Како би го дефинирале моменталниот статус на Ромите во Македонија?
Ромското прашање во Република Македонија е исклучително важен момент, поради тоа што денес во земјата се има силна политичка можност да се артикулира гласот на Ромите и ромската ситуација да се постави како општествен глас и положба. Актуелниот живот на ромската заедница, во ромските населени места, се движи со еден забавен развој. Ние сеуште ги имаме гетоизираните места за живеење во локалните самоуправи, сеуште голем дел од ромското население нема вода и канализација, асфалти и сеуште голем дел од ромското население живее во мизерни, субстандардни живеалишта. Но, во исто време можам да истакнам дека Владата на РМ следејќи ја оваа тешка ситуација на Ромите во Макеоднија, уште во 2009 година почна да ја отвора вртата на владиниот буџет, тоа значи дека уште во 2009 година во однос на Декадата на Ромите, имавме буџет околу 25,5 милиони денари и тие беа реализирани во областа на министерството за труд и политика, во областа на министерството за образование и наука, здравство, и во министерството за култура.
Кога конечно ќе ги почувствуваме ефектите од Декадата на Ромите?
Веднаш на почетокот од мојот мандат јас заклучив дека огромната стратегија што беше во изминатите пет години, мора да се дефинира и ние направивме конкретни акциони планови, со конкретна временска рамка и буџетска стапка. Сметам дека ние навистина ќе бидеме продуктивни во подобрување на егзистенцијата на многу сиромашното ромско население, доколку и понатаму правиме многу посериозни фискални импликации, но тука мора да се каже дека Декадата на Ромите не е само обврска на Владата на РМ. Ние направивме некоку обиди, конференции, средби со амбасадорскиот кор и се обидуваме веќе две години да го привлечеме нивното внимание да и тие влегуваат во буџетските ставки, за да може да финансираат токму таму каде што е концентрирана програмата од Декадата на Ромите. Јас сеуште сум оптимист дека и меѓународната заедница ќе мора да ја финансира декадата и нејзината имплементација, обратно со оваа економска криза итн, не ќе може сами како Влада успешно да направиме силни чекори во имплементација на акционите планови од Декадата.
Во последно време актуелен беше проблемот со иселувањето на Ромите. Последно беше случајот со Франција, потег за кој што беше критикувана и од ЕП. Во тој контекст каква е судбината на Ромите бегалци кои што се во Македонија, кои што веќе 10 години живеаат тука?
Јас навистина многу жалам за модерната демократија во Франција, и на лулката на човековите права, една Франција со цивилизирана нација, многу жалам што ми остава впечаток дека Ромите кај нив се како една рициклажа, што се фрла во отпад. Француската влада, претседателот на Франција, прави една силна депортација на една ,,шака" народ што ме разочарува. Јас повторно сум многу убеден дека препораките на ЕК и многу други држави до владата на Франција, дека ќе го промени нејзиниот однос кон ромската заедница, тоа се коси со правото на европските граѓани кои имаат право било каде да се населуваат. Во однос на ова, мора да се види проблемот и од друга страна, дека европските модерни држави, особено Западен Балкан, мора да им понуди на таквата заедница една ресоцијализација, а не враќање на местата каде што живеат, покрај економските силни кризи.
Дали тоа се обидува да го направи Македонија со косовските бегалци?
Јас мислам дека Макеоднија доста успешно го направи, тоа можат да го видат како модел, многу посилните демократски држави кои ја афирмираат нивната демократија. Ние со бегалците Роми од Косово, веќе неколку години успешно се носиме и сметам дека тука правиме и доста успешна интеграција на Ромите во нашата држава.
Министре дали тоа значи дека Ромите бегалци кои што живеаат во тој Центар за поддршка, дека ќе останат во земјава, дека ќе добијат азил и дека нема да бидат депортирани на Косово?
Јас сметам дека неи како Влада изразуваме голема подготвеност за сите оние што сакаат да си интегрираат, и ги исполнуваат условите за азил, дека имаат слободен пристап дека можат да се интегрираат во нашето макеодноско општество и јас лично давам силни иницијативи и подршка за сите тие Роми кои што навистина сметаат дека неможат да се вратат на Косово. Тие 12 години веќе престојуваат во Макеоднија, нивните деца се образуваат на македонски јазик, го знаат макеоднскиот јазик, де факто и де јуре тие ќе мора да останат во нашата држава, а тоа ќе биде и еден добар пример дека нашето општество дека сме биле секогаш отворени за грижа кон одредени заедници со такви сериозни проблеми.
Во кои земји македонските Роми ги има најмногу и одржувате ли некаков контакт?
Јас како поранешен прв генерален секретар на ромскиот европски форум во Стразбур ги имам контактите со европските лидери, сериозно со двете ромски меѓународни организации и ние покажуваме силна грижа и имаме силна координација во однос на ромското прашање, наскоро ќе излезе и една глобална платформа за прашањето на Ромите во однос на пред се` користење на нивната најсилна моќ, а тоа е нивниот глас и нашата платформа ќе се повикува на општествена интеграција, тоа значи дека ќе треба да се промени односот на сожителите на Ромите, да се урнат сите предрасуди и за секогаш треба да престане ромофобијата во било кое општество.
Значи ли тоа дека и после пет години од Декадата на Ромите, сеуште би можеле да зборуваме за дискриминација на Ромите?
Дискриминацијата е многу сериозен проблем и стар третман во однос на ромската заедница. Ние сеуште се бориме, замислете во модерни држави, во однос на стереотипите и дискриминацијата кон ромската заедница. Ромите не се тие кои што сакаат да живеат на маргините на цивилизацијата, тоа се оние другите кои што ги тераат Ромите да живеаат во општествена нееднаквост. Ромското прашање не смее повеќе да се третира како прашање што не заслужува внимаение.
Колку како министер имате време да ги посетите луѓето што живеат во тие мизерни услови на живеење, да ги ислушате нивните проблеми?
Јас навистина го подржувам незадоволниот дух на Ромите, веќе подолго време сум присутен на ромската политичка сцена и ретко кој политичар од Ромите да може да се приближи повеќе или ромски НВО да можат повеќе да приближат кон ромските гетоизирани населби. Многумина ветуваме дека ќе ја промениме нивната положба, страшен е ромскиот живот и во Македонија, тие живеат најмизерно и јас сметам дека тука и како министер без ресор се обидувам да ја променам нивната мотивација со тоа што правиме практични и оперативни зафати. Јас тука во Влдата на РМ се грижам да доделиме средства концентрирани токму таму, буџетски средства за во соработка со локалната самоуправа да се постават канализации, вода, асфалтирани патишта, осветлување. Во моментот кога тоа ќе се направи и кога Македонија со силни финансиски апликации ќе продолжи да гради социјални домови, односно куќи за ромското населените онаму каде што живеат, во тој момент ќе ја вратиме довербата кон ромското население.