Достапни линкови

Казни за родителите на децата питачи


Ќе следуваат ригорозни мерки за родителите кои ќе одбијат нивните деца да бидат сместени во Дневни центри за деца од улица.

Доколку обидите на надлежните не вродат со плод, можно е на некои да им биде оземено и родителското право. Ова го најави министерот за труд и социјална политика, Џелал Бајрами при отворањето на Дневниот центар за деца од улица во Битола. Во овој град половина од родителите на децата питачи не потпишаа согласност тие да го посетуваат центарот. Некои од недоволна едуцираност, а други од финансиски причини.

„Доколку дојде до тоа да пак тие исти деца се јавуваат на улица тогаш да ги преземиме законските мерки. Јас не би сакал да дојдеме
Доколку во континуитет ни се јавуваат истите деца по обавувањето на развогорите со нивните родители, ќе бидеме приморани да постапиме на тој начин.
во ситуација некој од родителите да му го одземеме родителското право и неговото дете да го сместиме во некоја од установите. Но доколку во континуитет ни се јавуваат истите деца по обавувањето на развогорите со нивните родители, ќе бидеме приморани да постапиме на тој начин“, вели министерот Бајрами.

Од Центарот за социјални работи веќе ги евидентираа сите децата кои питачи низ градските улици.

Дете-бездомник ’дува лепак‘ на плоштадот Македонија во Скопје

„Од 67 деца кои мобилните тимови на Центарот за социјални работи ги евидентирале дека просат низ градот, 34 родители потпиша согласност нивните деца да го посетуваат центарот. Тоа се деца кои имаат изводи, но нивните родители не сакаат да ги пуштаат децата во дневниот центар“, изјави Виолета Гаџовска, директор на Центарот за социјани работи во Битола.

Во надминувањето на проблемот и јакнење на свеста вклучени се и ромските невладини организации.

„Најпрво треба да се земат изјави од родителите дали нивните деца треба или не треба да ги пуштаат во центарот. Кај одредени родители наидовме на недоразбирања, но се надеваме дека ние како ромски Информативен центар ќе изјадеме заеднико решение сите тие деца кои имаат лична уредна докуметација да можат да доаѓаат и да го поетуваат овој центар“, вели Семедин Канановски од Ромскиот информативен центар.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG