Достапни линкови

Само здравите задоволни од македонското здравство


Народот, со причина вели, господ здравје да ти даде. За операција се чека и по неколку месеци, под услов, да ви постават вистинска дијагноза.

Што и да купите, што и да направите, народов наш ќе ви рече со здравје да си тераш понатаму, дали е тоа нов стан, па со здравје да си живеете во него или тоа е нов автомобил кој со здравје треба да го возите или, пак, ново парче облека кое се разбира дека треба со здравје да си го носите. Во добро и во зло, народот наш секогаш бара само здравје, не среќа, не пари, не љубов, туку здравје. Имајќи предвид каков е македонскиот здравствен систем, станува јасна клетвата што им се кажува на душманите „да даде господ само по лекари да одиш“.
Замисли да ми го уништеа ова бебе без да ме прегледаат, што ли ќе требаше да им направам тогаш!? Катастрофална грешка, строго непрофесионално работат. Не сум задоволна ни од болничарките ни од сестрите од никого, само докторите се супер, тие што знаат, што разбираат, инаку другите се неписмени, катастрофално.
Анкетирана пациентка.

Деновиве низ медиумите се прикажува серијалот од турнејата на министерот за здравство Никола Тодоров низ Македонија и градските болници. На телевизиите се уште се емитува рекламата за новите инвестиции во здравството .

„Здравјето е нашето најголемо богатство, затоа инвестираме преку 100 милиони евра за модернизација, компјутеризација и подобрување на условите во 40 здравствени установи во 18 градови ширум Макеоднија“, вели машкиот глас од рекламата.
Илустрација.
Илустрација.

Господ здравје да ти даде, инаку...

Па и ние решивме да посетиме една клиника за да провериме каква е навистина состојбата со здравството во земјава. Не отидовме толку далеку како министерот, до Битола или до Штип , ние го посетивме скопскиот клинички центар и се разбира сликата е многу поинаква од онаа што се прикажува.
Ни пречи тоа што од друг град доаѓаме и три пати не враќаат. Не вратија за упат, ни кажа дека требало специјалистички, извадивме таков, не вратија и ни рекоа дека требало од матичен лекар, извадивме и таков, не прегледаа и не упатија на снимање на ренген, таму ни закажаа за друг ден. Ни велат преспијте тука, каде да преспијам!? Ако има некое медицинско лице да отидеме дома кај него да преспиеме. Па немеме пари да доаѓаме и да се враќаме, ако не завршиме, другиот месец.
Соња Сандева, пациентка од Штип.

Пациенти кои роднини ги возат во колички или во кревети од еден до друг институт, метеж пред шалтерите, нервозни луѓе кои немаат од каде да најдат инфомации каде треба да се обратат, нечисти или, пак, заклучени тоалети, веројатно наменети само за персоналот. Луѓе кои разочарани излегуваат од Онкологија, затоа што треба да живеат во неизвесност и страв од прашањето дали и тие боледуваат од рак затоа што одговорот ќе го добијат откако ќе им се направи биопсија, која им е закажана за два месеци.

Ако треба да проверите каква ви е состојбата со шеќерот во крвта, тогаш ќе треба да дојдете еден час пред почетокот на работното време на лекарите во Ендокринологија за да си фатите ред, затоа што веќе во 7 и 30 ќе има најмалку десетмина што се пред вас, а за контрола спремете се дека тоа ќе потрае.

Состојбата е слична и на Хематологија. Таму веќе во 9 часот има околу 50 луѓе кои чекаат, па оние пациенти кои имаат предност, како трудници и луѓе со инвалидитет, имаат право по секој трет пациент да влезат кај лекарот.
Клиничкиот центар во Скопје.
Клиничкиот центар во Скопје.

Секое доаѓање е трошок. Сега само за пат те чини 1.200 до 1.500 денари. Вообичаено рано се доаѓа и ако седнеш и нешто да ручаш, тогаш испод 50 евра не си.
Трајче Стојановски, роднина на пациент од Штип.
Кога ја посетивме Гинеколошката клиника не застана една млада жена која е во втор месец од својата бременост и ни ја раскажа својата приказна. Идната мајка сакаше да остане анонимна затоа што уште 7 месеци ќе треба да се лекува таму, но ни кажа дека е незадоволна од целиот здравствен систем. Нејзиното патешетствие започнало во приватна клиника каде што и дијагностицирале дека носи близначиња од кои едното се развива надвор од матката. Таквата дијагноза ја потврдиле и во државната клиника, но пред да и направат оперативен зафат, откриле дека станува збор за лекарска грешка и дека носи само едно бебе кое е здраво.

„Замисли да ми го уништеа ова бебе без да ме прегледаат, што ли ќе требаше да им направам тогаш!? Катастрофална грешка, строго непрофесионално работат. Не сум задоволна ни од болничарките ни од сестрите од никого, само докторите се супер, тие што знаат, што разбираат, инаку другите се неписмени, катастрофално.“

Таа додава дека често се случува од приватните клиники, при каква било компликација, да ги препраќаат пациентите во државните клиники. Таа се жали и дека условите во кои пресојуваат пациентите и вели дека тоа е вистински кошмар.

„Условите се катастрофа, има бубашваби толкави, за чисто мислам бришат жените, но има многу големи бубачки и не спиеме по цела ноќ, а храната е катрастофа, јас ништо не јадам од тука.“


Голгота за пациентите од внатрешноста

Незадоволна од здравствениот систем е и штипјанка Соња Сандева која се нервира со постојаните промени во системот. Таа вели дека со пациентите се прават експеримети - колку можат да издржат и да ги следат реформите.

„Ни пречи тоа што од друг град доаѓаме и три пати не враќаат. Не вратија за упат, ни кажа дека требало специјалистички, извадивме таков, не вратија и ни рекоа дека требало од матичен лекар, извадивме и таков, не прегледаа и не упатија на снимање на ренген, таму ни закажаа за друг ден. Ни велат преспијте тука, каде да преспијам!? Ако има некое медицинско лице да отидеме дома кај него да преспиеме. Па немеме пари да доаѓаме и да се враќаме, ако не завршиме, другиот месец.“

Сличен проблем има и нејзиниот сограѓанин Трајче Стојановски кој е невработен и доаѓа до Скопје само за контрола на неговото неколкумесечно синче. Тој им порачува на луѓето подобро да си го чуваат здравјето, затоа што е тешко и скапо да се влече човек по лекарските лавиринти.

„Па да, баш е тешко, особено за нас што не сме од Скопје, секое доаѓање е трошок. Сега само за пат те чини 1.200 до 1.500 денари. Вообичаено рано се доаѓа и ако седнеш и нешто да ручаш, тогаш испод 50 евра не си.“

Тој не знае зошто наместо да се лекува во својот град, од клиниката го праќаат во Скопје, но послушно го прави тоа.

„Мислам и ние имаме клиника, но не знам зошто така, тука е оперирана жена ми и не праќаат тука на контрола, ова ни е веќе четврти пат.“

Неговата сограѓанка Соња Сандева, пак, вели дека во Штип веќе и нема доволно медицински кадар кој може да им понуди квалитетна услуга. Младите доктори не сакаат да работат за мала плата, а дел од старите се веќе или во пензија или умреле, се жали таа.

„Изумреа сите доктори, Батева почина, Черкезова уште на времето почина, младите сега не ги прифаќаат условите, сите бегаат на страна. Во Штип има повеќе приватни, отколку државни, но многу малку се приватни.“

РСЕ: Се исплати ли да одите на приватен лекар, какви се цените во однос на државните?

„Сега за сега се многу фини, речиси исти се цените. Ако сакаш крв да испиташ, цената е иста дури и кај приватните во секое време има реагенс, а кај државните нема доволно, па може да те враќаат неколку пати за реагенси.“

Несовесен персонал и бескрајно чекање

Хусен Талехмат е студент кој, со своите родители од Јордан, се преселил во Македонија и се запишал на медицинските студии во Скопје. Тој очекува многу од студиите и докторската иднина, но набрзо се соочил со реалноста. Вели дека забележал какви грешки се прават на Онколошката клиника.

„Како да ти кажам, прават многу грешки со хемотерапијата и со зрачењето, само што не можеш да се мешаш во тие работи.“
Возилата постари од дел од лекарите.
Возилата постари од дел од лекарите.

Мајка ми се лекуваше тука, болна е од рак и доби притисок од 220 само поради хемотерапијата која и ја даваа на една артерија. Не можеш на човек да му дадеш 12 шишиња хемотерапија на една артерија, ќе му пукне артеријата. Прават грешки само што нема кој да ги гледа тие грешки.
Хусен Талехмат, студент по медицина.
РСЕ: Кој ги прави тие грешки?
Молекула на хемотерапијата за рак.
Молекула на хемотерапијата за рак.

„Сестрите или докторите. Мајка ми се лекуваше тука, болна е од рак и доби притисок од 220 само поради хемотерапијата која и ја даваа на една артерија. Не можеш на човек да му дадеш 12 шишиња хемотерапија на една артерија, ќе му пукне артеријата. Прават грешки само што нема кој да ги гледа тие грешки.“

На незадоволство му нема крај, голем дел од луѓето што ги сретнавме имаа по нешто да се пожалат. Некому му пречат долгите редови, на друг организацијата, некои се жалат од докторите, други од сестрите.

„Еве чекаме од 8 и пол до сега веќе 13 часот стана, а резултатите не ни се готови.“

„Само се зборува на телевизија, а реформи нема никакви, каде и да одиш само чекаш и нон-стоп е истата процедура.“

„Кога прашав што треба да си донесам за прием во болницата, ми рекоа имаме само чаршави. Мислам дека тоа кажува се.

„Услови слаби, еве имам закажано операција за денеска, чекам надвор во ходник да ме викнат, од 7 часот сум тука, мислам дека до 14 часот ќе ме викнат.“

Тие што ги анкетиравме велат дека се чуствуваат како да се дел од епизодите на Доктор Хаус, само во лоша режија и лоша сценографија.

„Сега ме праќаат на Инфективна, тие се чудат зашто ме пратиле кај нив, а не испратија итно од поликлиника. И ја се се чудам, не знам каде да одам, а веќе 5 дена лутам низ клиникава. Бадијале е зборување и матични лекари и специјалисти, еден со друг доктор се побиваат со своето мислење.“

Не е се така црно

Но не е се така лошо. Сепак има луѓе кои се задоволни од здравствениот систем во земјава.
Госпоѓата моја беше тешко болна, но тие доктори на Радиологија ми помогнаа многу, ми дадоа домашен телефонски број, ако ми треба и ноќе да им се јавам, тоа е еден хуман гест од докторот.
Анкетиран пациент.

„Многу е добро, услужливи се сите, не чуваат нас пациентите, не гледаат, услужливи се сите, немам на што да се пожалам.“

„Госпоѓата моја беше тешко болна, но тие доктори на Радиологија ми помогнаа многу, ми дадоа домашен телефонски број, ако ми треба и ноќе да им се јавам, тоа е еден хуман гест од докторот.“
Министерот за здравство Никола Тодоров во посета на битолската болница.
Министерот за здравство Никола Тодоров во посета на битолската болница.

За состојбата во здравствениот систем и за очекувањата на граѓаните се дебатира со години. Дека нешто не е како што треба во здравствениот систем, лично се увери и министерот за здравство Никола Тодоров. Својот мандат тој го започна со посета на болниците низ земјата. Казни, отпуштања, бркаше бубашваби, фаќаше на дело сестри кои пушат цигари, затвораше цели одделенија, делеше совети за вработување, за хигиена. Но, какво здравство виде министерот? Во интервјуто за Радио Слободна Европа, Тодоров објасни зошто долго време се оставени работите во статус кво ситуација.

Ако тргнете од една позиција која е во дупка 200 метри длабоко и дојдете до некои 100 метри, значи сте направиле сериозно поместување нагоре, но во никој случај не треба да бидете задоволни од тоа што го имате во моментот. Од тој аспект, доста работи се направени.
Никола Тодоров, министер за здравство.
„Видете, ако тргнете од една позиција која е во дупка 200 метри длабоко и дојдете до некои 100 метри, значи сте направиле сериозно поместување нагоре, но во никој случај не треба да бидете задоволни од тоа што го имате во моментот. Од тој аспект, доста работи се направени, тргнавме од позиција во која имавме прилично стара и дотраена опрема и набавивме опрема во вредност од 100 милиони евра, во најголем дел е доставена и одлично се користи. Затоа велам дека посебно во здравството не можеме да кажеме дека сме го достигнале врвот, но многу лесно може да се стигне дното. Имајќи предвид од каде тргнавме, јас сум задоволен сега, но никако не сум задоволен од нивото и затоа тргнав на тој начин за да се обидам да променам некои работи.“

Опозицијата критикува - Нема реформи, само пропаганда

Од друга страна, поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец вели дека денеска нема реформи во здравството туку само пропагандистички мерки и продолжение на агонијата. Тој додава дека прошетките на министерот се само пропаганда за народот кој треба да поверува во реформите. Народот има добра меморија, вели тој.
Еве денеска на пример во одредени установи вие не можете ни асистент за Медицински факултет да изберете, затоа што се примени луѓе кои не можат да ги исполнат тие критериуми и услови. Работата е падната врз одреден број на луѓе, кои се уште функционираат, другиот голем дел се луѓе околу 500 луѓе, што заминале в пензија, што заминале во приватни здравствени установи и вие добивате едно обезличување на она што би требало да биде врвот на македонското здравство.
Ѓорѓи Оровчанец, поранешен министер за здравство.

„Ние запаѓаме во еден популизам кој е континуиран. До пред 6 месеци во државава зборувавме дека реформите се завршени и дека здравството е одлично решено. Денеска ист министер од истата влада зборува дека здравството е во застој и во криза. Тогаш треба да се прашаме кога не лажеа, пред изборите или сега!? Најверојатно континуирано не лажат, а веројатно и не знаат што прават затоа што немаат професионален однос кон здравството.“

Главната слабост во здравството е тоа што пациентите веќе не се лекуваат адекватно, има голем број установи кои имаат недоволно квалитетен кадар, додека голем дел од вработените се примени по партиска линија, додава Оровчанец.

„Луѓе кои што, еве денеска на пример во одредени установи вие не можете ни асистент за Медицински факултет да изберете, затоа што се примени луѓе кои не можат да ги исполнат тие критериуми и услови. Работата е падната врз одреден број на луѓе, кои се уште функционираат, другиот голем дел се луѓе околу 500 луѓе, што заминале в пензија, што заминале во приватни здравствени установи и вие добивате едно обезличување на она што би требало да биде врвот на македонското здравство.“

Од друга страна, Оровчанец вели дека покрај ниските плати и намалувањето на квалитетниот кадар, во здравствените институции проблем претставува и новиот принцип на казнување. Тодоров, пак, токму во тоа гледа нов начин за да се стават работите во ред.

„Оваа ситуација со поднесувањето на кривична пријава против непознат сторител, најмногу што сакав да постигнам е да го тргнам стравот од здравствените работници. Затоа што ние постојано бевме сведоци на закани кон здравствените работници дека тој и тој лекар направил лекарска грешка. Извинете, ама лекарска грешка во Македонија години наназад е кривично дело. И јас реков, ако е така, тогаш јас ќе поднесам пријава против непознат сторител за да утврдиме дали тој човек за којшто вие тврдите дека е криминалец навистина сторил кривично дело. Ако сторил ќе си одговора, меѓутоа ако не сторил треба да се замисли оној којшто го набедил.“

За тие пари - толку?

Основачот на здравстената мрежа „Хелт Груп“ и поранешен заменик-министер за здравство Владимир Лазаревик се согласува со констатацијата дека проблемите во здравството се долгогодишни и дека досега се направени напори и обиди да се смени состојбата, но очигледно е дека сите влади досега континуирано се соочуваат со неуспех. Тој додава дека независно кој го води здравствениот сектор и која влада е на власт, проблемот секогаш е во парите.

„Поентата е дека нема доволно пари во здравството. На сметка на парите за здравството, да речеме како што трошоците во здравството непропорционално се зголемуваат со стандардот за живеење. Да речеме дека луѓето имаат секаде, не само во Македонија, поголеми очекувања и поголема потреба од она што треба да го понуди здравствениот систем, отколку што може државата да го финансира.“

Тој предлага и нов начин на решавање на проблемите, а тоа е еден вид на приватизирање на менаџментот на државните клиники, односно болницата да остане во државна сопственост, а менаџментот и начинот на кој работи да биде приватен и да се води на сличен принцип на којшто работат приватните болници.

„Не е работа на министер да оди од болница до болница и да констатира или да отвора или затвора одделенија. Тоа е работа на самата болница, тоа е работа на испекторските служби коишто треба да констатираат дали требало воопшто да се отвори такво одделение кое што не ги исполнува условите. Се додека ние не се мрднеме од таа улога да министерот ја креира политиката, а на да менаџира со директорите на болниците, се додека директорите не се занимаваат со тоа што им е приоритетна работа и за тоа да имаат и услови да можат да го реализираат во пракса, ние ќе се соочуваме со проблеми“, заклучува Лазаревик.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG