Службата за итна медицинска помош се снабди со две нови современи возила, со што квалитетот на здравствената заштита ќе биде значително подобрен, зашто досега службата располагаше само со 4 амортизирани автомобили, кои се користени повеќе од 15 години и се расипуваат речиси постојано. Пациентите во Скопје во итни случаи се транспортираат со комби, а за непристапните терени има Лада Нива.
„Имајќи предвид дека од Прилеп до најоддалечените села има 60 до 70 километри и не е секаде асфалт, така е макадам и калдрма, така што е многу битно возилото да е исправно со цел да се стигне навреме. Но, со вакви служби, кои може во секој момент да стигнат во секое време на секое место, современата медицина можеме да му ја доближиме и на оној најоддалечен жител на Република Македонија и во најоддалеченото село може да ги почувствуваат придобивките на современото здравство“, вели д-р Гоце Јонзоски, началник на службата за итна медицинска помош од Прилеп.
Тој додава дека за потребите на службата неопходно е да се набават барем уште две нови возила, едно комби и ново теренско возило. Новите возила се набавени со средства од Здравствениот дом во чии рамки функционира службата, а за решавање на проблемот со возниот парк се бара помош од ресорното министерство.
„Тендерот треба да е при крај, ние во Прилеп треба да добиеме нови возила снабдени со сите апарати модерни, меѓу другото и ЏПС и ќе влезат во новата Програма која ја работи Министерството за здравство за обединување на сите итни помоши во Македонија во една целина“, вели д-р Иван Танески, директор на прилепскиот Здравствен дом.
Во службата работат 12 доктори и 16 медицински сестри. Но, според стручните процени на надлежните, за да се пружи квалитетна здравствена заштита на пациентите, неопходно е да се вработат уште четворица доктори по општа медицина, па да се формираат вкупно 16 тимови кои ќе бидат постојано мобилни.
„Ќе имаме уште четири согласности за вработување на доктори во итната медицинска помош, имајќи предвид дека имаме обврска да ги зајакнеме овие служби за итна медицинска помош, една од општините во кои ова ќе се направи е и Општина Прилеп и Здравствениот дом во Прилеп“, изјави министерот Никола Тодоров при последната посета на прилепската болница.
Иако се вложуваат напори да се одржи во добра кондиција, сепак објектот во којшто е сместена службата е датира од 1920 година. Сите поправки не се доволни за да санираат проблемите на оваа стара зграда. Вработените се надеваат дека наскоро ќе се најде решение и оваа служба која што е од витално значење за граѓаните ќе биде сместена во нов, современ објект којшто ги исполнува потребните стандарди.
„Генералниот и деталниот план се подготвуваат токму за оваа локација овде, во еден заеднички проект значи на локалната самоуправа со Министерството за здравство, со кое сме во преговори, би обезбедиле еден нов простор, или евентуално во инфективното одделение со негова надградба, комплетна реконструкција, комплетно да биде преместена и брза помош во близина на болницата“, најави градоначалникот Марјан Ристески.
Службата за итна медицинска помош од Прилеп им пружа здравствена заштита на пациентите од Прилеп, околните села, Општините Долнени и Кривогаштани и сите населени места од општините Крушево и Македонски Брод, кои гравитираат кон Прилеп. Околу 130.000 граѓани чекаат на стручноста и професионалноста на екипите од оваа здравствена служба. Имајќи го предвид фактот дека и во доцни ноќи и во студени зими мора да се стигне до најоддалечените села во регионот, јасно е значењето на службата и бенефитот од секоја инвестиција.
Имајќи предвид дека од Прилеп до најоддалечените села има 60 до 70 километри и не е секаде асфалт, така е макадам и калдрма, така што е многу битно возилото да е исправно со цел да се стигне навреме. Но, со вакви служби, кои може во секој момент да стигнат во секое време на секое место, современата медицина можеме да му ја доближиме и на оној најоддалечен жител на Република Македонија и во најоддалеченото село може да ги почувствуваат придобивките на современото здравство.Гоце Јонзоски, началник на службата за итна медицинска помош од Прилеп.
„Имајќи предвид дека од Прилеп до најоддалечените села има 60 до 70 километри и не е секаде асфалт, така е макадам и калдрма, така што е многу битно возилото да е исправно со цел да се стигне навреме. Но, со вакви служби, кои може во секој момент да стигнат во секое време на секое место, современата медицина можеме да му ја доближиме и на оној најоддалечен жител на Република Македонија и во најоддалеченото село може да ги почувствуваат придобивките на современото здравство“, вели д-р Гоце Јонзоски, началник на службата за итна медицинска помош од Прилеп.
Тој додава дека за потребите на службата неопходно е да се набават барем уште две нови возила, едно комби и ново теренско возило. Новите возила се набавени со средства од Здравствениот дом во чии рамки функционира службата, а за решавање на проблемот со возниот парк се бара помош од ресорното министерство.
„Тендерот треба да е при крај, ние во Прилеп треба да добиеме нови возила снабдени со сите апарати модерни, меѓу другото и ЏПС и ќе влезат во новата Програма која ја работи Министерството за здравство за обединување на сите итни помоши во Македонија во една целина“, вели д-р Иван Танески, директор на прилепскиот Здравствен дом.
Ќе имаме уште четири согласности за вработување на доктори во итната медицинска помош, имајќи предвид дека имаме обврска да ги зајакнеме овие служби за итна медицинска помош, една од општините во кои ова ќе се направи е и Општина Прилеп и Здравствениот дом во Прилеп.Никола Тодоров, министер за здравство.