Достапни линкови

Старите потпелистерски цркви се распаѓаат


Во многу лоша состојба се повеќето манастири и цркви во подпелистерксите и преспанските села, од кои дел се споменици на културата.

Покриви кои прокиснуваат, распукани ѕидови, нереставрирани фрескоживописи, неасфалтурани патишта, недостиг на придружни објекти и преноќувалишта. Ваква е состојбата кај повеќето манастири и цркви во подпелистерксите и преспанските села, од кои дел се споменици на културата. Додека се заговара рурален и манастирски туризам, жителите на селата велат дека на терен недостигаат услови за тоа.
Состојбата генерално е лоша, не е добра. Кај храмовите има на одредени места појава на пукнатини, има конструктурни проблеми, да не зборуваме за некаква неопходна инфраструктура. Нема лице да ги придружува посетителите при престојот. Во некои од храмовите ќе сретнета еден куп маси и столици кои им служат на верниците за време на храмовата слава.

Ристо Палигора, историчар на уметност.

Даме Трајковски од село Сливница вели дека патот до повеќето манастири е во лоша состојба бидејќи тој е асфалтиран уште одамна.

„Мораме да направиме нешто се со цел да не оставаме со тоа лош впечаток кај луѓето кои доаѓаат. Лошата инфраструктура да не ги оддалечи луѓето од сите тие убавини и фрескописите.“

Со ова се служуваат е екпертите. Историчарот на уметност Ристо Палигора со став:

„Состојбата генерално е лоша, не е добра. Кај храмовите има на одредени места појава на пукнатини, има конструктурни проблеми, да не зборуваме за некаква неопходна инфраструктура. Нема лице да ги придружува посетителите при престојот. Во некои од храмовите ќе сретнета еден куп маси и столици кои им служат на верниците за време на храмовата слава.“

Според Палигора, се работи за вистински aрхитектонсни бисери стари и по неколку века, на кои им е потребна континуирана грижа. Дел од населнието за да ги заштити само преземало градителски интерванции со што ги нагрдило.

„Ќе ја измалтарат црквата од надвор и тој автентичен опус се изгубил. Или ќе направат интервенции врз прозорците, ќе стават некоја алуминиумска дограма која не кореспондира со објектот стар сто, двесте или триста години.“

Сепак, има и цркви и манастири кои служат за пример реставрирани се, со алфалтирани патишта, конаци и трпезарии.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG