Достапни линкови

Септември - кризен месец


Граѓаните и оваа есен ќе се снаоѓаат да преживеат и да се подготват за зимата. Најавите за поскапувања ги зголемуваат јадовите.

Трошоците за набавка на основните продукти се се поголеми, а ќесата на едно просечно семејство е се попразна. Особено по летниот период кога заштедата се потрошила на одморите. Како граѓаните ќе го преживеат
Добиваат по 600 денари субвенција за енергија. Потоа доколку редовно посетуваат настава добиваат субвенции по илјада денари за дете покрај бесплатните учебници.
септември, кога традиционално се подготвува зимница и огрев за зимскиот период, а и децата тргнуваат на училиште. Најавите дека ќе поскапат шеќерот и лебот само дополнително ќе удрат по џебот на граѓаните. Во изминатава година имаше раст и на цените на маслото за јадење, струјата, јајцата, сирењето и месото. Граѓаните велат дека ќе мора да го стегнат ременот, бидејќи ги очекува тешка есен.

„Многу тешко, 50 евра е кубик дрва. Има социјални случаи, како тие да преживеат? Што попрво да купат?“

„Ќе се стегнат луѓето, секоја година има се помалку, годинава уште помалку.“

„Таква е ситуацијата, мора да се прилагодуваме, ќе се откажеме од помалку важните работи.“

Душко Миновски од Mинистерството за труд и социјална политика вели дека владата има субвенции за сите категориите кои тешко доаѓаат до реазлизација на егзистенција по пат на работа. Министерството во континуитет има проекти и за најранливата група, социјалните случаеви, вели тој.

„Добиваат по 600 денари субвенција за енергија. Потоа доколку редовно посетуваат настава добиваат субвенции по илјада денари за дете покрај бесплатните учебници.“

Народна Кујна
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00


Миновски вели дека како што најави Владата ќе има и зголемување на пензиите, а сите граѓани кои се корисници на помош по било кој основ доколку имаат зголемени трошоци да се јават во центрите за социјална помош.

„Ако станува збор неплатени сметки, одредени лекарства, зголемени трошоци за училиште, онаа еднократна парична помош која согласно законот може да се додели во годината во зависност од случајот.“

Според последните податоци на Државниот завод за статистика во јули во однос на истиот месец во минатата година цените на мало бележат пораст од 4 насто, а трошоците за живот 3,8 проценти.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG