Достапни линкови

Замира туризмот во потпелистерското Ниже Поле


Селото и туристичката населба Ниже Поле оваа туристичка сезона се празни затоа што не работи ски-центарот, а имаат и инфраструктурни проблеми.

Инфраструктурните проблеми и неработењето на ски-центарот го попречуваат туристичкиот развој на подпелистерското село Ниже поле, кое до пред неколку години броеше и по 2.000 гости и скијачи преку викенд.
Овој проблем е од 80-тите години. На локацијата има подземни води, наместени се дренажи, потпорен ѕид, некои мрежи. Но, не се најде соодветен начин да се реши овој проблем.
Димче Мучуковски, претседател на месната заедница во Ниже поле.

Димче Мучуковски, претседател на месната заедница во Ниже поле се жали дека подземни води го лизгаат патот кој води до населбата.

„Овој проблем е од 80-тите години. На локацијата има подземни води, наместени се дренажи, потпорен ѕид, некои мрежи. Но, не се најде соодветен начин да се реши овој проблем. Пред еден месец фрлија тампон, но за месец дена ќе го снема, од водите, возилата.“
Ние како јавно претпријатие ја немаме таа дејност да ја обавуваме, а тоа е угостителство и туризам. Поради тоа ЈП „Стрежево“ не ги работи тие капацитети.
Љупчо Бошевски, јавно претпријатие „Стрежево“.

Селото и туристичката населба Ниже поле бројот околу педесетина хотели, мотели, апартмани и куќи за издавање кои оваа туристичка сезона претежно се празни.

„Голема опасност е покрај самиот пат минува кабел за електрична струја и за телекомуникации. Под тој потпорен ѕид има викендица. Со сето ова, а и со тоа што не работи центарот за скијање, селото има загуба“, додава Мучуковски.

Годинава за туристи е затворен зимско-летниот туристички центар Ниже поле со кого управуваше јавното претпријатие „Стрежево“. Директорт Љупчо Бошевски вели дека законите не им дозволуваат да се занимаваат со туризам, покрај со одржување на хидроакумулацијата и снабдувањето со техничска вода.

„Ние како јавно претпријатие ја немаме таа дејност да ја обавуваме, а тоа е угостителство и туризам. Поради тоа ЈП „Стрежево“ не ги работи тие капацитети. Правиме максимални напори да обезбедиме други форми за да проработат тие капацитети. Сметам дека во иднина тоа и ќе се направи“, вели Бошевски.

Со напуштањето на ски центарот, „Стрежево“ го затвори и одморалиштето со неколку десетици соби кои преку целата години примаа туристи. Вака, велат жителите на Ниже поле, згаснува туризмот во местото кое минатите децении претставуваше важна дестинација за рекреативците и другите туристи од Македонија, па и од Албанија и Грција.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG