Достапни линкови

Универзитетите остануваат автономни


Министерот за образование Панче Кралев и ректорот на универзитетот Св. Кирил и Методиј, Велимир Стојковски.
Министерот за образование Панче Кралев и ректорот на универзитетот Св. Кирил и Методиј, Велимир Стојковски.

Уставниот суд оспори повеќе одредби од Законот за високо образование со кои се задира во автономијата на универзитетите.

Автономијата на универзитетите повторно се актуелизира во јавноста, откако Уставниот суд почна да ги разгледува двата приговори со кои се оспоруваат десетина членови на Законот за високо образование. Дел од професорите забележуваат дека по последните измени, со одредени законски одредби се загрозува автономијата на универзитетот.
Автономијата во современи услови е концентрирана кај професорот и затоа треба да постојат соодветни ресурси на ниво на индивидуата на професорот, сите ресурси за реализација на автономијата треба да му бидат достапни на поединецот.
Ненад Новковски, универзитетски професор.

Екс-министерот за образование и универзитетски професор Ненад Новковски забележува дека повеќето интерпретации на автономијата на високообразовните институции се застарени. Суштината е во слобода на творештво, вели Новковски:

„Автономијата во современи услови е концентрирана кај професорот и затоа треба да постојат соодветни ресурси на ниво на индивидуата на професорот, сите ресурси за реализација на автономијата треба да му бидат достапни на поединецот.“
Студентски протести
Студентски протести

Државата го финансира универзитетот, со што институцијата е должна да дава отчет за трошењето на парите, објаснува Новковски.

„Но, треба да располага слободно со сопствените приходи, соодветно на намените за кои тие се дадени, не смее да се пренаменува, ниту универзитетската власт, ниту
Не можеме ние да се играме играчки со законите, не може едни членови да гарантираат нешто, а други членови да ги укинуваат потоа на ваков начин слободите дадени и гарантирани со претходните членови.
Владимир Петрушевски, универзитетски професор.

државата не смее да кажува како да се пренаменуваат сретствата добиени за определени намени.“

Професор Владимир Петрушевски вели дека без автономија, универзитетот не може да работи како слободен субјект:

„Еве, јас да речеме ги разбирам мотивите на претходниот министер, тој сакал да создаде, да наметне сериозни критериуми, и јас за тие критериуми секојпат би кренал рака, ако тие потекнуваат од мојот универзитет, зошто секој универзитет треба да постави онакви правила на игра какви што може да испочитува. Ако вие сакате да ги наметнете, тогаш вие упаѓате во нешто, што претходно истиот тој закон го регулирал како прашање за кое секој универзитет автономоно одлучува.“

Постои и дополнителен проблем, вели Петрушевски:

„Не можеме ние да се играме играчки со законите. Не може едни членови да гарантираат нешто, а други членови да ги укинуваат потоа на ваков начин слободите дадени и гарантирани со претходните членови.“

Министерот Панче Кралев, потсетувајќи дека задача на Уставниот суд е да ја преиспитува уставноста на сите донесени закони, рече дека Министерството стои зад легислативата.
XS
SM
MD
LG