Инфлаторниот тренд се должи на растот на цената на енергенсите и поскапувањата на прехрамбените производи, објаснуваат упатените. Професорот Зоран Ивановски вели дека инфлацијата подразбира поскапување:
,,Деталната анализа што ја направи Централната банка од аспект на макроекономските индикатори во Макеоднија, покажуваат дека државата може да се соочи со зголеување на цените, општо како зголемување на инфлацијата. Како резултат на зголеми цени на прехрамбените продукти, енергетика, трошоците за греење итн.“
Сето тоа неминовно ќе удри по џебот на граѓаните, додава професорот Ивановски.
,,Реално е да се очекува дека граѓаните на Макеоднија ќе го осетат тоа и на свој џеб или на својот стандард, во следните месеци. Јасно е дека и неповолните услови во светот, предизвикани од климатски промени, пожари, високи температури итн, кои директно имаат реперкусии врз производството на храна, ќе предизвикаат и директни последици на пазарот во Македонија.“
Првично Народната банка предвидуваше инфлација од еден процент. Сега проекциите се променети. Гувернерот Петар Гошев вели дека за разлика од априлските предвидувања, сега во септември и октомври инфлацијата може да достигне и два проценти. Причина за тоа се поскапувањеата на прехрамбените производи, зголемените трошоци за струја и греење како и сушите во странство.
Имајки го предвид стандардот на граѓаните и неофицијалните проценки дека 70 проценти од вработените земаат помалку од месечната просечна плата во земјава, се поставува прашањето дали инфлацијата може да се претвори во стагфлација – состојба при која, грубо кажано, има ниска побарувачка за скапи производи. Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека за сега постои само ризикот од инфлација:
,,Мислам дека постои ризик од инфлација затоа што производите постојано се поскапуваат и затоа мислам дека има ризик од инфлација.“
Инаку, според најпесимистичките прогнози, поради сушите во светот, цените на прехрамбените производи може да пораснат и до 25 проценти. При интерпретирањето на прогнозите, треба да се има и предвид дека Македонија е увозно зависна земја.

Реално е да се очекува дека граѓаните на Макеоднија ќе го осетат тоа и на свој џеб или на својот стандард во следните месеци ...