Достапни линкови

Викендици, мета на крадци


Во месноста Заполшки Мост во прилепскиот регион, викендиците континуирано повеќе месеци се мета на крадци. Сопствениците се жалат на големи штети.

Прилепчанецот Трајче Димоски трпи големи штети, зашто непознати крадци неколку пати провалуваат во неговата викенд-куќа, што се наоѓа во близина на Заполшки Мост, на излезот од Прилеп кон Скопје. Димоски тука доаѓа да работи. Има своја градина и така ја обезбедува својата егзистенија. Во викенд куќата, има мотокултиватор и други алати и опрема кои му се постојано потребни. Но, во последно време поради се почестите кражби на неговата викендичка, тој останал без голем дел од опремата.
Досега никој не зема во обзир, четврт пат ја кршат, првин почнаа од бандерите, извадени се, каблите се извадени, саатот, прскалици...


„Досега никој не зема во обзир, четврт пат ја кршат, првин почнаа од бандерите, извадени се, каблите се извадени, саатот, прскалици...“

Мета на крадците била и викендичката на Љубен Шошески. Тој се сомнева дека станува збор за организирана група, која оперира на теренот, со намера да краде предмети од бакар или друг метал.

„Повеќе пати се провалува, обично се кинат жиците од бандера до викендичка, така што не ќе може да бркаат работите без струја. Исто така и во другата викендичка е провалено.“

Илустрација: Мариовско

Кражбите зачестиле од април годинава, но последниот месец речиси и да нема ноќ, а да не е некој објект искршен, да не се турнати бандери или скинати жици. Арамиите бараат да соберат се што е бакарно и што може да го продадат кај откупувачите на
Полицијата таа работа треба да си ја среди, не може за толку мал период, за отприлика 30 дена, цела Маркова Чешма да се опљачка.
старо железо. Сопствениците на овие објекти во населбата кај Заполшки Мост велат дека трпат штети од минимум 200 па до 2000 евра, секој одделно. Како што велат по пријавата,полицијата врши увид, но не се преземаат опсежни мерки за да се откријат крадците и да се спречат во нивните натамошни намери, да го уништат целосно нивиот имот и печалба.

„Се бара една поголема ангажираност да се рече на полицијата.“

„Полицијата таа работа треба да си ја среди, не може за толку мал период, за отприлика 30 дена, цела Маркова Чешма да се опљачка“, велат Шошески и Ристо Златанов.

Сопствениците на викендичките се подготвени и во соработка со полицијата да ноќеваат во објектите и да ги откријат крадците. Во спротивно велат ќе се чувствуваат незаштитени, а тоа може да предизвика и поголеми инциденти,зашто ќе бидат принуени да го штитат сами својот имот. Наспроти овие реакции и жалби на граѓаните, од СВР-Битола соопштуваат дека прилепската полиција редовно патролира на теренот и дека континуирано се откриваат и приведуваат крадци на метал.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG