Не стивнуваат реакциите на докторите од Клиниката за ортопедија, по одлуката на владата да ги спои Клиниката за трауматологија, Клиниката за ортопедија, Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентниот ценар во нова јавна здравствена установа.
На денешната прес-конференција, ортопедот Тодор Ношпал рече дека ортопедите не се согласуваат со укинувањето на нивната клиника и формирање на нова здравствена установа составена од 4 клиники.
„Тоа за нас е апсолутно неприфатливо. Ние се согласуваме да бидеме дел од една Хируршка организација, во којашто ќе членува и Ортопедската клиника, но ќе влезе со своето име.“
Докторите од Клиниката за ортопедија добија подршка и од Македонската асоцијација за ортопедија и трауматогија. Претседателот на асоцијацијата, доктор Златко Темелковски соопштува дека на вонредното собрание заклучиле дека подржуваат формирање Републички траума центар и ги подржуваат реформите и рационализацијата во здравството.
„Интеграцијата на Ортопедската клиника во нова Универзитетска клиника за ортопедија и трауматологија, КАРИЛ и Ургентен центар сметаме дека не е во согласност со досегашната пракса на Ортопедската клиника, ниту со степенот на кадри кои работат во оваа институција. Сето ова може да генерира поголеми трошоци за лекување на пациентите и нема да го даде очекуваниот ефект.“
Претставници од Клиниката за ортопедија денеска се сретнале со заменик-министерот за здравство Владимир Поповски, за да му предочат зошто се против спојувањето на овие четири клиники.
Министерството за здравство соопшти дека заменик-министерот ги уверувал ортопедите дека со спојувањето на четирите клиники сите дејности и функции на поранешните Клиники остануваат да постојат.
„Не се доведува во прашање, ниту самостојноста на соодветните катедри на Медицинскиот факултет, со што се гарантира понатамошниот развој на научно-образовниот дел од функционирањето на секоја од медицинските области кои ќе ја сочинуваат новата клиника“, соопштува Министерството за здравство.
Заменик-министерот ги уверувал ортопедите дека ќе се заложи да им овозможи средба со министерот за здравство Бујар Османи и со премиерот Никола Груевски. Минатата недела, премиерот Никола Груевски рече дека не бега од средба со ортопедите, но оти не може да им вети дека нешто ќе се промени.
„За таа одлука претходно министерот за здравство спроведе широка консултација и беа консултирани многу експерти. Секогаш кога се прави некоја покрупна промена и во здравството и било каде има реакции.“
Доктор Тодор Ношпал реагира дека тие не биле консултирани.
„Министерот ќе го прашате кои се тие со кои се консултирал, ние не ги знаеме нивните имиња.“
Како дел од реформите во здравството, владата прво одлучи да го раздели клиничкиот центар на одделни клиники. Сега, пак, повторно спојува дел од клиниките во една здравствена установа.
Тоа за нас е апсолутно неприфатливо. Ние се согласуваме да бидеме дел од една Хируршка организација, во којашто ќе членува и Ортопедската клинија, но ќе влезе со своето име.
На денешната прес-конференција, ортопедот Тодор Ношпал рече дека ортопедите не се согласуваат со укинувањето на нивната клиника и формирање на нова здравствена установа составена од 4 клиники.
„Тоа за нас е апсолутно неприфатливо. Ние се согласуваме да бидеме дел од една Хируршка организација, во којашто ќе членува и Ортопедската клиника, но ќе влезе со своето име.“
Докторите од Клиниката за ортопедија добија подршка и од Македонската асоцијација за ортопедија и трауматогија. Претседателот на асоцијацијата, доктор Златко Темелковски соопштува дека на вонредното собрание заклучиле дека подржуваат формирање Републички траума центар и ги подржуваат реформите и рационализацијата во здравството.
„Интеграцијата на Ортопедската клиника во нова Универзитетска клиника за ортопедија и трауматологија, КАРИЛ и Ургентен центар сметаме дека не е во согласност со досегашната пракса на Ортопедската клиника, ниту со степенот на кадри кои работат во оваа институција. Сето ова може да генерира поголеми трошоци за лекување на пациентите и нема да го даде очекуваниот ефект.“
За таа одлука претходно министерот за здравство спроведе широка консултација и беа консултирани многу експерти. Секогаш кога се прави некоја покрупна промена и во здравството и било каде има реакции.
Претставници од Клиниката за ортопедија денеска се сретнале со заменик-министерот за здравство Владимир Поповски, за да му предочат зошто се против спојувањето на овие четири клиники.
Министерството за здравство соопшти дека заменик-министерот ги уверувал ортопедите дека со спојувањето на четирите клиники сите дејности и функции на поранешните Клиники остануваат да постојат.
„Не се доведува во прашање, ниту самостојноста на соодветните катедри на Медицинскиот факултет, со што се гарантира понатамошниот развој на научно-образовниот дел од функционирањето на секоја од медицинските области кои ќе ја сочинуваат новата клиника“, соопштува Министерството за здравство.
Заменик-министерот ги уверувал ортопедите дека ќе се заложи да им овозможи средба со министерот за здравство Бујар Османи и со премиерот Никола Груевски. Минатата недела, премиерот Никола Груевски рече дека не бега од средба со ортопедите, но оти не може да им вети дека нешто ќе се промени.
„За таа одлука претходно министерот за здравство спроведе широка консултација и беа консултирани многу експерти. Секогаш кога се прави некоја покрупна промена и во здравството и било каде има реакции.“
Министерот ќе го прашате кои се тие со кои се консултирал, ние не ги знаеме нивните имиња.