Достапни линкови

Битолска гинекологија со стара опрема


Медицинскиот центар во Битола
Медицинскиот центар во Битола

Гинеколошко-акушерското одделение во Битола има полни раце работа, но работи со застарена опрема.

Слабости во однос на опременоста констатирла и Комисијата за стручен надзор која по барање на Министерството за здравство пред два месеца направила увид на одделението. Во изготвениот записник се наведени забелешки со барање да бидат надмината што е можно поскоро.
Во главно забелешките во овој извештај се однесуваа на техничката опрема- инструментариумот, кои се во незавидна ситуација. Имаме само два ултразвучни апарати, од кои едниот моментално е расипан, а другиот е со старост од 15 години со слаби перформанси


,,Во главно забелешките во овој извештај се однесуваа на техничката опрема- инструментариумот, кои се во незавидна ситуација. Имаме само два ултразвучни апарати, од кои едниот моментално е расипан, а другиот е со старост од 15 години со слаби перформанси. Заслужуваме посовремени породилни сали, техничка опрема, инструментариум, заслужуваме во едни подобри страндарди да се опремени и болничките соби, зашто пацинетите на тој начин би имале попријатен престој во болницата и поосоодветен третман.“ вели Николина Ристевска, гинеколог и стручен раководител во битолската болница.

И покрај работата во вакви услови, на ова одделение годинава на свет се донесле 1100 бебиња, што е многу повеќе во однос на истиот период од лани кога се случиле 836 породувања. Бројката на вакви интервенции пораснала зашто неколку месеци услугите на битолските гинеколози ги користеле и родилки од Прилеп, додека родилиштето во прилепската болница било затворено. Од 1100 породувања 200 биле од Прилеп, 30 од Ресен, уште толку од Демир Хисар и десетина од Крушево. Услугите покрај за битолчанки се наудат и за другите жени од регионот, а во болницата се уште доаѓаат пациентки од Прилеп.

,,Се надеваме дека врз основа на она што ќе го прикажеме како бројки и прегледи 3500 во амбуланта за овие месеци, раѓања 1100, операции 500 ќе доведат до тоа да се направи нешто за нашиот инструментариум и техничка опрема.“ додава доктор Ристевска.

По инвестицијата во болницата во Чаир од 2 милиона евра за обнова на акушерското одделение, постојат надежи дека битолското ќе биде едно од следните каде ќе се подобрат условите за работа и престој.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG