Состојбата во јавното здравство во Куманово не е ни малку розова и не се разликува од севкупната во државава. Медицинскиот персонал не е задоволен од платите и условите за работа, поради што се повеќе заминуваат во приватен сектор. Пациентите, како кој!
Задоволни ли сте од јавното здравство?
„За сега е добро. Би требало да биде и подобро, но не е добро што парите се одлеваат во приватното. Треба повеќе да се инвестира во јавното здравство.“
„Не сум задоволен. Нашето јавно здравство пропаѓа,а приватното напредува. Не е во ред тоа.Јас сум пензионер,сум плаќал за бесплатно лекување, а сега не можам тоа да го користам.“
Оние кои никогаш немале потреба од здравствена помош велат:
„До сега не сум имал потреба. Не сум патилец. Добро е.“
Меѓутоа други имаат поинакви ставови:
„Не сум задоволен. Нема лекови во аптеките. Во болницата има мито и корупција. Се уште!“
Директорот во Општата болница во Куманово Ариф Латифи вели дека се соочуваат со проблеми од недостаток на медицински персонал, но смета дека пациентите се позадоволни од порано.
„Имаме пофалби од нашите пациенти.“
Тој додава дека обемот на работата на кумановската болница е голем зашто се опслужуваат пациенти не само од Куманово, туку и од Липково и Старо Нагоричане, како и од Кратово и Крива Паланка.
„Ди Ер Џи, функционира. Пациентите се задоволни. Проблем е што лекарите ни одат. За една година деветмина лекари заминаа. Немаме кадар, немаме специјалисти. Минимум уште 20 лекари ни се потребни, а немаме нови вработувања. Во 2014 година уште 12 лекари ќе заминат во пензија. Болницата не може да функционира. Не може да организираме дежурства и работа во смени.“
Некои од болничките одделенија останале без специјалисти, а некои имаат само по еден или двајца.
„Немаме ортопед во болницата, имаме само еден психијатар, еден уролог, 4 педијатри, 6 интернисти, а за ваква болница тоа е малку“, вели Латифи.
Задоволни ли сте од јавното здравство?
Не сум задоволен. Нашето јавно здравство пропаѓа,а приватното напредува. Не е во ред тоа.Јас сум пензионер,сум плаќал за бесплатно лекување, а сега не можам тоа да го користам
„За сега е добро. Би требало да биде и подобро, но не е добро што парите се одлеваат во приватното. Треба повеќе да се инвестира во јавното здравство.“
„Не сум задоволен. Нашето јавно здравство пропаѓа,а приватното напредува. Не е во ред тоа.Јас сум пензионер,сум плаќал за бесплатно лекување, а сега не можам тоа да го користам.“
Оние кои никогаш немале потреба од здравствена помош велат:
„До сега не сум имал потреба. Не сум патилец. Добро е.“
Меѓутоа други имаат поинакви ставови:
„Не сум задоволен. Нема лекови во аптеките. Во болницата има мито и корупција. Се уште!“
Проблем е што лекарите ни одат. За една година деветмина лекари заминаа. Немаме кадар, немаме специјалисти. Минимум уште 20 лекари ни се потребни, а немаме нови вработувања