Во нив се погребувале аристократите со посебни церемонии. Тие имаат посебна структура, ходник, преткомора и главна комора каде се погребувале покојните, потоа јами како саркофази и остави каде се чувале прилозите за покојниците кои биле кремирани.
Античките, кои се познати и како македонски или аристократски гробници, се типични за овој дел на Македонија, тие се доказ за постоењето на една култура на погребување во античко време. Иако имаат своја археолошка и културна вредност, тие ниту се заштитени, ниту се научно-истражувани.
„Некои се со ерозија уништени, некои се се уште компактни, но полно со ѓубре, запушени, запоставени... Сите се оставени сами на себе, значи без никаква заштита. Локалитетот Крклари во подножјето на Маркови Кули има 5-6 кои пропаѓаат од ерозија и се запоставени комплетно. А, мислам дека како објекти се атрактивни и за науката за проучување и за јавноста и еве за некаква туристичка посета да покажеме“, реагира Тренчо Димитриоски, прилепски публицист и новинар.
Во текот на својата истражувачка мисија во изминативе 15 години, Димитриоски открил 4 гробници: Визбата кај рудникот Кукул над Вештачкото езеро, самоуништената гробница ’Мечкина Дупка‘ во подножјето на Маркови Кули и две на локалитетот Марков Чардак кај Бело Поле. Најголеми оштетувања врз античките гробници направиле дивите копачи.
„Тие се интерес на оние поголеми играчи, со таа нелегална акгивност на барање на тоа културно наследство на таков нелегален начин. Тешката механизација оштети дел од тие гробници во атарот на село Горно Село“, вели Душко Темелкоски, виш кустос-археолог, во прилепскиот Завод и Музеј.
Тој сепак додава дека музејот подготвува проект за доистражување и заштита на гробниците, кој што ќе биде доставен до ресорното министерство следната година.
„Овие гробнци влезат во Програмата за доистражување, така да се исчистат, нивата внатрешност, нивната околина и секако во рамки на тоа побарување за таков проект да се реализира до Министерство за култура се планира истите да се заградат со што би се заштитиле“, потенцира Темелкоски.
Антички гробници има уште во атарот на Горно Село, Дупјачани и околу Златоврв во близина на античката населба ’Колобајс‘. Порепрезентативни се 3 гробници кај локалитетот Дибек, кај Суводол и гробницата Разбојна дупка кај Алданци. Аристократски гробници, но со различна градба и друг начин на користење во античко време, велат археолозите, имало и на југ од Македонија, во Тракија и Грција.

Некои се со ерозија уништени, некои се се уште компактни, но полно со ѓубре, запушени,запоставени. Сите се оставени сами на себе, значи без никаква заштита. Локалитетот Крклари во подножјето на Маркови Кули има 5 -6 кои пропаѓаат од ерозија и се запоставени комплетно.А, мислам дека како објекти се атрактивни и за науката за проучување и за јавноста и еве за некаква туристичка посета да покажеме.