Достапни линкови

Се почесто бездомници во Охрид


Фатиме и Абас Дани, иако без покрив над главата не успеаја да добијат социјален стан.
Фатиме и Абас Дани, иако без покрив над главата не успеаја да добијат социјален стан.

Тешката економска ситуација го зголеми бројот на бездомници и питачи во Охрид.

Она што беше нетипично, несвојствено за Охрид станува се почеста слика во најголемиот туристички центар во државава, каде просјаците и бездомниците досега беа увозна појава во летната сезона. Граѓани кои живеат од социјална помош сега ги напуштаат досегашните домови и
Под ведро небо сме, завршивме надвор, под кирија четири месеци во еден, четири месеци во друг стан се селевме, живееме од социјално, ни сметки ни кирија не можеме да платиме. Тројца сме дома, никој не работи. Министерство за транспорт и врски не ни одобрија да земеме стан, ни напишаа преку суд да се жалиме, но ние немаме пари
за тоа.
живеат на улица, на отворено, во дворови на туѓи куќи, во ходници на згради, во центарот на Охрид, во фокусот на градскиот живот, без пари, удавени во сиромаштија, со мал социјален надомест, тие немаат кој да им помогне, немаат ни дом, ни адреса и не гледајќи излез ја молат државата и институциите за спас на нивните животи, да добијат достоинствен покрив над главата.

„Овде да се живее е многу тешко, бидејќи нема никаква хигиена, прво не е ни мое, објектот си има газди, второ детето ми е затвор, нема кој да ме издржава, а и болна сум, оперисана од кичма, не смеам да работам. Не можам повеќе да плаќам стан, ако не платиш кирија, одма те бркаат и морав да ги замолам соседите да се сместам тука, каде живеам со месеци. Спијам во тесен ходник, на под од мермер и кутии со постелнина, каде е целиот мој живот, кога треба да одам во тоалет, излегувам надвор, во клубовите што се отворени“, вели Снежана Наумовска, која живее во ходник на станбена зграда во Охрид.

Бездомници и питачи се почеста слика низ улиците на најголемиот туристички центар во земјата

Таа се уште чека одговор на повеќето жалби до министерствата и писма до владата и премиерот, откако била одбиена за добивање социјален стан.

„Под ведро небо сме, завршивме надвор, под кирија четири месеци во еден, четири месеци во друг стан се селевме, живееме од социјално, ни сметки ни кирија не можеме да платиме. Тројца сме дома, никој не работи. Министерство за транспорт и врски не ни одобрија да земеме стан, ни напишаа преку суд да се жалиме, но ние немаме пари за тоа, едвај ги направивме документите за станот. Ја молам владата да
Во Центарот за социјални работи во Охрид регистрирани се вкупно четири бездомни лица, од кои едно домаќинство го реши проблемот со добивање социјален стан.
преземе мерки како ранливи души и социјалци да ни помогнат со стан, било барака, било општинска куќа, и тоа што побргу, да излеземе од оваа криза од ова ведро небо, затоа што и ние сме гревота“, вели Фатиме Дани, која со сопругот Абас и синот немаат дом и едвај преживуваат од социјална помош.

Тие, како и Снежана, иако ги исполниле условите, немаа доволно поени за добивање станови за социјалци, за кои од 150 барања во Охрид, 71 беа прифатени, а сега во градот се гради втор објект со социјални станови.

„Во Центарот за социјални работи во Охрид регистрирани се вкупно четири бездомни лица, од кои едно домаќинство го реши проблемот со добивање социјален стан. За решавање на ваквите случаи кај лица кои би се нашле во таква положба, потребно е континуирана соработка меѓу локалната самоуправа и центарот, односно централната власт, за наоѓање некое решение со што би им се помогнало тие луѓе“, вели Билјана Наумоска од Охридскиот центар за социјални работи.

Според неа, недостасува системско решение за бескуќниците, кои секојдневно се побројни и пред себе гледајќи само темнина велат дека доколку државата или градот не им помогне, немаат мотив да живеат.
XS
SM
MD
LG