Достапни линкови

Црквите мета на крадци на икони


Крадци ги пустошат македонските цркви
Крадци ги пустошат македонските цркви

Движното национално богатство во македонските цркви и манастири, пред се икони и крстови, е се почеста мета на крадците.

Преспанско-пелагонискиот владика Петар признава дека веќе не се паметни што да преземат за да ги заштитат. Статистичките податоци покажуваат дека минатата година имало дури 17 кражби во охридско-струшко-дебарскиот регион, од каде крадците однеле 50 икони. Неодамна од демирхисарското село Железнец беа украдени 17 икони,
Веќе не сме паметни каде подобро можат да се заштитат овие наши вредности. По објектите има и аларм и камери и покрај сето тоа најсакпоцените икони успеал некој да
ги украде.
во гостиварско исчезнаа осум икони итн. Меѓу укадените има и многу вредни икони кои датираат од 12 и 13 век, па дури и од порано, вели владиката.

„Веќе не сме паметни каде подобро можат да се заштитат овие наши вредности. По објектите има и аларм и камери и покрај сето тоа најсакпоцените икони успеал некој да ги украде. Ако човек почне да ги заштитува и да каже еве тоа ни е богатството што го имаме, значи сте ги информирале арамиите. Најдобро решение е полицијата да воведи дежурни полицајци како порано, кои 24 часа на извесни реони ќе дежураат“, вели владиката Петар.

Над 50 икони се украдени во Охридско-струшко-дебарискиот регион

Со цел да се утврди со какво црквовно богатство располага преспанско-пелагониската епархија се прави евиденција на сите икони и други црковни експонати. Ваква постапка ќе биде или веќе се презема и низ другите епархии. Но, владиката Петар вели дека дел од македонското црковно богатство веќе неповратно исчезнало.

„Очигледно дека од Република Македонија се украдени огромни
Од Македонија се украдени огромни богатства. Мислам дека тоа е неповратно, богатство што ќе остане по приватни
колекции.
богатства. Мислам дека тоа е неповратно, богатство што ќе остане по приватни колекции, за жал зашто ако тоа беше во некои музеи барем ќе се знаеше дека е дојдено од Македонија. Но, кога останува во приватните колекции или она што се случува на носење наши артефакти во Грција или на други места, каде земаат големи пари за нашите соседи со зла намера, а не со добра намера да го прикажат тоа како нивно, а не како наше“, изјави г. Петар.

Освен што се крадат икони, проблем е и нивното одржување. Поради недостиг од средства и стручен кадар, дел од нив со децении не се реставрирани и конзервирани и се распаѓаат.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG