда. Автономијата на универзитетите не значи дека деканите со студентските пари можат да прават што сакаат“, изјави во тоа време Тодоров.
Но дополнителните приходи што ги добиваат професорите одговорните во ректоратите ги правдаат со новиот начин на студирање, кој го зголемил обемот на нивната работа.
Според нив, европскиот кредит-трансфер систем доведе до значително зголемен ангажман на професорите, кои мораат да бидат платени за тоа. Уште еден начин од кој заработуваат професорите на грбот на студентите е и практиката на продавање на свои учебници која е широко распространета на одредени факултети.
На пример, студенти на некои факултети во Скопје се жалат дека буквално се принудени да купат книга од професорот кај кој треба да го полагаат испитот, а ако тоа не го направата може да не добијат преодна оценка. Некои од тие учебници чинат и до 3000 денари. Деканот на Правен факултет Давитковски вели дека оваа пракса е строго забранета на факултетот.
„Студентите сите нас не евалуираат двапати, на семестар се евалуираме и дури имаме прашања дали професорот ве тера да купите книги. Тоа дефинитивно барем кај мене го нема, на времето го имаше.“
На универзитетот Гоце Делчев од Штип цената на учебниците се движи од 100 до 600 денари. Деканот на Земјоделски, Каров уверува дека постојат санкции за професорите кои ќе се обидат да продаваат учебници на своите студенти, а од оваа година сите учебници ги има во електронска верзија и истите им се достапни на студентите.
„Кај нас не постои можност за злоупотреба токму заради тоа што имаше случаи во Република Македонија да се продаваат учебници по студентите. Ние првите години имавме комисија и секој учебник што требаше да влезе во скриптарата на Универзитетот Гоце Делчев , комисијата ја одредуваше цената.“
Една од анализите на Младинскиот образовен форум покажа дека голем број студенти се соочиле со веројатноста од паѓање на испит, ако пред тоа не го купиле учебникот на професорот кај кој полагале, но дека ваквиот тип корупција во високото образование не го пријавуваат, поради страв од можни реперкусии во текот на нивното натамошно студирање. Истата организација спровела истражување кое покажало дека речиси 90 проценти од студентите на Скопскиот Универзитет сметаат дека има корупција и при уписите на факултет, а висок процент од 79 отсто биле дел од таа пракса на давање поткуп за да се запишат на факултет, за да добијат легло во студентски дом или да добијат стипендија.
За тоа дали постои простор за намалување на студентските давачи во рамките на студирањето, го прашавме и ректорот на Скопскиот Универзитет, Велимир Стојковски. Дополнителните трошоци ги дефинира секој факултет поединечно, следствено на тоа ректоратот нема никаков удел ниту во прибирањето ниту во трошењето на тие средства, рече Стојковски.
„Сите други трошоци кои се плаќаат од страна на студентот се дефинирани согласно еден акт кој го има верифицирано Советот за финансирање на високото образование во онаа време кога функционираше и тие се унифицирани за сите јавни универзитети во Македонија.“
Ректоратот исто така немал влијание и на практиката на плаќање на испитите по кредит, којашто се спроведува на факултетите кои го спроведуваат европскиот кредит-трансфер систем.
„Постоечкиот правилник по кој се наплаќаат овие работи е донесен во време кога функционираше Советот за финансирање, а кога не се студираше по Болоња, така што сега имаме една ситуација кога имаме еден правилник кој не е што процентно функционален, бидејќи имате ставки кои ги имало во тој систем на студирање, а сега ги нема. А од друга страна имате ситуација кога треба да наплатите нема правилник по кој треба да наплатите, на пример таму не стојат кредити, затоа што во тоа време кога е донесен правилникот немало кредити, а сега има“, образложува ректорот Стојковски.
Кај нас, исклучително мал број студенти добиваат стипендии, а уште поретки се месечните парични износи што ги одделува државата за талентираните. Оттаму, студирањето во зависност од можностите, за голем дел од населението е вистински луксуз.
Особено, ако се студира надвор од местото на живеење и доколку се плаќа приватно сместување. И покрај лошите услови на сместување, своевидно олеснување за семејниот буџет претставува сместувањето во студентските домови. Или како што вели една од нашите соговорнички студентки: Од моментот кога цената на партиципацијата беше намалена, образованието никогаш не било поскапо!“
Мал милион трошоци што не ни знаеме каде одат, на пример за штета на сметка, за книжен фонд, за обезбедување исто така се плаќаше едно време, за информативни, културни и спортски активности а ништо од тие три работи не сме виделе. Секој испит, секоја пријава, административните такси ги направија по банка да се плаќаат, а банките дополнително си наплаќаат провизија. И најмалото ливченце чино по 30, 50 денари, значи трошоци се еден куп кога ќе се соберат.Ива Додевска, студентка.
„Мал милион трошоци што не ни знаеме каде одат, на пример за штета на сметка, за книжен фонд, за обезбедување исто така се плаќаше едно време, за информативни, културни и спортски активности а ништо од тие три работи не сме виделе. Секој испит, секоја пријава, административните такси ги направија по банка да се плаќаат, а банките дополнително си наплаќаат провизија. И најмалото ливченце чино по 30, 50 денари, значи трошоци се еден куп кога ќе се соберат.“
Се наплаќаат казни, многу бизарни казни за еден ден задоцнување за плаќање партиципација, а студентските прашања се полни со студенти и не се постигнува за пет дена сите да завршиме работа.Радмила Ванкоска, студентка.
„И тоа беше целиот проблем, многу од студентите ги презапишуваат предметите зошто колоквиумите ни се од по 15 прашања кои понекогаш се без врска, понекогаш се проблематични, некогаш е згрешен клучот, некогаш компјутерите не работат, буквално чиста процедуралност, а сепак ни се услов за испит“, вели Додевска.
Имаше стигнато поплаки за некој дел за факултетите во кој на своја рака наплаќаат некои додатни работи, изнаоѓаат форма за додатно да соберат приход, меѓутоа тие приходи не беа во согласност со конкурсот за упис на студенти за академската 2011/2012-та. Веднаш по наше реагирање тие приходи беа сопрени.Иван Живковски, претседател на Студентски парламент на УКИМ.
Слично искуства има и студентката Радмила Ванкоска од Филозофскиот факултет во Скопје. И на тој факултет е голем бројот на административни такси за студентите. Ако не се плати навреме партиципацијата од 100 евра по семестар, се наплаќаат казни кои чинат половина од сумата, вели Ванкоска.
„Се наплаќаат казни, многу бизарни казни за еден ден задоцнување за плаќање партиципација, а студентските прашања се полни со студенти и не се постигнува за пет дена сите да завршиме работа.“
За овие проблеми слушнал и Студентскиот парламент при Универзитетот Свети Кирил и Методиј. Неговиот претседател Иван Живковски уверува дека прават се што е во нивна можност да ги заштитат студентите од дополнителните трошоци при студирање.
„Имаше стигнато поплаки за некој дел за факултетите во кој на своја рака наплаќаат некои додатни работи, изнаоѓаат форма за додатно да соберат приход, меѓутоа тие приходи не беа во согласност со конкурсот за упис на студенти за академската 2011/2012-та. Веднаш по наше реагирање тие приходи беа сопрени.“
Имаме единствен ценовник по кој мораме да постапуваме, бидејќи инспекција кај нас постојано доаѓа. Мислам дека тоа е багателно, ние сме должни, дури и индексите бесплатно им ги даваме.Борче Давитковски, декан на Правниот факултет на УКИМ.
Живковски вели дека на нивна иницијатива била донесена одлука за добивање бесплатни индекси за сите студенти од оваа учебна година. Вели дека нивните идеи и предлози наидуваат на разбирање од министерството за образование и ректоратот.
„Не секогаш сме успевале, меѓутоа генерално со ректоратот на универзитетот имаме можам да оценам солидна соработка, во многу наврати ни имаат излезено во пресрет.“
За разлика од приказните на студентите, деканите на одделни факултети сметаат дека трошоците и не се така големи. Деканот на Правниот факултет Борче Давитковски вели дека факултетот го почитува унифицираниот тарифник кој е усвоен од Сенатот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј.
„Имаме единствен ценовник по кој мораме да постапуваме, бидејќи инспекција кај нас постојано доаѓа. Мислам дека тоа е багателно, ние сме должни, дури и индексите бесплатно им ги даваме“, вели деканот Давитковски.
Точно е дека студентите плаќаат по 100 евра на семестар, тоа е за редовните студенти, меѓутоа сите оние студенти што студираат на дисперзираните студии во Свети Николе, Кавадарци, Струмица, плаќаат 50 евра за семестар.Илија Каров, декан на Земјоделскиот факултет на штипскиот универзитет Гоце Делчев.
Иако и универзитетот Гоце Делчев е под државна капа и во него влегуваат 13 факултети, таму важат поинакви правила за студентите. Деканот на Земјоделскиот факултет при овој Универзитет, Илија Каров, уверува дека студирањето таму е многу поевтино од другите државни факултети.
„Точно е дека студентите плаќаат по 100 евра на семестар, тоа е за редовните студенти, меѓутоа сите оние студенти што студираат на дисперзираните студии во Свети Николе, Кавадарци, Струмица, плаќаат 50 евра за семестар.“
Каров вели дека иако ја применуваат Болоњската декларација и работат по Европскиот кредит трансфер систем, полагањето на испити не се одвива како на другите факултети. Наместо да се презапишува предметот и за него да се плаќаат неколку евра по кредит, студентот кој трипати не положил, полага пред испитна комисија и за тоа плаќа 150 денари.
И сега се создава една ситуација на двојни, тројни колосеци, од една страна имате добар дел на факултети кои се финансираат од плаќања од студентот и добивање од државата и средства кои главно се добиваат од магистерските и докторските студии, така да еден дел од факултетите што сега се атрактивни , тие добиваат екстра профит, а од друга страна некои што не се тоа беа останати на преживување.
Илија Ацески, универзитетски професор.
„Полагањето пред комисија мислам дека беше 150 или 200 денари, меѓутоа не по кредити.“
Но, што од сумата која што студентите ја плаќаат добиваат како услуга? Студентите велат дека се случува во предавалните да нема доволно столчиња за сите кои сакаат да ја следат наставата, се случува понекогаш да не работи парното греење, а многу честа појава е да нема материјали за практична работа и опрема која што е потребна за изведување на практичната настава на Медицински, Природно-математички, Машински, Технолошки итн.
„Реновираат нешто, варосуваат ѕидови, само тоа се голи поправки“, вели студентката Радмила.
Деканот на Земјоделскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев, Каров, вели дека катедрата за заштита на растенијата и животната средина е една од најдобро опремените на Балканот.
„Ние сме акредитирана лабораторија. Студентите можат да ги видат најновите достигнувања во науката и на нашите професори што прават и истражуваат, како и да ја видат најновата опрема, почнувајќи од најсовремени светлосни микроскопи, електронски микроскоп и со сите други потребни инструменти што се неопходни за современи истражувања.“
Постоечкиот правилник по кој се наплаќаат овие работи е донесен во време кога функционираше Советот за финансирање, а кога не се студираше по Болоња, така што сега имаме една ситуација кога имаме еден правилник кој не е што процентно функционален, бидејќи имате ставки кои ги имало во тој систем на студирање, а сега ги нема. А од друга страна имате ситуација кога треба да наплатите нема правилник по кој треба да наплатите, на пример таму не стојат кредити, затоа што во тоа време кога е донесен правилникот немало кредити, а сега има.Велимир Стојковски, ректор на УКИМ.