Достапни линкови

Не се знае точната бројка на ромска популација?


Ромско население во Битола
Ромско население во Битола

Поради непоседување на документи тешко може со прецизност да се утврди бројот на ромската популација во Македонија, велат од Министерството за социјална политика. Ромскиот центар од Битола тврди дека во градот има повеќе роми отколку официјално заведените

Ромскиот информативен центар од Битола ќе спроведе нов неофицијален попис на ромското население во градот, затоа што не се сложува со статистичките податоци за неговата бројност добиени на пописот пред седум години. Според претседателот на Центарот Сенадин Канановски на терен има двојно повеќе роми од евидентираните:
Според пописот од 2002 година се 2594 со тоа што јас одговорно тврдам дека таа бројка не е валидна


,,Според пописот од 2002 година се 2594 со тоа што јас одговорно тврдам дека таа бројка не е валидна. Имаме само 800-тини корисници на социјална парична помош, ако ги помножиме со четири, а верувам дека не се четири туку се повеќе, но ајде да кажеме дека се четири, тоа се 3 200, а каде се вработените, пензионерите, незаведените лица? Значи реалната бројка во населбата Баир изнесува околу 6 000."

Според министерот за труд и социјална политика Џелал Барјами некомплетната евиденција на ромите се должи на нивната лоша материјална состојба и слаба едукација. Состојбата е слична и во останатите градови
Голем број од ромската популација не се снабдени со докуметни за евидентирање, како што се извод од матична книга на родени, лична карта, државјанство
во земјата, па Владата ќе се обиде преку соработка со повеќе министерства да го реши проблемот:

,,Голем број од ромската популација не се снабдени со докуметни за евидентирање, како што се извод од матична книга на родени, лична карта, државјанство итн. Тие сметаат дека немаат доволно средства за вадење документација. Ние сме во преговори со МВР да можеме да им излеземе во пресрет, пред се да се извади документација за да знаеме која е точната бројка на ромската популација во Македонија."

вели Бајрами. Вака не евидентирани тешко е целокупната детска популација да се опфати со образовниот систем и вакцинацијата.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG