Достапни линкови

Вредни артефакти мета на дивите копачи


Остатоците од антички и средовековни градови во Пелагонискиот крај се уште се мета на диви копачи кои трагаат по вредни артефакти, а потоа ги продаваат во странство за високи суми.

Неистражените ридови околу Хераклеја, неолитското наоѓалиште кај Породин, локалитетот кај Црнобуки, Мариовскиот крај се локации кои ги пустошат овие неканети гости. Облечени како туристи, со замаскирани метални детектори ги прекопуваат селата и локалитетите, а најчесто трагаат по стари монети.
Фактички диви копачи е убав термин. Би требало да се наречат криминалци или по старо арамии. Црнобуки е стара населба која најверојатно има монети од 5, 6 или 7 век пред нашата ера и најверојатно тие трагаат по нив

,,Фактички диви копачи е убав термин. Би требало да се наречат криминалци или по старо арамии. Црнобуки е стара населба која најверојатно има монети од 5, 6 или 7 век пред нашата ера и најверојатно тие трагаат по нив. Катастрофата за нас е тоа што монетите се тие што подецидно го одредуваат периодот и кажуваат дали се исковани тука или пак надвор од границите на денешна Македонија, па кажуваат за врските на овие краеви со јужниот дел на Балканот, со Мала Азија и со Источните тогашни земји. Така да сето тоа едноставно исчезнува од историјата на нашиот народ. Тоа е голема катастрофа." вели археологот Гордана Филиповска-Лазаровска.


археолошко ископувалиште
Поголемиот дел од наоѓалиштата се незаштитени, па со тоа им се олеснува работата на дивите копачи. Според сознанијата од терен некогаш се оперира и на вечер, а некои носат и таканаречени стари карти со податоци на кои места има културно богатство. Дел од артефактите заминуваат за Грција, Бугарија, Франција и на други места, со тоа не само што им се губи трагот, туку се губи и нивното потекло, велат археолозите. Неодамна полицијата спроведе неколку акции и во домови на граѓани од Битола и други места запленни антички монети и други артефакти.

,,Тие направија неколку рации, успешни беа, имаше толку убави предмети кои ние на пример со овие ископувања од 2003 година имаме десет најдено, а таму имаше повеќе од 500. Можете да замислете какво е тоа богатство што се одлева."

вели Филиповска Лазаровска.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG