Во меѓувреме евидентирани се 66 деца на возраст од 4 до 17 години кои питачат низ битолските улици, како и девет мајки со бебиња, претежно Роми.
,,Тешко е мажот ми е во затвор. Имам три дечиња, вадиме колку за млекото, лебот и памперсите. Не излажаја од социјалното ни рекоа ќе дојдиме со комбиња ќе ги земаме, но не дојдоа. И јас не сакам моите деца вака по улици да се. И јас сакам да се воспитани како другите деца да се."
се жали Агина Мерковска од Битола.
Центарот прво требаше да се отвори во градинка во населбата Стрелиште, но се побуни месното население. По ова се подготвуваа простории во Домот за доенчиња. Но, работата запна околу посебниот влез кој требаше да се изгради. Со месеци се чека да се подготви документацијата и да почнат градежните работи.
,,Во моментот се подготвува потребната документација од урбанистички аспект за да се направи пристап. Убеден сум дека ова лето би требало да заврши целата потребна техничка документација." вели градоначалникот Владимир Талески.
Според министерот без ресор Неждет Мустафа задолжен за Декадата на Ромите, за проблемот се разговарало и на Влада.
,,Министерството за труд и социјална политика зазема практичен став, да им се помогне на сите деца кои се на улица. Мислам дека за скоро време ќе заземат многу сериозен став за да можат тие деца да се превземат. Тоа е голем проблем и за ромската заедница и за градот, оптеретување. Навистина би сакал да се уверам дека Министерството за труд и социјална политика ќе ја реализира обврската заземена во Владата." изјави Мустафа.
Од Министерството велат дека центарот за скоро ќе биде отворен. Во него ќе се згрижат 30 деца во приод од 8 до 16 часот, ќе добиваат оброци и ќе се работи на нивно воспитување.
Во моментот се подготвува потребната документација од урбанистички аспект за да се направи пристап. Убеден сум дека ова лето би требало да заврши целата потребна техничка документација