Достапни линкови

Декада на Ромите


Ромската заедница и натаму живее на маргините на општеството. Главен проблем се нерешеното прашање за домување, невклучувањето во редовниот образовен процес и здравствената заштита. Во Македонија, според Владата е направен прогрес, посебно во делот на вклучувањето на Ромите во образовниот процес.

Семејството Еминови веќе две години спие под отворено небо. 37-годишниот Аљуш Еминов вели дека во последниве неколку години општината неколку пати им ја руши куќата веќе затоа што немаат имотен лист. Еминов се жали дека државата не им дозволува на Ромите да се вклучат во општеството, како што вели ни една институција не му помогнала да го реши својот статус. Тој води судски спор за докажување на сопственост за земја каде што живее во последниве 20-тина години.
Значи нивните домови не се влезени во урбанистички план на самите општини и тогаш се појавува друг проблем, тогаш децата неможат да се регистрираат затоа што немаат постојано живеалиште, немаат адреса, а кога веќе имаме непријавени деца, тогаш имаме еден друг проблем, не одење во училиште, немање здравствена заштита, еден куп проблеми


„Значи јас со четири деца, од кои три одат на училиште, треба да си направам шатор и да земам под мост да живеам. Значи имајќи занает, завршено училиште, се занимавам со компјутери, телевизори и сега треба да бидат бездомник и да фатам Чичино село, Катланово или каде ќе ме праќаат да живеам.“

Еминов не е единствен кој се соочува со проблемот со домување. Директорката на невладината организација „Сумнал“ Фатма Бајрам вели дека најголем проблем за Ромите е живеењето во нелегализирани населби.

„Значи нивните домови не се влезени во урбанистички план на самите општини и тогаш се појавува друг проблем, тогаш децата неможат да се регистрираат затоа што немаат постојано живеалиште, немаат адреса, а кога веќе имаме непријавени деца, тогаш имаме еден друг проблем, не одење во училиште, немање здравствена заштита, еден куп проблеми.“

На половина од декадата на Ромите, Бајрам вели дека напредок е постигнат само во образованието, а како пример го посочи стипендирањето на над 600 ученици. Бајрам истакна дека ништо не е направено во здравството и во урбанизмот. Социологот Клара Илиева пак, вели дека се уште има пропусти во образованието на Ромите, деца од четврто одделение се уште на знаат да читаат.

„Навистина е потребно многу работа со децата и навистина сметам дека тука треба да бидат опфатени и родителите, не се децата виновни што дошле до четврто одделение и имаат таков проблем.“

Државата пак, вели дека Македонија преставува пример за регионот во спроведувањето на декадата за Ромите. Заменикот министер за труд и социјална политика, Спиро Ристовски вели дека интезивно се работи на вклучување на Ромите во редовните работни процеси.

„Во делот на спроведување на Декадата на Ромите, немаме некои позначајни проблеми. Основните проблеми сепак се однесуваат во најголем дел на вклучувањето на самите роми, во еден дел проблем претставува и сензибилизирањето на ромите и нивните семејства, во делот на сваќањето на потребата од вклучување на нивните деца во редовниот образовен систем.“

Ромите се уште немаат квалитетен живот, остануваат уште неколку години многу да се работи за да се подобри нивниот живот во Македонија сметаат од невладините организации.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG