Достапни линкови

Медицински звања само за на хартија


Медицинска сестра во Битолската болница
Медицинска сестра во Битолската болница

Постои расчекор меѓу дипломата и работното место на медицинските сестри, се жалат оние кои завршиле на Високата медицинска школа во Битола. Тие реагираат дека не е мал бројот на оние кои завршиле висока школа, а на работните места низ повеќе здравствени установи низ земјата се водат со средно медицинско образование.

Постои расчекор меѓу систематизирањето на работните места во дел од здравствените установи во земјава и звањата што ги добиваат медицинските сестри школувајќи се на Високата медицинска школа во Битола. Тие реагираат дека не е мал бројот на оние кои завршиле висока школа, а на работните места низ повеќе здравствени установи низ земјата се водат со средно медицинско образование. Со тоа платата месечно во просек им е пониска за неколку илјади денари од онаа што би ја добивале ако им се признае високата школа.
Се уште во нашата општа болница нашите дипломи не се признати и не не плаќаат според образованието.
Неименувана медицинска сестра која завршила високо образование.

Клиничка болница во Битола.
Клиничка болница во Битола.
„Секаде во Република Македонија дипломата од високата школа не е призната. Се уште во нашата општа болница нашите дипломи не се признати и не не плаќаат според образованието“, вели медицинска сестра која завршила високо образование.
Тој расчекор меѓу систематизирањето на работните места во здравствните организации прави револт кај дипломираните.
Стојна Ристевска, директорка на Високата медицинска школа во Битола.

Од Високата медицинска школа во Битола велат дека дипломите ги признава Министерството за образование, а и во правилниците од Министерството за здравство се предвидени овие професии. Но, дали ќе вработуваат медицински сестри со средно или високо образование зависи од систематизацијата на
здравствените установи.

„Тие треба сега да ги усогласат своите систематизации со Министерството за здравство и со ингеренциите кои се дадени во дипломите и тоа да го работат. Тој расчекор меѓу систематизирањето на работните места во здравствните организации прави револт кај дипломираните. Но, работните организации се уште мируваат најверојатно заради материјалните средства“, изјави Стојна Ристевска, директорка на Високата медицинска школа во Битола.

Од јавните здравствени установи во Битола велат дека условите на конкурсите за вработување на медицински кадар ги пропишува Министерството за здравство. Kога би се барале сестри со високо образование, тоа би значело некои од сестрите да се фаворизираат, а други не, вака сите добиваат еднаков третман. И покрај, расчекорот меѓу дипломата и работното место на медицинските
сестри, на Високата школа во Битола организирани се и 15 специјалистички
студии.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG