Достапни линкови

Рурален туризам во струшко


Илустрација.
Илустрација.

Во струшките планински села Горна Белица и Вишни се развива рурален туризам. Првите гости се очекуваат на средината на месецов. Селата имаат што да понудат, проблем засега е лошата патна инфраструктура.

Повеќе од 200 викендици на бизнисмени, политичари, обични граѓани последниве неколку години никнаа во струшките планински села Горна Белица и Вишни. Недопрената природа, чистиот планински воздух овие места кои се наоѓаат на 1.500 метри надморска височина ги прават се попривлечни.
Направени се три пакети кои ќе им се нудат на туристите. Пакетите кои ќе се нудат се тематски за секое село и со нив се опфатени традиционалната храна, културно наследство и природни богатства. Може да се организраат еднодневни и дводневни тури.
Христијан Ковачевски, Здружение за рурален развој и заштита на животна средина Парумба од Струга.

Првиот впечаток од овде е како да се наоѓате на некој познат скијачки центар. Куќарките наликуваат како оние на Алпите, распрскани на сите страни, а во околината идеални стази за скијање, спорт и рекреација.

Христијан Ковачевски од здружението за рурален развој и заштита на животна средина Парумба од Струга вели оти Белица и Вишни ќе им бидат понудени на странските туристи кој во иднина ќе го посетуваат регионот на Охрид и Струга.
Христијан Ковачевски од здружението за рурален развој и заштита на животна средина Парумба од Струга
Христијан Ковачевски од здружението за рурален развој и заштита на животна средина Парумба од Струга

„Направени се три пакети кои ќе им се нудат на туристите. Пакетите кои ќе се нудат се тематски за секое село и со нив се опфатени традиционалната храна, културно наследство и природни богатства. Може да се организраат еднодневни и дводневни тури“, изјави Ковачевски.
За жал за таквите места заинтересирани се само специјализирани пешачки тури кои што доаѓаат за пешачка тура низ Македонија. Имаме многу села кои имаат голем потенцијал, а се уште не се доволно промовирани.
Елена Лотеска Наумоска, туристички водич.

Гостите ќе се сместуваат освен во викендиците и во стари дрвени куќи изградени пред стотина година што би ја направила необична посетата на овие места

„Планот е во овие планински села да се развива туризам од април до септември затоа што до Белица во другиот период од годината не е возможно да се стигне бидејќи има големи количини на снег“, рече Ковачевски.

За Елена Лотеска Наумоска, туристички водич, проблем е се уште лошата патна инфраструктура.
Владо Суклоски, Агенција за промоција и подршка на туризам.
Владо Суклоски, Агенција за промоција и подршка на туризам.

„За жал за таквите места заинтересирани се само специјализирани пешачки тури кои што доаѓаат за пешачка тура низ Македонија. Имаме многу села кои имаат голем потенцијал, а се уште не се доволно промовирани“, рече Лотеска Наумоска.

Но Климентина Кралеска која сега живее во Струга вели оти е подготвена на гостите на располагање да и ја стави сопствената викедница во Белица.

„Местото е многу убаво и сместено е на 1.600 метри надморска висина. Ги имаме сите услови. Имаме вода, струја. За здравјето е многу убаво“, рече Кралеска.

Владо Суклоски од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот вели оти од нивна страна веќе била изготвена програма за развој на руралниот туризам.

„Се испитуваат можностите, во кој сегмент може и како да им се помогне на жителите во овие села, во опремувањето на објектите, инфраструктурата и самата промоција, едукација на населението“, изјави Суклоски.

Првите гости овде ќе пристигнат во средината на овој месец. Во центарот на Белица се наоѓа и хотел кој години наназад е надвор од употреба.
XS
SM
MD
LG