Во рамките на Програмата за презентирање на културното наследство на Република Македонија на ниво на Европа, но и овозможување на локалниот развој на одредени општини со ова наследство во регионот на Дебар и Река, започна реализацијата на пилот проектот што преку Министерството за култура е поддржан од Советот на Европа. Овој проект се спроведува во 9 земји на југоисточна Европа и има голема важност за севкупното претставување на Република Македонија. Пилот проектот ,,Културното и природното наследство во Дебар и Река" започна со изложбата на фотографии, но во наредните фази ќе се финасира одржувањето на културното и природното наследство .
,,Овој регион на Македонија е избран бидејќи има исклучително културно богатство. Целта е да се помогне и локалниот развој и да се создаде стратегија за искористување на културното и природното наследство, како економски и социјален ресурс, кој ќе придонесе за развојот на регионот. Во оваа фаза изложбата има цел да ги изнесе убавините, додека во другата фаза ќе следи дијагностицирање за да се предложи стратегија ,,.
Вели Снежана Герасимова–Матевска, национален кординатор на проектот.
Инаку овој проект има и меѓународна димензија, а тоа е заштита на културното наследство на Македонија како дел од Европското културно наследство, бидејќи Македонија е дел од Европа, се вели во образложението на Програмата. Покрај оваа цел, со пилот проектот се овозможува и локален регионален развој. Општините Дебар и Маврово Ростуше даваат силна поддршка на проектот и веруваат дека регионалната соработка во заштитата на културното и природното наследство е битна за развојот на двете општини.
,,Овој проект дава можности за да се развиеме како општини, тука пред се мислам на туризмот како основен двигател на двете општини односно регионот Дебар И Река."
оценува градоначалникот на општина Маврово Ростуше Мукрем Мехмеди. Слична е и оценката на дебарскиот градоначалник Аргетим Фида. Тој вели дека со проектот се вложува:
,,Нова енергија да се преставиме многу подобро во Европа, но исто така и да даваме заедничкаа понуда на овој мини регион за развој на туризмот."
Проектот во наредните фази предвидува бројни активности бидејќи во наведениот регион има дури 72 археолошки локалитети кои се значајни за Република Македонија.
Овој регион на Македонија е избран бидејќи има исклучително културно богатство. Целта е да се помогне и локалниот развој и да се создаде стратегија за искористување на културното и природното наследство
,,Овој регион на Македонија е избран бидејќи има исклучително културно богатство. Целта е да се помогне и локалниот развој и да се создаде стратегија за искористување на културното и природното наследство, како економски и социјален ресурс, кој ќе придонесе за развојот на регионот. Во оваа фаза изложбата има цел да ги изнесе убавините, додека во другата фаза ќе следи дијагностицирање за да се предложи стратегија ,,.
Вели Снежана Герасимова–Матевска, национален кординатор на проектот.
Инаку овој проект има и меѓународна димензија, а тоа е заштита на културното наследство на Македонија како дел од Европското културно наследство, бидејќи Македонија е дел од Европа, се вели во образложението на Програмата. Покрај оваа цел, со пилот проектот се овозможува и локален регионален развој. Општините Дебар и Маврово Ростуше даваат силна поддршка на проектот и веруваат дека регионалната соработка во заштитата на културното и природното наследство е битна за развојот на двете општини.
,,Овој проект дава можности за да се развиеме како општини, тука пред се мислам на туризмот како основен двигател на двете општини односно регионот Дебар И Река."
оценува градоначалникот на општина Маврово Ростуше Мукрем Мехмеди. Слична е и оценката на дебарскиот градоначалник Аргетим Фида. Тој вели дека со проектот се вложува:
Овој проект дава можности за да се развиеме како општини, тука пред се мислам на туризмот