Партизираноста не му е туѓа на Македонецот од времето на комунизмот, вели министерот за здравство како да станува збор за застарена општествена традиција која се повеќе се искоренува. Сепак, вели дека жестоко ќе се бори партиската книшка да не одлучува при вработувањата на медицинскиот персонал а квалитетот ќе го постави над се и при поставувањето на управителите на клиниките.
„Особено мене ми е битно ова да го нема во здравството, особено не при вработување на доктори, медицински помошен кадар итн. Во делот на тоа кој ќе управува со здравствените установи може да биде политички многу активен и високо рангиран, а лошо да управува со здравствената установа така што тогаш кој сака нека е од моја страна ќе биде променет“, изјави минстерот за здравство Никола Тодоров во интервју за радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела.
На ова, вработените во државното здравство одговараат, да видиме департизација оти до сега не сме ја виделе како ни какво и да е друго влијание освен партиското при функционирањето на јавното здравство во сите сегменти. Тоа, пак, предизвикува сериозни импликации врз квалитетот на здравствените услуги кои ги добива пациентот.
„Со назначување на партиски, коишто најчесто се и некадарни кадри, на управни или на стручни уште полошо, професионални места во здравството, произведува отстапување од светски востановените начини на лекување така што во крајна линија последната импликација е по пациентот“, вели претседателот на синдикатот на Клиничкиот центар, Дејан Ставриќ.
Партизираноста создава реваншизам, се деградираат добри лекари, се унапредуваат полоши, а во голема мерка постои и мобинг, додава првиот синдикалец на највисоката медицинска установа во земјава.
Под ваквиот приотисок и во вакви услови врвни лекари го напуштаат државното здравство, вели Владо Лазаревик, експерт за јавно здравство. Но за ваквата сосотојба во земјава и покрај сите декларативни изјави, не гледа брзо решение.
„Се додека не се направи вистински систем на автономија на државните болници тие да бидат раководиени по принципот на коишто функционира приватниот здравствен систем, денеска не сме во таква ситуација бидејќи болниците се централизирани и на некој начин се раководени од министерството за здравство и од фондот и тоа што се случува на некој начин е последица на тоа како се управува со здравствените установи“, вели Лазаревик.

Особено мене ми е битно ова да го нема во здравството, особено не при вработување на доктори, медицински помошен кадар итн. Во делот на тоа кој ќе управува со здравствените установи може да биде политички многу активен и високо рангиран, а лошо да управува со здравствената установа така што тогаш кој сака нека е од моја страна ќе биде променет.
Никола Тодоров, министер за здравство.