Достапни линкови

Волонтерите остареа чекајќи вработување


Министерот за здравство Никола Тодоров во посета на битолската болница.
Министерот за здравство Никола Тодоров во посета на битолската болница.

Стотина волонтери со години, а некои од нив и по 15 години чекаат вработување. Министерството за здраство нема конкретно решение за нив.

Министерот за здравство Никола Тодоров не понуди конкретно решение за над стотина волонтери кои со години, некои дури по 15, се работно ангажирани во болницата, а се уште не се вработени. Иако обавуваат работа како вработните, не им се плаќа стаж, а месечно земаат надомест од 4500 денари. Тие не сакаат јавно да зборуваат плашејќи се да не останат и без овој ангажман, кој не им носи заработувачка, но им ја подгрева надежта дека еден ден ќе се вработат. Се жалат нивните роднини.
Имам внука волонтира во клиничката болница во Битола, ова и е десетта година. Зема 4.000 денари, а има две малолетни деца. Дали таа жена може да опстане со семејството, да плати сметки, да купи храна, облека за децата и да ги сноси трошоците од училиштето.
.

„Имам внука волонтира во клиничката болница во Битола, ова и е десетта година. Зема 4.000 денари, а има две малолетни деца. Дали таа жена може да опстане со семејството, да плати сметки, да купи храна, облека за децата и да ги сноси трошоците од училиштето“, вели една битолчанка.

Со волонтерите болницата си го надополнува недостатокот на кадри, се ставаат на одговорни места лекари, инструметарки во операциони сали, медицински сестри, акушерки, а при тоа не им е пријавен ниту еден ден работен стаж, констатира заменик народниот правобранител, Лилјана Илиевска.
Дел од персоналот во болницата во Битола и министерот Тодоров.
Дел од персоналот во болницата во Битола и министерот Тодоров.

„Волонтерите работат и во ноќни смени, вршат дежурства во недели и празници, без присуство на вработен медицински персонал. Констатиравме со докази дека дежурствата на волонтерите се евидентираат на име на друг вработен, кој за време на дежурството не е присутен на работното место. На негова добра волја останува дали надоместокот за дежурството ќе им го исплати на волонтерот. На таков начин вработениот, за сметка на волонтерот остварува поголеми права од работен однос и од пензиското осигурување“, вели Илиевска.

Според неа, на овој начин грубо се крши Законот за волонтерство за што следуваат казни до 2000 евра. Министерот Тодоров, пак, изјави дека за волонтерите ќе се бара некое системско решение.

„Веќе за Битола се обидуваме да најдеме решение кое на краток рок ќе донесат одредени подобрувања ососбено во делот на зајакнување на медицинскиот кадар“, рече Тодоров.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG