Деветгодишно момче со стара, искината облека, но со сјај во очите поради солзите кои секој момент може да протечат по неговото лице, со подадена рака упатена кон секој минувач, кон секој што седи во кафеанчињата на краткотрајна средба. Вака го минува секојдневието ова дете кое секое утро добива обврска од своите родители кои живеат во населбата Тризла во Прилеп. Вели дека има добри луѓе кои ставаат и повредни пари во неговите раце кои молат за милостина, но има и такви кои го бркаат и му викаат.
Ако е гладен, со првите пари оди да си купи геврек или кифла, но другитепари грижливо ги собира, ги става во џебовите, а пред да падне мрак брза да стигне дома, каде со нетрпение го чекаат неговите родители.
Додека тие ги пребројуваат парите, вели добива чинија со храна, а потоа изморено од долгиот и напоред ден, легнува во креветот.
Кога е лето може и добро да поспие, но во зима, студот го буди од сонот, и едвај чека да дојде утрото да замине пак во градот. Но, не само ова момченце, слична е судбината и на други малолетници кои питачат.
Од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп, тврдат дека имаат евиденција на граѓаните кои питачат.
„Во моментот во Центарот има евидентирано три возрасни лица, кои се среќаваат како питачи и десетина малолетни лица, кои исто така се среќаваат како питачи на улица“, вели Убавка Шипинкоска, психолог во Центарот.
Таа додава дека за овие лица се преземаат мерки за нивно соодветно згрижување.
„Центарот согласно со законот спрема овие лица презема мерки за помош и заштита спрема малолетните деца, а на полнолетните лица им понудува можност за користење на социјална помош. Регистрираните лица како питачи се корисници на социјална парична помош, а повремено кога Центарот е во можност интервенира и со еднократна парична помош“, изјави Шипинкоска.
Но, надлежните во прилепкиот центар одбиваат да соопштат детали за социјалната слика на овие граѓани. Дали имаат куќи или се бездомници, дали им е понудена работа на возрасните лица, дали и на друг начин им се помага на малолетниците кои питачат и дали се бара одговорност од нивните родители кои ги праќаат со питање да заработуваат за леб?
Додека малолетниците се среќаат низ сите прилепски кафулиња, секаде во старата чаршија, возрасните седат на плочникот во центарот на градот. Пред зградата на Бизнис центарот често може да се забележи една жена завиена со шамија, а пред Участокот возрасен човек кој што пред нозете ставил празна кутија за чевли, во која ги собира парите од добронамерниците.
Но, не само овие граѓани. Секаде низ градот, на влезовите во црквите, по куќите, особено во зградите секој ден многу возрасни луѓе питачат. Ѕвонат по становите сами или во придуржба на нивните деца, бараат пари, храна и облека. Поголем дел од нив се од ромска националност, но не е мал бројот и на Македонците, кои молат за пари, жалејќи се на својата тешка финансиска ситуација. Но, овие лица очигледно не се евидентирани во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа. Од дел граѓани тие добиваат некаква помош, но дел велат дека постојано се вознемирени и одбиваат да им дадат каква било помош.
Ако е гладен, со првите пари оди да си купи геврек или кифла, но другите
Во моментот во Центарот има евидентирано три возрасни лица, кои се среќаваат како питачи и десетина малолетни лица, кои исто така се среќаваат како питачи на улица.
Додека тие ги пребројуваат парите, вели добива чинија со храна, а потоа изморено од долгиот и напоред ден, легнува во креветот.
Кога е лето може и добро да поспие, но во зима, студот го буди од сонот, и едвај чека да дојде утрото да замине пак во градот. Но, не само ова момченце, слична е судбината и на други малолетници кои питачат.
Од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп, тврдат дека имаат евиденција на граѓаните кои питачат.
„Во моментот во Центарот има евидентирано три возрасни лица, кои се среќаваат како питачи и десетина малолетни лица, кои исто така се среќаваат како питачи на улица“
Центарот согласно со законот спрема овие лица презема мерки за помош и заштита спрема малолетните деца, а на полнолетните лица им понудува можност за користење на социјална помош.