Деновиве беше промовирана првата генерација матуранти и дипломирани високошколци кои ги користеа меѓународните фондови за стипендирање на младите Роми. Новите поколенија на татковци и деца ја прифатија историската шанса за сопствена едукација како услов за етничко самоодржување.
„Трета и четврта година примавме стипендија. Сега планираме да добиеме стипендија и за прва година, значи да го продолжиме нашето образование и на факултет“, раскажува, Северан Сулејман, матурант кого го затекнавме во кругот на пријателите кои му честитаа завршување средно образование.
Прославата на матурирањето и дипломирањето беше и своевиден саем на ромските достигнувања. Некои од нив еуфорични, други радосни, трети со одговори на сигурност во пресрет на идните предизвици.
„Јас сум Елвис Мемети, дипломиран политиколог, во моментов на постдипломски студии за меѓународно право и политика.“
Сега тој е на постдипломски студии по меѓународно право и политики на државниот скопски универзитет .
„12 милиони Роми кои што живеат во регионот на Европа, поголемиот дел од Ромите во регионот се соочуваат со ситуација која што е помалку или повеќе слична во сите земји, а тоа е со еден збор на маргините на општеството.“
Образованието, вработувањето, здравство и домувањето се клучните области во кои ромската популација има најголеми проблеми. Декадата на ромите за Владата е приоритет на кој ќе се работи во наредните години затоа што треба да му се помогне на овој народ побрзо да се интегрира и оспособи за суровата битка на пазарот на труд.
„Како земја, исклучително напорно работиме за нивно целосно вклучување во општеството и од оваа т.н. маргинализирана група да направиме група што ќе биде нормално вклучена во општеството“, вели за Слободна Европа Никола Тодоров, министер за образование.
Секојдневната слика што може да се регистира низ скопските улици како млади ромчиња питачат и натаму е предупредувачка слика за нивната борба за гола егсистенција. За разлика од ваквото мрачно секојдневие, ретки се оние кои не се откажале во борбата за подобар и живот. Рамката за перспективата на образованите роми не е во рамковниот договор,вели Асмет елезовски од невладината организација за правата на Ромите.
„Ние немаме ниту 0,04% од планираните 2,5% вработени или можно вработување на Ромите.“
Според Елезовски сиромаштијата на родителите се уште ги принудува децата да останат дома и по цен да не звршат основно образование што сега е казниво дело.
Трета и четврта година примавме стипендија. Сега планираме да добиеме стипендија и за прва година, значи да го продолжиме нашето образование и на факултет.
„Трета и четврта година примавме стипендија. Сега планираме да добиеме стипендија и за прва година, значи да го продолжиме нашето образование и на факултет“, раскажува, Северан Сулејман, матурант кого го затекнавме во кругот на пријателите кои му честитаа завршување средно образование.
Прославата на матурирањето и дипломирањето беше и своевиден саем на ромските достигнувања. Некои од нив еуфорични, други радосни, трети со одговори на сигурност во пресрет на идните предизвици.
„Јас сум Елвис Мемети, дипломиран политиколог, во моментов на постдипломски студии за меѓународно право и политика.“
Сега тој е на постдипломски студии по меѓународно право и политики на државниот скопски универзитет .
„12 милиони Роми кои што живеат во регионот на Европа, поголемиот дел од Ромите во регионот се соочуваат со ситуација која што е помалку или повеќе слична во сите земји, а тоа е со еден збор на маргините на општеството.“
Образованието, вработувањето, здравство и домувањето се клучните области во кои ромската популација има најголеми проблеми. Декадата на ромите за Владата е приоритет на кој ќе се работи во наредните години затоа што треба да му се помогне на овој народ побрзо да се интегрира и оспособи за суровата битка на пазарот на труд.
Ние немаме ниту 0,04% од планираните 2,5% вработени или можно вработување на Ромите.