Скромен раст на земјоделството се забележува во првите два квартали годинава, во услови кога се најавуваат повисоки субвенции за дејноста. Во вториот квартал растот се проценува на 2,5 проценти, а од друга страна се најавени премии од 115 милиони евра за земјоделците. Се покренува прашањето дали е оправдано да се даваат пари наменеити за зголемено производство ако растот, според еконономските стандарди е скромен?
Субвенциите се само еден сегмент кој влијае на земјоделското производство, вели претседателот на Асоцијацијата на земјоделски здруженија, Ефтим Шаклев.
„Мора сериозно да се погледне пошироко. Во последно време имаше многу случувања со негативно влијание на развојот на земјоделието. Како што знаете, светската економска криза, климатските промени, се поголемата конкуренција на пазарот што негативно влијаеше на земјоделството.“
Без субвенции ќе имаше намалување на производството, смета Шаклев.
„Средствата што се предвидени за рурален развој, резултатите од овие вложувања ќе дојдат подоцна, затоа што овие средства се наменети за купување основни средства и проширување на капацитетот на производство на земјоделски производи и резултатите ќе следуваат за извесен временски период.“
Дали решението лежи во зголемување на субвенциите? Меѓу другото, важно е и кога им се исплаќаат субвенциите на земјоделците, смета Андрија Секуловски од Федерацијата на Фармери.
„Најефективно би се искористиле овие средства, да се направи временска рамка, а земјоделецот точно да знае кога ќе ги добие на својата сметка тие пари за едната работа и тие треба секогаш да дојдат кога трошоците се најоптимални.“
Сепак, се чини дека претходно во пракса не секогаш се внимава на темпирањето на субвенциите. Секуловски ја објаснува потребата од добар тајминг со пример:
„Пример сега, на прагот на октомври е сеидбата. Значи, сега е потребно луѓето да ги добијат парите субвенциите за пченицата, каде што тие би искористиле за посадочен материјал сертифициран, би довеле добра прихрана. Значи, тоа е суштината, тие ќе ги добијат подоцна, ќе се разводнат и затоа нема голем ефект што земјоделците го гледаат.“
Овие средства се наменети за купување основни средства и проширување на капацитетот на производство на земјоделски производи и резултатите ќе следуваат за извесен временски период.Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделски здруженија.
Субвенциите се само еден сегмент кој влијае на земјоделското производство, вели претседателот на Асоцијацијата на земјоделски здруженија, Ефтим Шаклев.
„Мора сериозно да се погледне пошироко. Во последно време имаше многу случувања со негативно влијание на развојот на земјоделието. Како што знаете, светската економска криза, климатските промени, се поголемата конкуренција на пазарот што негативно влијаеше на земјоделството.“
Без субвенции ќе имаше намалување на производството, смета Шаклев.
„Средствата што се предвидени за рурален развој, резултатите од овие вложувања ќе дојдат подоцна, затоа што овие средства се наменети за купување основни средства и проширување на капацитетот на производство на земјоделски производи и резултатите ќе следуваат за извесен временски период.“
Дали решението лежи во зголемување на субвенциите? Меѓу другото, важно е и кога им се исплаќаат субвенциите на земјоделците, смета Андрија Секуловски од Федерацијата на Фармери.
Земјоделецот точно да знае кога ќе ги добие на својата сметка тие пари за едната работа и тие треба секогаш да дојдат кога трошоците се најоптимални.Андрија Секуловски, Федерација на Фармери.