Новиот бран поскапувања на основните продукти ќе влијае негативно врз рејтингот владата, но не и врз стабилноста, велат дел од експертите и опозицијата. Премиерот Никола Груевски изјави дека владата ја следи внимателно состојбата со поскапувањето на лебот и доколку има потреба ќе интервенира со мерки. Претседателот на сојузот на синдикати, Живко Митревски, вели дека веќе побарале од владата, доколку дојде до енормно поскапување да излезе со предлог мерки.
„Владата да интервенира со субвенционирање во делот на стоковните резерви за основните прехрамбени производи. Исто така, да имаме реална слика во делот на пресметките исто така бараме дополнување на пресметките при формирањето на цената на т.н. кошничка за четиричлено семејство“
Потпретседателото на СДСМ, Зоран Јовановски вели дека незадоволството на граѓаните и намалениот стандард предизвикан од поскапувањата ќе влијае негативно врз рејтингот на Владата.
„Она што за владата е најпогубно е тоа што граѓаните веќе не и веруваат кога зборува за економијата и кога дава нови ветувања. Меѓутоа, она што е уште поважно е дека не смее да се дозволи поскапувањата кои се случуваат и ќе се случуваат да доведат до психоза кога ќе доведе до инфлаторна спирала.“
Јовановски додава дека е потребно Владата и Народната Банка координирано да ги спречат натамошните поскапувања на сите производи и услуги. Професорот Алберт Муслиу вели дека социјалното незадоволоство ќе влијае врз политичката ситуација, но не во иста мерка како што влијае во другите земји од регионот.
„Тоа е нашата реалност, кај нас жалењето и реакциите се обично по кафани, дома и по комшии. Мислам дека граѓаните како последица на минатиот систем граѓаните не реагираат поагресивно.“
Во тој контекст Муслиу вели дека социјални немири како во Грција на пример, не може да се очекува. Тој додава дека едниствено може негативно да се рефлектира врз рејтингот на Владата не и врз најзината стабилноста.
„Кај нас нивото на политичка култура е пониско. Во секој случај реакциите на граѓаните и на другите засегнати кај нас се помали.“
Со септемврсикиот бран на поскапувања кој се очекува да стигне, според најцрното сценарио до 25 проценти, можноста која е се поизвесна, Македонија и годинава да не добие датум за преговори со Евроспаката унија според експертите наговестува тешка есен како за политичарите така и за граѓаните.
Владата да интервенира со субвенционирање во делот на стоковните резерви за основните прехрамбени производи. Исто така, да имаме реална слика во делот на пресметките исто така бараме дополнување на пресметките при формирањето на цената на т.н. кошничка за четиричлено семејство