Достапни линкови

Заштита на фреските во охридските цркви


Црквата Св. Богоридица Перивлепта во Охрид
Црквата Св. Богоридица Перивлепта во Охрид

Со експерти од УНЕСКО започнаа конзерваторско-реставраторските работи на фрескоживописот на црквата Св. Богоридица Перивлепта во Охрид.

Една од најубавите и најзначајни цркви во поширокиот охридски регион Света Богородица Перивлепта сместена на Охридскиот рид, од почетокот на месецов археолошки се истражува, по што ќе започнат и конзерваторско-реставраторските работи со што конечно треба да се заштити непроценливото културно богатство на овој манастирски комплекс, што под забот на времето со години се уништуваше и пропаѓаше. Реставраторските и истражувачки работи на оваа црква од 13 век, во светот позната по врвната византиска архитектура и фреските на мајсторите Михаил и Евтихиј, со кои на овие простори уште пред Италија започнала ренесансната уметност, се вршат со
Од страна на управата за заштита на културно наследство ангажирани се експерти од УНЕСКО, архитекти и козерватори за фрескоживопис, кои по втор пат доаѓаат во Охрид. Во консултација со нив, почнавме со потребните истражувачки работи на просторот.
грант од Американската амбасада во Македонија од 650 илјади долари, наменети за конзервација на архитектурата и фрескоживописот на црквата, на камбанаријата и манастирскиот конак.

„Од страна на управата за заштита на културно наследство ангажирани се експерти од УНЕСКО, архитекти и козерватори за фрескоживопис, кои по втор пат доаѓаат во Охрид. Во консултација со нив, почнавме со
Фрескоживописот во црквата ,,Света Богородица Перивлептос"
потребните истражувачки работи на просторот. Се изготви нова техничка документација за црквата, одново се изврши мерење со тотална станица, се изработи нова архитектонска документација, со основи, пресеци и фасади, а се изврши и комплетно скенирање на црквата, на нејзиниот екстериер и ентериер. Се изврши и фотограметриско снимање на живописот, кој се вметна во пресеците на црквата, а се вршеше и геомагнетно истражување со снимање на просторот. Врз основа на сето тоа, започнаа археолошките ископувања кои се уште траат“, вели архитектката Тања Паскали-Бунташеска, директорка на Заводот за заштита на спомениците и музеј Охрид.

Експертите од УНЕСКО во Охрид ги бараат причините за оштетување на фрескоживописот на црквата. Со проектот што ќе трае две години треба да се спречи натамошното пропаѓање на фрескоживописот и архитектурата на објектоткој ќе се конзервира и презентира пред јавноста.

Годинава во охридско се работи и на заштита на фрескоживописот на црквите: Света Богородица Захумска кај Трпејца, Сите Светии во Лешани, Свети Никола во Косел и Свети Константин и Елена во Охрид, како и на конзервација и ревитализација на Воска амамот и џамијата Хаџи Хамза и на други
Врз основа на сето тоа, започнаа археолошките ископувања кои сеуште траат.
заштитени објекти. Најновото археолошко откритие во центарот на Струга во локалитетот Климетица не може археолошки да се истражува додека не се добие дозвола од Управата за заштита на културното наследство и согласност од сопственикот, за што се води судски спор, а земјиштето со денационализација си го бара МПЦ.

„Беше вршен ископ за диво поставување билборд, при што беше извршено делумно обрушување на ѕид од постара градба. Бевме известени од група граѓани од Струга и по уводот од страна на комисија на нашата институција, отворивме една сонда на просторот и се утврди дека навистина се работи за остатоци од постара средновековна градба“, вели Паскали-Бунташеска.

Според неа, се уште не може со точност да се каже дали остатоците од средновековниот ѕид во Струга се од црква или друг профан објект, додека просторот не се доистражи. Дел од граѓаните на Струга веруваат дека тука била црквата Света Богородица, поради што имаат поставено параклис со икона во паркот, а на просторот од две илјади метри квадратни според ДУП на Струга треба да никнат комерцијално-станбени објекти. Годинава за заштита на културното наследство во охридскиот регион, Заводот и музеј од министерството за култура има добиено над 200 илјади евра.
XS
SM
MD
LG