За само неколку дена, граѓаните се соочија со повеќе ценовни удари. Прво поскапеа нафтените деривати, па лебот, па пак бензинот. Во меѓувреме повисока цена добија шеќерот и маслото, а постојат најави за нови поскапувања на одредени прехранбени производи. Како да се преживее најтешкиот месец во годината? Граѓаните, креваат раменици и отворено признаваат дека работат само за храна и плаќање сметки.
„Никако не издржуваме.“
„Помалку ќе трошиме, за да ги платиме сметките, тоа највеќе ќе не удри по џебот.“
„Може од нешто друго да се скрати, ама од храна не може да се скрати.“
„Мора да се скрати од нешто, примањата се фиксни.“
Иако е тешко да се крати од храната, дел од анкетираните велат дека на нивната трпеза поретко ќе има месо. Немаме избор, ќе се живее поскромно, велат тие.
„Да речеме по еден леб дневно, еднаш или два пати месо во неделата и тоа поскромно.“
„Воопшто месо не сме виделе. Не стигнува за месо, само леб.“
Повисоката цена на нафтените деривати ги револтира возачите. Дел од граѓаните признаваат дека повеќе ќе пешачат, но има и такви кои велат дека автомобилот ќе го користат исто како и досега, кога за тоа имаат потреба.
„Еве одам пешки.“
„Сите штедиме на некој начин, а плус тоа јас сум и во центарот на градот, па не правам многу километража.“
„Ако имаш потреба ќе возиш, ако не, нема да возиш.“
„Се вози само по потреба, ептен ако нешто треба.“
Од Министерството за труд и социјална политика ветуваат еднократна парична помош за социјално најзагрозената категорија луѓе, кои се најпогодени од ценовните шокови.
„Ако навистина се констатира дека семејството е во тешка состојба, потоа зголемена потреба за лекарства, се случило нешто, некоја непогода, поплава итн, тој вид на законска интервенција обезбедува амортизирање на состојбата на одредено семејство“, изјави Душко Миновски од Министерството за труд и социјална политика.
Од ресорното Министерство упатуваат апел до општините и приватните стопанственици и тие да се мобилизираат во насока на ублажување на егзистенцијалните проблеми на одредени семејства. Тие предлагаат организирање на хуманитарни акции и донации, со цел да им се помогне на овие луѓе.
Помалку ќе трошиме, за да ги платиме сметките, тоа највеќе ќе не удри по џебот.
„Никако не издржуваме.“
„Помалку ќе трошиме, за да ги платиме сметките, тоа највеќе ќе не удри по џебот.“
„Може од нешто друго да се скрати, ама од храна не може да се скрати.“
„Мора да се скрати од нешто, примањата се фиксни.“
Воопшто месо не сме виделе. Не стигнува за месо, само леб.
Иако е тешко да се крати од храната, дел од анкетираните велат дека на нивната трпеза поретко ќе има месо. Немаме избор, ќе се живее поскромно, велат тие.
„Да речеме по еден леб дневно, еднаш или два пати месо во неделата и тоа поскромно.“
„Воопшто месо не сме виделе. Не стигнува за месо, само леб.“
Повисоката цена на нафтените деривати ги револтира возачите. Дел од граѓаните признаваат дека повеќе ќе пешачат, но има и такви кои велат дека автомобилот ќе го користат исто како и досега, кога за тоа имаат потреба.
„Еве одам пешки.“
„Сите штедиме на некој начин, а плус тоа јас сум и во центарот на градот, па
Да речеме по еден леб дневно, еднаш или два пати месо во неделата и тоа поскромно.